Нафи Сарачини
Најдобро се одморам покрај вода
Професионално искуство: Советник за граѓанско општество во Делегацијата на Европската комисија.
Ангажирање во граѓанскиот сектор: Иницијатор и основач на неколку невладини организации, член на управниот одбор на ФИООМ и други граѓански асоциации. Раководител на микропрограмата на Европската иницијатива за демократија и човекови права (ЕИДХР) со која се финасирани повеќе од 35 проекти во текот на 2001/02/03 година. Хоби и интереси: Пливање и останати активности повразани со вода.
Најтешка одлука: Дали да се остане во земјата?
Амбиции: Довршување на постдипломските студии кои ги развлеков цела вечност. Во слободно време чита: Разно-разни извештаи и анализи на состојбите во земјата поврзани со работата, а ако остане време, литература поврзана со студиите.
Каде оди во слободното време: Обично кога го планирам денот, никогош не планирам нешто што би го нарекол слободно време. Работниот ден во нормални околности ми трае од 8:30 до 17:30 а останатото мало парче од времето и енергјата во денот е исполнето со обврски поврзани со семејството, така што ми останува единствено да им завидувам на оние кои можат да имаат слободно време.
За време на викенди: Најчесто одам на Матка, и секаде каде што има вода. Кој национален/локален проблем го смета за особено важен и зошто? Во земјава се како да е свртено наопаку. Измамата, корупцијата и криминалот се поисплатливи од чесната работа, лекарите се бават со политика, трговците не ги плаќаат сметките, земјоделците се бават со трговија, учителите штрајкуваат, новинарите шират невистини, помладите не им отстапуваат место на постарите во автобус, постарите не им отстапуваат работно место на помладите, животот од највредно нешто се претворо во најевтино нешто. Има многу проблеми во земјава, ама нема кој да се нафати да ги решава...
Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто? Уништувањето на природата и природното во човекот. Обземени со нашите проблеми, забораваме дека дишеме загаден воздух, наскоро нема да има чиста вода за пиење, а кој ќе има пари ќе може и да се клонира “од ќеф”. Што би променил во Македонија и во светот? Во Македонија би ги завртел работите наопаку, а светот би го оставил таков каков што е, мислам дека подобар не може да биде, можеби би го укинал насилството.
Совет/порака: Додека чекате да се подобрат состојбите во земјата, живејте си го животот, бидејќи тоа ќе ви остане.
Никогаш не би можел: Да се китам со туѓи перја и да ми пречи другиот кој сака да биде слободен и рамноправен со мене. |