|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Кампања во струмичко
Собирање и рециклирање на отпадната пластика
Со финансиска помош на Институтот за трајни заедници на Македонија и на Американската еколошка асоцијација УСАИП, во струмичкиот регион се реализира кампања за намалување на пластиката во секојдневниот живот, како и за континуирано собирање и рециклирање на пластичните отпадоци. Проектот го реализира Еколошкото друштво “Планетум” од Струмица, а покрај практичните елементи за организирано собирање и преработка на отпадоците, програмата опфаќа и едукативни содржини, чија цел е да се влијае врз менувањето на навиките и свеста кај луѓето за намалување на употребата на пластиката и нејзината замена со хартија и со други производи што не ја загрозуваат човековата околина и еколошката рамнотежа на нашава планета. Континуитетот во реализацијата на овој проект ќе придонесе битно да се променат грдите слики што денес можат да се видат во населените места, по пазарите, во дворовите, покрај речните корита и патиштата, во нивите итн. Покрај економските ефекти од собирањето и рециклирањето на отпадната пластика, еколошките придобивки за заштита на природата се непроценливи и далекусежни за нас и за идните генерации, истакнуваат во Еколошкото друштво “Планетум”, апелирајќи до сите граѓани од струмичкиот и од поширокиот регион кон природата да се однесуваат цивилизациски и како кон свој единствен дом за живеење и опстанок.
Ж.Ѓ.
|
|
|
|
ПОГЛЕДИ: Марина Туневска-Јовановска
Приказните-точка каде што се среќаваат медиумите и граѓанските здруженија Ако здруженијата на граѓани ја сфатат и прифатат својата улога на креатори на јавното мислење со помош на медиумите, тогаш тие се на половина пат до загарантираниот успех. А, за да се придобијат медиумите во остварувањето на таквата намера, потребно е да се научи да се комуницира со “нивниот јазик”. |  |
ИНТЕРВЈУ: Методија Саздовски и Мартин Мартиноски членови на Работната група за позеленување на изборите
“Гласај за природата” - нов импулс во изборните процесиЛокалните избори во земјава беа одбележани и со кампањата „“Гласај за природата” на Работната група за позеленување на изборите. По завршувањето на првиот изборен круг, како го оценувате обидот да ги анимирате кандидатите во трката за локалната власт, но и граѓаните за одговорноста што ја носат и двете страни кон животната средина? |  |
Црвениот крст на општина Чаир во посета на Танушевци
Помошта пристигна заедно со пролеттаНа 40 километри оддалеченост од Скопје, на границата со Косово и надморска височина од 1.600 метри се наоѓа селото Танушевци. Тоа сега брои триесет семејства. Петнаесетина сe уште не се вратени во своите родни огништа, откако се иселиле на Косово по случувањата од воениот конфликт во 2001 година во Македонија. Во далечната 1984 година за прв пат е донесена струја во селото, а патот е направен година пред тоа. И сега кога има големи невремиња селото останува без струја. Веднаш до Танушевци се селата Брест и Малино. Во сите три села живее албанско население. |  |
Милениумски предизвик
Ветувањата на АмерикаПред три години, претседателот на САД, Џорџ В. Буш, ја отвори сметката на Милениумскиот предизвик, со цел да им даде повеќе пари на сиромашните земји кои работат на промовирање развојни политики. Буш рече дека неговата влада ќе донира повеќе милијарди долари во неколку растечки фази сe додека програмата не достигне висина до 5 милијарди долари годишно, почнувајќи од 2006 г. Иако петте милијарди долари се само 0,04 проценти од националниот приход на Америка, Буш го наметна предлогот како “доказ дека тој се грижи за сиромаштијата во Африка и насекаде во светот. “Јас ја носам оваа обврска во душата”, рече претседателот. |  |
|
|