|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
МЦМС
Опис на работно место - соработник на проекти во ПРМ
Назив на работно место |
Соработник на проекти за програмата Поврзување на религиите во Македонија (ПРМ) |
Одговара пред |
Координатор на програмата |
Одговорен за |
- координатори во теолошките факултети (2) |
Локација на работното место |
Скопје МЦМС Тим за програма ПРМ |
Дефиниција/цел на работата |
Соработникот на проекти работи директно со корисниците за да ја промовира програмата, го организира и следи процесот на одобрување на проекти предвидени со програмата, ги следи активностите и обезбедува периодични информации за текот на спроведувањето. |
Специфични должности |
-
планира, организира и спроведува проекти од програмата Поврзување на религиите во Македонија;
-
врши координација со лицата определени од вклучените организации;
-
иницира контакти со корисниците, за да се одредат нивните специфични потреби, им помага во нивната формулација, врши посети на местата на спроведување на активностите;
-
воспоставува процедури за набљудување и оценување на активностите од секој проект;
-
се поврзува со релевантните НВО, владини и други организации;
-
собира информации, ги систематизира и поднесува периодични планови и извештаи до координаторот на програмата;
-
извршува истражувања од областа на програмата;
-
врши и други работи во склад со Законот, општите акти на МЦМС и овластувањата и налозите од претпоставените. |
Квалификации |
- минимална стручна подготовка од VII степен на образование;
- активно познавање на англиски јазик;
- докажана способност за работа со компјутери;
- возачка дозвола.
|
Знаења и вештини |
-
познавање на мисијата на МЦМС и на концептите на граѓанско општество и одржлив развој;
-
познавања од областа на теологијата (особено за религиите кои се практикуваат во Република Македонија);
-
основни знаења за планирање, набљудување и оценување. |
Способности за |
-
комуникација (усмена и писмена), презентација и за ширење на информации;
-
соочување со ненадејни пречки и решавање на проблеми;
-
прилагодување (флексибилност) кон многу нови задачи;
-
фацилитација/медијација, олеснување и овозможување на процес на договарање, како и за преговарање; |
Вредности и убедувања; Лични каректеристики |
-
висок интегритет, одговорност и отчетност;
-
верба во слобода и рамноправност и во човекови права;
-
почит за другите и прифаќање на разликите и на не-насилство. |
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|