среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Натписи

   

Панел: Децентрализација на образованието – можност и предизвици

Соработката меѓу локалните власти и училиштата ќе придонесат за поквалитетно образование

На 3 декември, во рамките на 4 Форум на граѓанското општество во Македонија, во организација на Центарот за соработка во образованието се одржа панелот Децентрализација на образованието – можност и предизвици.

На панелот стана збор околу идните надлежности кои од министерствата ќе прејдат на локално ниво. Афердита Имери, претставник од Министерството за образование, кажа дека општините треба да земат конкретни задачи, а училиштата треба да носат стратешки одлуки. Таа спомна дека можен начин на финансирање би било и по глава на ученик.

Сашо Пергановски, градоначалник на општина Прилеп напомена дека Прилеп како една од најголемите општини во Македонија, е подготвена за децентрализација на образованието и да ги преземе врз себе задачите и предизвиците. Но, општинската администрација не е подготвена за тоа, бидејќи фалат кадри за да управуваат со администрацијата. Односно е потребна нивно едукација и образование.

Присутните се сложија дека во јули 2005 година, по општинските избори нема да се случи крах во образовниот систем. Тоа е процес кој постепено ќе се одвива. Нема да има веднаш целосна децентрализација.

Градоначалникот на општина Прилеп кажа дека прва промена која ќе се случи е изборот на управниот одбор на училиштата. Како тоа ќе функционира ќе решат самите училишта. Општините ќе ги изгласат годишните сметки и планови на училиштата и ќе влијаат врз изборот на директорите и ќе бидат одговорни за функционирање на училишната мрежа. Општините се сопственик на училишниот имот. Долговите кои ги има училиштето треба да ги реши државата. Исто така треба да се решат имотно-правните односи. Фискалната децентрализација ќе биде некаде по 3-4 години.

Славе Христов, градоначалник на општина Василево (Струмица), рече дека образовниот процес е многу значаен сегмент во градењето на општите вредности. Треба да се биде многу внимателни со пренесувањето на компетенциите од централно на локално ниво. Со Законот за образование од 2002 година се трансферирани надлежностите на локално ниво, како што е основното образование.

На панелот се диксутира и околу проблемите кои може да настанат околу сопстевноста на училиштата и припаѓањето во други територии. За успешно финансирање треба да се искористат локалните ресурси. Државата треба да посвети особено внимание на некои училишта, како модернизација на образовниот процес, опремување на училиштата.  Доколку едно централно училиште се наоѓа во општина Прилеп, а подрачната единица во Кривогаштани, логично би било училиштето да припадне во Кривогаштани.

Марија Тасева, професор на Филозофски факултет кажа дека децентрализацијата е започната веќе одамна во училиштата, се употребуваат разни книги по предмети, не се користи само еден учебник. Таа кажа дека е многу скептична околу децентрализацијата во доменот на наставните планови и програми.

Зоран Узунов, секретар во УО во с.Косениково спомна дека неговиот капацитет како родител не е искористен во училиштето. Со законот за основно образование од 1995 година постои Совет на родители. Тие треба да го следат образовниот процес и треба да дадат мислења. Советот на родители е прифатен само декларативно. Училишниот одбор прави интервју со кандидатот за директор на училиштето. Тој истакна дека треба да има пертнерство, волонтерство и соработка меѓу родителите и училиштето. Како ќе се изгради таа доверба меѓу родителите, претставниците на училиштето и претставниците на локалната самоуправа во училишниот одбор ќе наиде на отпор, но треба да се најдат соодветни решенија.


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA