БИХ И РЕПУБЛИКА СРПСКА
Мост на толеранција преку Сана
Годинава се одржуваат четвртите по ред „Денови на реката Сана“, проект започнат во 1999 година, финансиран од страна на ОБСЕ. Општините од Федерацијата БиХ и Република Српска ги здружија силите во организација на овој настан. Прв пат оваа година претставниците на општините Кључ, Сански Мост, Рибник, Српски Сански Мост, Приједор, Босански Нов/Нов Град го организира настанот со помош на неколку невладини организации.
Прославата „Денови на реката Сана“ содржи спортски турнири, концерти и активности за заштита на околината, како што е чистење на коритото на реката. Претставниците на општините ги занемарија своите политички разлики, за да го овозможиат одржувањето на настанот, каде се остварија многу блиски меѓусебни контакти.
Прославата успешно ги промовира меѓуопштинските и меѓунационалните односи, вклучувајќи го и потпишувањето на Декларацијата за заедничка соработка и заштита на околината.
Г.Ш.
|