|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Одговор на писмото на Драги Змијанац од уредниците на Граѓански свет
Граѓански свет има посветена политика во однос на децата
Почитуван Драги Змијанац, По електронски пат на адресата на Граѓански свет, во петокот, на 14 септември 2007 година, ја примив Вашата порака назначена како писмо до уредниците на Граѓански свет. Ви благодарам на Вашите совети за тоа како треба да се уредува списанието Граѓански свет, посебно околу начинот на информирање за децата и за случајот „Детска амбасада Прилеп”. Ние тврдиме дека Граѓански свет ги има пренесено Вашите ставови за случајот „Детска амбасада Прилеп” и дека Граѓански свет има посветена политика во однос на децата.
Граѓански свет ги објави Вашите ставови за случајот „Детска амбасада Прилеп” во истиот број во кој беше објавен коментарот од Грамоз Шабани на кој реагирате. Вашите ставови се објавени во текстот насловен „Децата се злоупотребуваат политички и се користи нивниот труд”, на страница 5, во бројот 73, од јули/август 2007 година.
Граѓански свет не само што не е поддржувач на злоупотребата на децата, напротив, посветен е на правата на децата и тоа го покажува со бројот и квалитетот на објавените содржини посветени на децата. Последниот број, покрај коментарот од Грамоз Шабани и текстот за ПДАС „Меѓаши” („Децата се злоупотребуваат политички и се користи нивниот труд”), има насловна страница посветена на децата, напис „Секс-скандал поврзан со дете бегалец” и репортажа за Мозаик, моделот за мултикултурно и предучилишно образование и воспитание под наслов „Билингвалните групи ја потврдија моќта на комуникацијата”.
Посветеноста на Граѓански свет може да се види и од просторот издвоен за активности на Вашата организација во последните три години, и тоа:
насловна страница на бројот 70, од април 2007 година;
18 текстови;
еден оглас (бесплатно) и една дистрибуција на картички (бесплатно).
Надвор од печатеното издание, во моментов на веб-страницата на Граѓански свет има две позитивни информации за „Меѓаши”.
Не можеме да ја прифатиме како конструктивна критиката дека Граѓански свет со намерата на објавување на ставовите на сите засегнати страни од случајот „Детска амбасада Прилеп” поддржува злоупотреба на деца. Нашата намера да ги слушнеме сите страни (што досега не се случи) се темели на демократските принципи и на основите на доброто новинарство. Граѓански свет, без разлика дали се согласува, се стреми да ги презентира ставовите на сите вклучени.
Непријатно сме изненадени од тоа што обидот на Граѓански свет да ги претстави ставовите на сите вклучени, и покрај повеќегодишната добра соработка меѓу Граѓански свет и „Меѓаши”, доведе до непријателски речник кој го гледаме во „обезличување на непријателот” – сите уредници на Граѓански свет се личности со имиња (и со електронски адреси), вклучително и авторот на коментарот кој е потпишан. Граѓански свет ќе продолжи да има посветена политика во однос на децата и да ги следи активностите на вклучените организации, вклучувајќи ја и „Меѓаши”.
Гонце Јаковлеска , уредник на Граѓански свет
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|