|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Елеонора Стојкова
Граѓанското образование во Македонија, теорија, практика и реална состојба во Република Македонија
Граѓанското образование треба да биде сфатено како парадигма за подучување на улогата и обврските на индивидуата, заради нејзино полесно интегрирање во општеството, како и подучување на индивидуата заради разбирање на функциите на општествените институции
Македонската концепција за граѓанското образование треба да биде конкретно историски заснована и секогаш треба да поаѓа од македонското општествено милје и од достигнувањата на современите општествени образовни парадигми, како и својата визија да ја црпи од достигнувањата на најразвиените граѓански општества во западната цивилизација.
Извори за развој на македонската концепција на граѓанското општество мора да се наоѓаат во уставно-правните норми коишто ги одредуваат обемот на граѓанските права и слободи, а преку тоа и обемот на граѓанското образование. Вториот извор се институциите како механизми за канализирање на активностите за остварување на уставно-правните норми ги одредуваат начините и средствата за остварување на целите и задачите на граѓанското образование. И третиот елемент е начинот и рамката во којашто зададените уставно-правни норми и институции со посредство на граѓанските субјекти се преточуваат во процеси на секојдневна репородукција на општеството. Овие процеси и субјектите ангажирани во нив ги одредуваат содржинските основи на граѓанското образование. Од сите три аналитички издвоени нивоа на репродукција на граѓанството во Македонија, уставниот поредок се чини е “најграѓански”. Според Уставот, Република Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава. Суверентитетот произлегува и им припаѓа на граѓаните. Вака определено, македонското граѓанско општество ги дава основите за фундаменталните вредности и принципи на граѓанската политичка филозофија. А, тоа се човековите права и слободи, права и слободи на граѓанинот, слободно изразување на националната припадност, владеењето на правото, социјалната правда и солидарност, слободата на пазарот и претприемништвото, хуманизмот, заштитата на човековата околина и почитување на општоприфатените норми од меѓународното право.
Македонската концепција треба да го постави граѓанското образование како елементарно образовно јадро на наставните програми. Во услови на транзиција на севкупен општествен, економски, политички и културен план граѓанското образование треба да го стави акцентот на обучување и оспособување на младите луѓе за стекнување знаења, вештини и искуства за еден нов тип општество.
Граѓанското образование треба на некој начин да биде сфатено како образовна парадигма за подучување за местото и улогата на индивидуата во општеството, смислата на интегрирање на истата во самото тоа општество и за функциите на пооделни општествени институции.
Зошто ни треба граѓанско образование? Одговорот е доста комплексен. Општествените сеопшти услови на секое поле во Република Македонија посочуваат на расчекор помеѓу личните (индивидуалните) и општите интереси (интереси за општото добро). Сведоци сме на индивидуалните и масовните барања и протести во кои граѓаните бараат решавање или задоволување на некои нивни граѓански права. Од друга страна, во дрги ситуации (а тие се побројни) се чини Македонија с$ повеќе е земја на пасивни граѓани поданици кои во секоја ситуација очекуваат "власта” да биде таа која ќе им ги реши проблемите и ќе им ги задоволи барањата. Дали постои развиена граѓанска свест? Дали постои граѓанско општество, одговорно граѓанство? За сите прашања од јавниот интерес се произнесуваат политичките субјекти. Индивидуални обиди има малку. Не треба да се занемари улогата на невладините организации и фактот што Маекедонија има еден од најдемократските устави не само на Балканот туку и пошироко. Граѓанското образование на граѓаните им дава можност и шанса полесно да се интегрираат во сопственото општество, побезболно да се прилагодат на постојаните промени на новото глобално доба, а со тоа да бидат не само граѓани на сопствената држава, туку и граѓани и припадници на меѓународната заедница.
Задачите на образованието за граѓанското општество се стекнување знаења, прифаќање на вредностите на демократијата и учење на практичните вештини. Овој посебен предмет главно се учи во средните училишта со 1-4 часа неделно. Имињата се доста различни и варираат од граѓанско образование, општествени студии, политичко образование, образование за човекови права, знаење за општеството, образование за мир, граѓанска култура. Всушност најважна цел на образованието за граѓанското општество е практично увежбување на одговорното граѓанство. Образувањето за граѓанското општество претставува еден вид апликација на социологијата (и на посебните социологии) во општетвената практика, со акцент на општеството во кое живееме, поточно можеме да го сместиме во предметот на проучување на социологијата на македонското општество.
Граѓанското општество треба да ја преземе обврската и одговорноста за иднината на нашите ученици. Граѓанското образование треба да кажува не само она што ние треба да научиме, туку и што ние сметаме дека треба да го кажува Уставот.
Има многу извори на граѓанско образование. Семејството, религијата, општествените групи, владата, претпријатието, работата и средствата за комуникација ги оформуваат граѓанските ставови, го пренесуваат граѓанското знаење и во поголем или помал размер ги поттикнуваат граѓанските вредности.
Крајната цел на овој вид образование е на учениците кои го поседуваат потребното учество да им овозможи сами да се ангажираат за граѓанските вредности што им се чинат неопходни за негување и зајакнување на идеалите на демократијата.
Целта на граѓанското образование е меродавно и одговорно учество во локалниот, државниот и националниот граѓански и политички живот. Таквото учество бара: 1. стекнување квантум на знаења и разбирање; 2. развој на интелектуални и партиципативни вештини; 3. развој на одредени диспозиции или карактерни црти; и, 4. разумна посветеност на фундаменталните вредности и принципи на уставната демократија.
Негирање на граѓанското образование
Невнимателноста кон граѓанското образование делумно произлегува од погрешната претпоставка дека квантумот на знаења и вештини, што им се неопходни на граѓаните се појавуваат како придружни резултати од изучувањето на другите предмети или како производ на самиот процес на образование.
Успешните програми по граѓанско образование ги поттикнуваат учениците да учествуваат во граѓанскиот живот на нивното училиште, локалната заедница, државата и општеството. Ги потикнуваат училиштата да соработуваат со граѓанските организации и да покануваат истакнати членови од заедницата во класовите да зборуваат за одредени прашања поврзани со општествениот, како и нивниот секојдневен живот, давајќи им идеи како да ги разрешат своите тековни проблеми, како и да учествуваат во одлучувањето за потесната и пошироката заедница.
Специфично е дека образованието за граѓанството е во надлежност на сите наставници; најголем придонес даваат наставниците по историја, општествени науки, политички науки, економија и социологија.
Секоја земја има свој сопствен пат за интегрирање на граѓанството во официјалните програми.
Во земјите во транзиција, земајќи ги политичките, економските и општествените промени, потребата за образование за граѓанство е посебно важна. Ценејќи ги училишните програми, земјите во транзиција (тука ја вбројувам и Македонија) треба да преземат обврска да обезбедат образование за граѓанството како посебен предмет вклучен во неделниот распоред на образовните институци.
Задачата на граѓанското образование мора да ја преземат сите наставници и поопшто севкупниот кадар заедно со одговорноста на учениците. Мораме да го дефинираме граѓанското образование во врска со дисциплините базирани на научно знаење: не смееме да го редуцираме граѓанското образование на т.н. научно знаење, туку тоа треба да е базирано и да е засновано на здравиот разум, да се обидеме да се организира наставата за да постои склад меѓу способностите што ги предаваат наставниците, а ги развиваат учениците. Заради подготовка на младите луѓе за живот во општеството и критички и активен однос кон истиот во насока на операционализација на оваа цел, во наставните планови и програми се вградени соодветни предмети и содржини. Во четврто одделение предметот “општество”, во седмо и осмо одделение предметот “историја и граѓанско општество”, а во средните училишта и во стручните училишта “граѓанско образование”, односно "социологија” во гимназиите и уметничките училишта.
Значи граѓанско образование во Република Македонија треба да постои и истото постојано да се збогатува со нови содржини и практични искуства, бидејќи ова образование најдиректно е поврзано со демократијата и нејзиното практикување.
Комплексноста на граѓанската репродукција на современото општество нужно наметнува мноштво теми. Но, нивниот избор, обем и начин на обработка во системот на формалното образование зависи од местото на образованието за граѓанско општество во наставните планови, од една страна, и од социологијата на граѓанството, т.е. македонското општество, од друга страна. Во овие рамки како основни критериуми во селекцијата на граѓанско-образовните теми се користат нормативните одредби на граѓанството и граѓанското општество од една страна и феноменологијата на граѓанството и граѓанското општество во Македонија од друга страна. Во согласност со овие критериуми во продолжение се назначуваат општите теми на образованието за граѓанско општество. Нивната конкретизација во посебните наставни програми ќе зависи од возраста на учениците и од барањата на конкретните наставни планови.
Практика и реални состојби во Република Македонија
Граѓанско-образовните цели и содржини треба да произлегуваат од социологијата како наука
Граѓанското образование почна да се спроведува во Република Македонија пред четири години.
Тоа се спроведува во рамките на наставата за основно образование. И тоа, во седмо одделение еднаш неделно, а од оваа година и во осмо одделение со посебни учебници и како посебен задолжителен предмет кој влегува во крајниот успех на оценките, додека во петто и шесто одделение граѓанското образование се реализира на класниот час. Овој предмет е обврска на класниот наставник. За таа цел тој има прирачник кој му помага да ги подучува учениците активно да се вклучат во животот на граѓанското општество.
Ова запознавање со граѓанското општество не подразбира строг модел на настава. Прирачникот не дава готови решенија за одреден проблем, туку води кон откривање на проблемите, нивно заокружување, како и поттикнување на нови прашања за да се дејствува конкретно. Прирачникот е структуриран така што во себе содржи голем број истражувања во кои се вклучени активни методи.
Вака, реализирањето на граѓанското образование кое потем кажано се наметнува како неопходна потреба на современиот образовен процес им помага на учениците да станат активни, слободни и одговорни граѓани. Преку големиот број активности тие се стекнуваат со навики коишто се ценат во граѓанското општество и со тоа ја осознаваат неговата организација. Таа кај нив раѓа чувсто на толеранција, свесност за сопствените права и обврски, како и свест за правата и обврските на другите и негување на својата посебност, идентитет и интегритет и овозможување и другите да го прават тоа.
Прирачникот за петто одделение и за шесто има два дела: “Моето училиште” - содржини за тоа како функционира училиштето, и “Мојата општина" - содржини за функционирање на граѓаните во неа. Содржините се претставени на следниов начин: делот на откривање каде преку игра на информации, ислустрации и прашања паралелката се потикнува на дебата за одделна тема, дел на илустрации каде преку слики се привлекува вниманието на учениците, и дел на активности каде со игра, со анализа на сликите и текстовите и со проучување на ситуациите се комплетира истражувањето. Ова е програма за првото полугодие. Во второто полугодие се продолжува со реализација на програмата: “Јас граѓанин - ние народот”, кој вклучува реализација на проектот преку кој учениците подиректно ќе се воведат во проблемите на своето непосредно опкружување. Ако има услови, резултатите од овие две програми се претставуваат на завршен натпревар на ниво на училиштето или на пошироко ниво.
Во прирачникот има дел и за родителите. Така е запазен односот семејство (родители) - училиште (наставници) и самите ученици. Значи родителите се активно вклучени да придонесуваат со своите занења и искуства во остварувањето на граѓанското образование во наставата на своите деца. На овој начин придонесуваат нивните деца активно да ги стекнуваат знаењата и да ги развиваат способностите кои ќе повлијаат кај учениците да се формираат во позитивни личности со позитивни ставови и однесување за соработка, толеранција, компромис, свест за своите права и обврски, како и за правата и обврските на другите, да ја негуваат самодовербата, самопочитта, својата посебност и посебноста на другите. Значи да станат добри граѓани на ова општество (македонското општество) и со тоа најпозитивно да придонесуваат за неговото правилно функционирање, за продлабочување на демократијата и почитување на човековите права. Прирачникот за второ одделение ги содржи поимите (наставни содржини) за авторитет, одговорност, приватност и правда. Тие на прво на и второодделенчињата им се изнесуваат во форма на приказни, потоа разговор за приказна, поими кои ги учат од неа и задача за решавање проблеми преку прашања поврзани со тој проблем. Со овие четири поими децата се учат на основите на демократијата. Програмата (Ние народот - проект граѓани) се одвива во шест чекори: идентификација на проблемот, избирање проблем, собирање информации. Изработката на портфолио (опис на проблемот, содржи потадоци и примери за невоедначено користење на научната терминологија што предизвикува збунетост и дилема кај сите корисници, почнувајќи од учениците, студентите, наставниците. Вториот дел, алтернативните политики, содржи анализа за тоа што е досега преземено на овој план и од кого, како и кој е најстручен за разрешување на овој проблем. Третиот дел - избрана политика (политика на паралеката) го образложува најсоодветниот начин за решавање на проблемот, а тоа е неговата актуелизација што подразбира организирање трибини (консултации, конференции, дебати на кои ќе се разгледува примената на научната и стручната терминологија). Четвртиот дел - акциски план ги содржи динамиката на активностите и формирањето соодветни тимови со стриктно определени обврски и задачи кои ќе работат на разрешување на проблемот. Петтиот чекор - презентација на портфолио-активностите и шестиот чекор осврт на наученото.
Интерактивните техники на учење што се застапени во програмите на основите на демократијата и ”Ние народот - проект граѓанин” можат да најдат примена во најразлични животни и работни ситуации, бидејќи се засновани на решавање на проблемските ситуации, кооперативноста, почитување на туѓото мислење.
Мислењата од проектот граѓанско образование се дека тоа е пат кон граѓанското општество во училиштето. Учениците велат дека книгата “Граѓанско образование” е прекрасна и дека ќе им послужи во понатамошниот живот да станат успешни граѓани. Родителите велат дека преку активно учење нивните деца донесуваат правила на однесување во училиштето и истите ги почитуваат. Тоа е можност децата на близок, едноставен и практичен начин да започнат со изучување на основите на демократијата. Од овие искуства можат да научат и самите родители, пред сй за почитта кон своите деца.
Со реализацијата на граѓанското образование во праксата се овозможува: програмата “основи на демократијата” да се реализира низ сите вооспитно-образовни подрачја, со примена на интерактивни форми и методи на работа и тимска работа; користење игри, дискусии во групи, вежби за играње улоги, раскажување приказни, цртање и пишување; позитивно поттикнување на учениците; да учествуваат во решавањето на проблемите што самите ги идентификуваат меѓу себе, да комуницираат, да разговараат, да разменуваат идеи, да користат извори за собирање информации, да средуваат документација и да изработуваат портфолио; заедничка работа на повеќе наставници и ученици на сите субјекти вклучени во реализацијата на проектот; успешно усно излагање и бранење на своите мислења/ставови.
Во моментот граѓанското образование (“граѓанската култура”, некаде се среќава со тоа име) го предаваат наставници со завршен Филозофски факултет - група историја, група филозофија или група социлогија. Од идната година се планира овој предмет да се вклопи во рамките на предметот историја. Ова е сосема погрешно бидејќи социологијата е стожер на образованието за граѓанско општество и тоа треба да го имаат предвид одговорните коишто учествуваат во правењето на наставните програми и планови за граѓанското образование и неговата имплементација во практиката.
Впрочем, самите граѓанско-образовни цели и содржини се вградени во самата социологија како наука.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|