Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Настани  Календар

1 септември

За мир во светот

Првиот септемвриски ден е посветен на светскиот мир, кој, за жал, веќе подолго време го немаме. Светот е се’ освен мирно место, а медиумите и глобалната свест на многу луѓе не дозволуваат војните кои се случуваат далеку од нас да не бидат и наша грижа.

Токму затоа, луѓето од целиот свет ја осудуваат агресијата која се случува илјад­ници километри далеку од нив, се грижат за цивилите кои страдаат, протестираат против војните, каде и да избувнале.

 

4-6 септември

Одржливиот менаџмент во акција

Универзитетот на Женева - Центарот за хумана екологија и науки за животната средина, од 4 до 6 септември го организираат Првиот интернационален конгрес „Од­ржливиот менаџмент во акција“.

Тоа ќе биде првата размена на конкретни искуства за одржливиот менаџмент помеѓу научниците и практичарите. На конгресот ќе можат да се слушнат 90 реферати на експерти и научници од оваа област од 20 држави од светот.

6 септември

Меѓународен ден на исчезнатите лица
 
Овој ден во светот се одбележува во спомен на исчезнатите лица, жртви на војните,сегашни и минати, но и на многубројните природни катастрофи и други настани.

Луѓето кои се’ уште ги бараат своите блиски, во повеќе земји во светот се собираат, протестираат пред владите и пред меѓу­народните организации, како ООН, УНХЦР и други, сакајќи да ги поттикнат на акција, но уште повеќе, да потсетат дека војните носат единствено трагедии и порази.

16 септември

Да ја заштитиме озонската обвивка

Оштетувањето на озонската обвивка, заедно со ефектите кои доведуваат до  глобалното затоплување и нарушување на климата, веќе со години се вбројува меѓу најголемите еколошки проблеми на нашата планета.

Озонскиот слој кој ја штити нашата планета од штетната радијација на сонцето, на многу места е пробиен, а низ озонските дупки навлегуваат зрачењата кои ја оштетуваат вегетацијата и предизвикуваат многу забо­лувања кај човекот и животинскиот свет. Овој ден се одбележува како ден за акција против однесувањето кое доведува до оваа појава.

 

18 септември

Ден на геолозите

Геолозите од целиот свет на овој датум го одбележуваат како ден посветен на нивниот „есна“. Оваа важна наука, која претставува основа за речиси целата индустрија, како и за многу други научни дисциплини, во светот е многу форсирана и почитувана, додека во нашата држава е една од нај­занемарените.

Геолошките истражувања, да потсетиме, се важни не само затоа што даваат одговори за настанокот на светот во којшто живееме, туку и поради тоа што обезбедуваат суровини за индустријата, за добивањето електрична енергија и за другите потреби на совре­меното живеење.

 

22 септември

Европа без автомобили

Во многу градови во Европа, чиј број од година во година се’ повеќе се зголемува, на овој ден не се возат автомобили. Луѓето се’ повеќе доброволно се откажуваат од удоб­носта на своите возила, свесни за големиот проблем на аерозагадувањето кој го создава сообраќајот. Во многу развиени европски држави автомобилот помалку се користи не само на овој ден, туку и во другите - луѓето се ориентираат на јавниот превоз за да стасаат на работа или друго место, или пак организираат заеднички превози.

 

27 септември

Светски ден на туризмот

Календарскиот крај на летото го најавува светскиот ден на туризмот - гранка која иако „живее“ преку целата година, својот најголем подем, сепак, го има налето.

На овој ден, во последните години, се нагласува и потребата од спроведување одржлив и одговорен туризам, кој нема да ги оштетува и уништува природните и културните споменици, како и околината на местата кои привлекуваат многу туристи. Овој ден е можеби повод и кај нас да се размисли за неискористените можности за развој на туризмот, особено таканаречениот културен и еколошки туризам, за кој во Македонија постојат извонредни услови.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 29 Јули-Август2003
Балкан експрес
Европа
Настани
Свет
Публикации
Луѓе
Историјат на граѓанското општество
Тема
Интервју
Форум
Коментар
Писма од читатели
Концепти
Q&A
Погледи
Претставување
Донатори
Избор
 
 

©MCMS - designed by KOMA