среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 1

   

100 години македонска државност - граѓанските иницијативи низ тој период

 

Ружица Фотиновска

 

Преку граѓански иницијативи до сопствена држава

 

Граѓанските иницијативи ја менуваат свеста на луѓето. Тие обично се насочени кон легализација на одреден проблем. Кога луѓето ќе констатираат дека нешто не е во ред, тогаш наоѓаат истомисленици и покренуваат иницијатива. Во Македонија денес се ретки граѓанските иницијативи кои делуваат кон подобрување на условите за живот. Постојат еден куп регистрирани здруженија и граѓански иницијативи, но нивната работа е натопена со политика. На прсти можат да се набројат иницијативите кои последниве неколку години се дефинираат како чисто граѓански. Таков пример е иницијативата за блокада на телефоните поради високите сметки на “Македонски телекомуникации”. Сличен пример е и блокадата на селаните од скопските села Волково и Орман кои не сакаа да ги дадат нивите за да им поминува магистрален пат среде селото и затоа со протести се обидоа да ја сопрат изградбата на големата обиколница во Скопје. С$ друго што од осамостојувањето на државата наваму се крстило како граѓанска иницијатива, за аналитичарите е чиста политика и манипулација со граѓаните во полза на една или друга политичка партија.

Граѓанските иницијативи во Македонија, пак, од почетокот на минатиот век се третираат како борба за гола егзистенција. На Балканот било вообичаено власта да биде туѓа. Поради тоа секоја граѓанска иницијатива била насочена кон подобрување на положбата на македонскиот народ.

“Од страна на власта тие тогаш биле третирани како опасност, но народот преку граѓанските иницијативи секогаш тежнеел кон формирање сопствена држава”, вели Ѓорѓе Иванов, професор на Правниот факултет.

“Граѓанските иницијативи се својственост на демократијата. Секогаш кога државата е слаба, силна е граѓанската иницијатива. Тоа значи дека преку граѓанските иницијативи, народот бара секој ден да му биде подобро. Но кога станува збор за македонскиот народ во периодот по Илинденското востание, иницијативите за независнот биле затскривани зад културното поле. Секакво друго дејствување било строго забрането”, вели Иванов. 

Ако се оди хронолошки, активностите на Македонците по задушувањето на Илинденското востание речиси замреле. Во Македонија настапила криза поради фактот што загинале голем број видни и раководни личности. За да ги избегнат потерите, судовите и затворите, дел, пак, од интелектуалците заминале надвор од Македонија. 

Но, тогаш Македонија го привлекла вниманието на странската јавност, вели проф. д-р Лазар Лазаров од Институтот за национална историја. Видни дипломати од Франција, Украина, Швајцарија се залагале за формирање посебна македонска држава. Лични граѓански иницијативи за независна и единствена Македонија покренувале министри од Франција, Украина и Швајцарија, прецизира проф. д-р Лазаров.

“Франческо Гвичардини, пратеник во италијанскиот парламент, а подоцна и министер за надворешни работи, непосредно по Илинденското востание ја посетил Македонија. Тој бил одушевен од обичниот Македонец, неговата отворена душа и стремеж за создавање своја држава”, објаснува Лазаров.

Непосредно по Илинденскот востание во 1905/06 година, Гвичардини изготвил проект “Впечатоци од Македонија”. На жестоки критики ги изложил големите сили Англија и Франција и отворено проговорил дека македонскиот народ има право на своја држава. Македонците, рекол Гвичардини, имаат свои културни обележја, многу постари од нивните соседи. Тој енергично барал формирање посебна македонска држава на просторот меѓу Грција, Бугарија и Србија. Доколку тоа не се случи, предупредил италијанскиот министер, последиците ќе бидат катастрофални.

“Ако се дозволи формирање посебна македонска држава, ќе се неутра­лизираат големите апетити на балканските земји и ќе завладее траен мир на Балканот”, предупредил Гвичардини.

“Ова е актуелно и денес”, вели д-р Лазаров. “Без Македонија како држава нема мир на Балканот. За жал неговиот проект не се реализирал, а предвидувањата се оствариле”.

Постојат многу такви примери на лични граѓански иницијативи на видни личности од странство. На слични позиции со Гвичардини, четириесет години подоцна стоел и Жан Пармантие, француски дипломат и генерален конзул во Скопје. Тој гледал со високи симпатии на правото на Македонците да формираат сопствена држава. Во делото “Мала студија за Македонија” нагласува дека овој народ го заслужува тоа заради сите страдања што ги доживеал во минатото и му посакува просперитет и развој.     

 

 

Македонците во Швајцарија пишуваа петиции до ОН за самостојна Македонија

Значајно место во историјата на Македонија се иницијативите што ги покренувале групи Македонци кои живееле во европските земји. Во текот, и нешто по Првата светска војна во периодот 1914/18 година, започуваат лични и колективни барања за создавање сопствена македонска држава на просторот на нејзините етнички и географски граници. Барањата, во вид на петиции, биле упатувани до асоцијацијата “Друштвото на народите” (сега Обединети нации). Во тој период забележителна е дејноста на македонската емиграција во Швајцарија. Таму дејствувале неколку групи македонски студенти, кои во текот на 1918 година се обидуваат да се организираат во свои друштва. Од сите нив особена активност пројавувала групата предводена од д-р Коцарев, лекар, приватен доцент во Женева, родум од Охрид. Во Женева, во текот на 1917 година, Коцарев тесно соработува со југо­словенската младина во Швајцарија. Како што стои во “Историјата на македонскиот народ”, издадена од Институтот за национална историја, под раководство на Коцарев се создава “Македонско друштво за независна Македонија”, чија цел е пропагирање на идејата за самостојна Македонија. Во издадениот апел од друштвото до другите Македонци во Швајцарија за соработка, меѓу другото, се истакнува основното човечко право секој народ да биде слободен и да располага со себе. Меѓутоа, иако “Македонија со својот народ претставува едно единство”, таа е “несреќно поделена од неоправдани соперништва на соседните земји”, велел Коцарев.

“Македонија не им припаѓа ни на Бугарите, ни на Грците, ни на Србите, таа им припаѓа на Македонците. Македонија на Македонците” - се последните зборови на апелот упатен од Македонското друштво на Коцарев во Женева до светското јавно мислење и до Македонците.

Врз основа на изнесените основни цели во апелот, Друштвото, во текот на 1918 година, развива усилена дејност. Тоа од една страна настојува да ги прибере околу себе сите Македонци во Швајцарија, а од друга да ја запознае светската јавност и државниците на големите сили со стремежите на македонскиот народ за слобода. Тоа остро ги осудува режимите на балканските држави во Македонија наложени по нејзината поделба во Букурешт и бара “создавање слободна и независна Македонија, која подоцна ќе стане федерална единица на балканската конефедерација или федерација”.

Во условите на военото судирање во текот на Првата светска војна, за кое Македонија беше една од арените, една од основните преокупации на оние македонски средини што можеа да го изразат своето мислење, надвор од досегот на непосредните ривали на Балканот, беше автономијата на Македонија. Односно, и во воените услови тие не се откажуваа од основните програмски цели на македонското национално движење.  

 

 

5.000 регрутирани Македонци и’ се спротивставија на мобилизацијата

Првата светска војна, која заврши со Версајскиот диктат од имепри­јалистичките сили, доведе до прекројување на картата на Европа и до нова вештачка поделба на Македонија меѓу трите балкански држави (Кралството на СХС односно Југославија, Грција и Бугарија). Јужните приморски краишта на Македонија со Солун и беа доделени на Грција, источните краишта и припаднаа на Бугарија, а северниот и централниот дел на Македонија, околу Повардарјето, влезе во рамките на Кралството СХС.

Како ретко која друга област во Европа, територијата на Македонија во релативно кус период, од 1912 година до 1918 година, беше скоро постојано поприште на жестоки судири на бројни војски. Голем број Македонци загинаа на боиштата и од глад, болести и епидемии. За време и непосредно по војните од Македонија заминаа многу турски семејства. Илјадници Македонци ја оставија својата татковина и одеа во соседните или подалечните земји, со што Македонија се лишуваше од работоспособна сила и интелегенција.

Во текот на 1919 година се одржуваа митинзи, собири и првомајски прослави, кон подготвување и кревање на масите на борба за демобилизација и за спречување на контрареволуционерните интервенции (во Унгарија), против шпекулацијата, безработицата, насилствата и ограбувањето на работниот народ. Покрај одделните штрајкови, масовно и организирано Македонците & се спротивставија на регрутацијата што ја вршеа воените власти во почетокот на декември 1919 година. Како голема граѓанска иницијатива се оценува демонстрацијата во Битола, кога околу 5.000  повикани регрути од Битола, Охрид, Ресен, Кичево и Дебар се спротивставија на мобилизацијата на окупаторот. Со развеано црвено знаме и пароли против милитаризмот и монархијата, доби размери на вистински бунт.

 

 

Младината почна да го промовира македонското прашање

По донесувањето на Законот за заштита на јавната сигурност и поредокот на државата, односно Законот за заштита на државата (2 август 1921 год.), во Македонија настапи најсурово задушување на работничкото движење и секој вид на комунистичката дејност и пропаганда беше прогонуван и најстрого казнуван. Ама за издигање на младината во тој период се основаа спортски друштва (“Напредок”, “Спартак” и др.) и културно-просветни и драмски секции. Работата на ваквите друштва имаше големо значење не само за ширењето на просветата и свеста кај народот, туку и за развивањето на спортскиот, културниот, и забавниот живот по македонските градови. Покрај тоа, приредбите и турнеите на овие друштва и секции често пати служеле за прикривање пред власта на работата околу воспоставувањето и одржувањето на врските помеѓу партиските организации и групи во Македонија.

Во средината на триесеттите години постепено се зголемуваше академската младина од која почна да се создава македонската интелегенција. Голем дел од македонските студенти што се образуваа на универзитетите во Белград и во Загреб, влегоа во редовите на напредното студентско движење и стекнуваа драгоцено искуство за револуционерна работа. Во штрајковите, демонтстрациите, судирите со полицијата учествуваа и Македонците. Исто така, студентите од Филолошкиот факултет во Скопје се вклучуваа во таквите општостудентски акции. Здружението на македонските студенти во Загреб “Вардар” и истоименото такво здружение во Белград станаа жариште на интензивна политичка и културно-просветна дејност. Во здруженијата беа држани реферати, предавања и дискусии на актуелни општествено-политички теми. Како црвена нишка низ сите нив се провлекуваше македонското национално прашање, кое се разгледуваше од разни аспекти. Во рамките на овие здруженија беа давани приредби со македонски народни песни и ора и со сценски фрагменти и импровизации од животот, страдањата и борбата на македонскиот народ. Големо значење имаше турнејата што ја направи загребското здружение “Вардар” по Македонија кое го ширеа здравото патриотско чувство. Тие направија и весник “Наш весник”. Меѓу соработниците на весникот бил Кочо Солев Рацин и Страшо Пинџур. Но весникот се печател во Загреб зашто се сметало дека ќе има помалку пречки од власта доколку се печати надор од Македонија. Полицијата, веднаш по излегувањето на првиот број, го заплени весникот и забрани секое негово натамошно излегување.

Студентите одиграле важна улога во популаризирање на тезата за македонската нација како издиференцирана национална целина од другите балкански нации, придонесувајќи истовремено за зацврстување и афирмација на мекедонската национална свест. 

 

 

Литературните кружоци го освестуваа светот за Македонија

Литературните кружоци формирани од Македонци постоеле во соседните земји. Тие меѓу себе се нарекувале од градовите од каде што потекнувале (Кавадарци, Скопје...). Посебно биле активни во периодот меѓу двете светски војни и по Втората светска војна. Најмногу ги имало во Бугарија, Русија, Украина. Покрај културните активности, тие одржувале непосредни контакти со Македонското револуционерно движење. Преку своите весници ги анимирале странските власти за борбата на Македонците за формирање сопствена држава.

Меѓу најпознатите бил нелегалниот македонски литературен кружок во Софија формиран во 1938 година. Иницијатори и членови на овој кружок беа Никола Вапцаров, Антон Попов, Михаил Сматракалиев, Асен Шурдов, Кирил Николов, Ѓорѓи Абаџиев и Димитар Митрев. Во Кружокот подоцна влегле Коле Неделковски и Венко Марковски. Покрај читањето и разгледувањето на творбите од членовите на кружокот, во него се изнесуваа реферати за проблематиката околу изградувањето на македонската национална култура и се водеа дискусии за особеностите на македонскиот  литературен јазик и за негово афирмирање. За афирмирање на членовите на кружокот придонесе и весникот “Литературен критик”, под редакторство на Никола Вапцаров и Димитар Митрев. Дејноста на кружокот заврши непосредно по објавувањето на војната на Хитлеровата Германија против СССР, бидејќи неговите членови или беа интернирани или се беа вклучиле во бугарскиот антифашистички отпор.

Пројавите на македонската национално-културна активност во Бугарија предизвикаа с$ позасилена загриженост кај бугарските официјални фактори. Тие откриваа во нив најсериозна пречка за својата шовинистичка великобугарска пропаганда. Токму тие македонски национални пројави придонесоа и за подигањето на македонското национално самочувство кај пиринските и емигрантските маси. 

 

 

Жените демонстрираа и не ги пуштија синовите и мажите во бугарската војска

Антифашистичкиот фронт на жените, освен во борбата против окупаторот, има богата и разновидна активност и иницијативи за правата на Македонецот од стопански, политички и просветно-културен план.

Користејќи ги редиците пред продавниците, но и посебно организирани состаноци во форма на седенки, жените го разобличувале окупаторскиот систем и вршеле пропаганда за НОБ. Тие во 1942 година извеле и повеќе демонстрации и протести за леб и против ниските и недоволни дажби на животни намирници, против мобилизацијата, интернирањето на мажите и др. Демонстрацијата на жените на 11 мај 1942 година, во Велес, израсна во силен протест против бугарската мобилизација на Македонците, кои всушност биле носени во концентрациски логори. Пред велешката општина цел ден демонстрираа 200-300 жени. Тие & се спротивставија на мобилизацијата и истакнаа дека нема да ги пуштат своите синови и мажи во бугарската војска, ниту ќе дозволат да станат топовско месо за сметка на Германците.

Женските комисии беа главните организатори на собирањето народна помош, на чувањето илегалци, на приготвувањето храна и облека за борците, тие вршеа курирска дејност и др.

 

 

Гимназијалците штрајкуваа против бугаризацијата

Антифашистичката младина исто така & даде силен отпор на дена­ционализацијата и фашизацијата на младината во Македонија. Отпорот на младината во школите беше насочен против употребата на бугарскиот јазик, против фалсификувањето на историјата на македонскиот народ и прикажувањето на неговото минато како бугарско. На учениците посебно им тежеше притисокот од училишните власти и полицијата, кои настојуваа младината да се зачленува во разни фашистички организации. Поради тоа, учениците организираа протести и штрајкови. Познати се протестите во 1941 година во Прилеп, Скопје, Битола, потоа во март 1942 година штрајкот во гимназијата во Велес во знак на протест против исклучувањето на пет ученици поради прогресивна дејност. Штрајковите на учениците имаа широк одѕив во Македонија и претставуваа посебна победа над окупаторот. Тие протести и штрајкови ја зацврстија верата кај младината и поттикнаа нови политички потфати против окупаторот.

Младината ги бојкотираше бројните бугарски патриотски манифестации, како и посетите во црквите, каде што свештениците често држеа говори за величината на бугарското царство и за наводно бугарскиот карактер на Македонија.  

 

 

Власта ги заборава граѓанските здруженија

Иницијативи за независност македонските здруженија покренувале во периодот по Втората светска војна до денес. Во нив, во основа се барало заштита на македонските национални права и слободи во Грција, Србија, Албанија и Бугарија. (“Обединети Македонци” - Бугарија, “Достоинство” во Македонија, “Виножито” во Грција).

Тие најчесто пишувале петиции во кои се барало да се прекине со теророт на Македонците во Пиринска и Егејска Македонија и во Албанија, како и правото за обединување на македонскиот народ.

Во 1946 година, професорот Лазаров, како посебна граѓанска иницијатива ја издвојува активноста на Мануилски, претставник од Украина на Париската мировна конференција. Во неговиот настап тој ја критикува Грција и ја обвинил дека го тероризира македонскиот народ. Мануилски апелирал до Грција да им ги даде граѓанските и националните права на Македонците, а не да ги прогонува и убива што се случувало во текот на граѓанската војна во Грција (1945-1949).

Активноста на македонските здруженија во соседните земји се зајакнала од 1991 година. Но, експертите оценуваат дека македонските власти не ги помагале доволно овие здруженија и не одржувала врски. Иако нивната работа немала којзнае какви драстични ефекти, нивната работа е значајна зашто ја шират вистината за немање граѓански права на Македонците во соседните земји. Со тоа се создавале симпатии кон македонскиот народ, а патот полека се пробива.  

 


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA