|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
луѓе: Виолета Ефтимова
Животот е еден миг, затоа користете го за убави нешта
Професионално искуство: Стручен наставник во ДСМУ “Јане Сандански” – Штип.
Ангажираност во граѓанскиот сектор: Во граѓанскиот сектор сум вклучена од 1999 година, меѓутоа поактивно се ангажирав од 2000 година кога го формиравме Здружението за борба против малигни заболувања “Нов живот во Штип”, затоа што за мене тогаш почна еден нов живот. Сега сум негов претседател.
Амбиции: Отворање оддел за хемотерапија во Штип и подобрување на животот и статусот на болните од рак.
Хоби и интереси: Одгледување и негување на цвеќето кое го сакам неизмерно, слушање добра музика, читање, прошетки и патувања.
Во слободно време чита: Бидејќи целосно сум посветена на унапредување на работата на Здружението, најмногу читам стручна литература која се однесува на најновите достигнувања во борбата против ракот. Оваа литература ја добивам од пријателка од Америка која работи на истражување и пронаоѓање на лек против рак.
За време на викендот: Ги завршувам заостанатите работи во домот кои не сум можела да ги завршам во текот на неделата. Останатиот дел од викендот го посветувам на моето семејство и моите пријатели.
Најтешка одлука: По сознавањето за болеста, најтешко ми беше да решам како да го изберам вистинскиот пат за да го продолжи животот, затоа што после неа не е с$ исто како пред тоа. Мислам дека донесов исправна одлука, животот продолжува и понатаму, а јас имам неисцрпна енергија да се справам со сите проблеми што ги носи животот.
Кој национален (локален) проблем го сметате како најважен: Што поскоро да се среди нашата земја, да се намали бројот на невработени, младите да си го најдат својот пат.
Кој глобален проблем го сметате за особено важен, и зошто: Честите конфликти на меѓуетничка основа, тероризмот и посебно негрижата за гладните во светот.
Што би промениле во Македонија и во светот? Повеќе љубов помеѓу луѓето, да се почитуваат и помагаат едни со други. Македонија да биде богата и развиена земја и членка на ЕУ.
Совет (порака): Животот е еден миг, затоа користете го за убави нешта. Уживајте во него и пуштете ги и другите да уживаат.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|