среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 2

   

Ружица Фотиновска

 

Проектот за граѓанско образование не ги исполни очекувањата
 

Предметот “граѓанско образование” требаше да ги научи децата уште од најрана возраст да партиципираат во опшеството. Да знаат како да се организираат, да го кажат своето мислење. Да научат како да ги користат институциите на системот.

Но, мислењата околу ефектите на проектот се поделени. Оние што го инсталираа “граѓанското образование”, претставниците на Министерството за образование и наука, велат дека учениците сосема солидно го владеат материјалот. Наспроти нив, наставниот кадар, но и експертите објаснуваат дека предметот не ја постигна во целост својата цел зашто не е направена потребната подготовка.

Граѓанското образование како пилот-проект во Македонија е воведено од 1999 година. Првата година биле вклучени 60 групи од предучилишна возраст во градинките, 120 паралели во прво одделение и 60 во предметната настава во 5 одделение. Наредната учебна година предметот е интегриран во образовниот систем и се изучува во дел од основното и средното образование.

Програмите за граѓанско образование се преземени од Центарот за граѓанско образование “Калабасов” од Калифорнија и се состојат од два дела: “Основи на демократија” и “Ние народот...”.

Предметот од одделенската настава е интегриран во постојните предмети, додека во предметната настава се изучува на класните часови, или како посебен предмет под името “граѓанска култура”.

Проектот “Граѓанско образование” е финансиран од ЦРС - Католички служби за помош, тоа е невладин организација со седиште во Балтимор. Тие ја финансираат целокупната логистика, обука на 11.340 наставници од основното образование, како и книгите и прирачниците за настава. Но никој не знае да каже колку пари се потрошени за воведување на овој проект во образовниот систем во Македонија. Невладината огранизација извади и весник - информатор “Граѓанското обазование денес”.

За да се има континуитет во образованието, во 5 и 6 одделение се воведе “граѓанска култура”, но тоа не е финансирано од ЦРС. Тој предмет учениците сами си го обезбедуваат.

Последнава година стручните служби од Бирото за развој на образованието работат на изградба на стандардите на оценување на предметот. На тој начин ќе се дефинираат нивоата кои треба да ги постигнат учениците. Познавањето на предметот ќе влезе како составна компонента во оценката на другите предмети каде што се изучува “граѓанското образование”. 

 

 

Министерството за образование е задоволно од проектот “Граѓанско образование”

Во Бирото за развој на образованието, што е составен дел од Министерството за образование и наука, кое го спроведува проектот, велат дека предметот доста добро е прифатен од учениците. Нивниот став е дека во Македонија мора да се изучува “граѓанското образование”. Таков став, велат луѓето од образованието, има и Советот на Европа.

“Нашето образование се темели на демократски и граѓански принципи, а немавме посебен предмет за тоа. Сега со граѓанското образование се изврши влијание врз сите наставни програми. На тоа нй обврзува и Советот на Европа, од каде ни велат дека предметот мора да се изучува во Македонија”, објаснува  Слободанка Ристевска, раководител на проектот за граѓанско образование во Бирото за развој на образованието.

“Успехот во постигнувањата не се гледа само во учењето на содржината на предметот “граѓанско образование”, туку и во целокупното влијание што наставниот материјал го има врз учениците. Тие учат како да ја почитуваат личноста и личните принципи, да разликуваат правда, да создаваат авторитет”, вели раководителот на проектот.

Не е интенција предметот да се издвои како посебен, зашто луѓето од Министерството за образование сметаат дека е подобро тој да продолжи да се изучува вака, како дел од останатите предмети.

Бирото за развој на образованието оваа година прави преиспитување на наставните програми. Нема дилема дека предметот ќе продолжи и понатаму да се изучува во училиштата, велат раководните структури во образованието.

“Граѓанскот образование” како предмет е воведено и на Педагошкиот факултет во Битола. Ристевска објаснува дека се работи и на воведување на предметот на останатите две факултета за учители: во Штип и во Скопје. За поголема подготовка на наставниот кадар, од оваа година Министерството за образование ќе организира и обука за апсолвентите кои студираат на наставните насоки. На тој начин тие ќе бидат подготвени да го предаваат предметот во осмолетките.

 

 

Експертите оценуваат дека материјалот не е прилагоден на возраста на децата

Материјалот и термините што се изучуваат не се прилагодени на возраста на децата. Според стручњаците од образованието, децата до 5 одделение, односно до 11 години се конкретно ориентирани и учат буквално. Поимите како што се авторитет, правда, правичност, што се сервираат во граѓанското образование се апстрактни, па децата ги учат напамет, како папагали.

“Не ми се допаѓа како е поставен во образовниот систем. Како уште еден предмет за меморирање”, вели Мирјана Најчевска, научен советник во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања.

“Самиот предмет не понуди нова методологија, туку нешто старо, веќе видено со постојните шеми. Со тоа стана спротивен на сопствената содржина. Децата да ги обучиме како да ги користат постојните институции во државата. Понатаму, начинот на предавање, самото оценување ја руши логиката на овој предмет”, објаснува Најчевска. Таа вели дека самиот материјал не е доволно прилагоден на нашата средина. Се употребуваат термини кои не се вообичаени за нас.

“Децата треба да научат како самите да партиципираат во општеството. Да научат да се организираат, да го кажат своето мислење, да ги следат информациите. Но тоа не се случи со овој предмет. Туку напротив. Граѓанското образование не ја постигна целта за која беше воведено”, децидна е Најчевска.

 

Децата не научија да го кажат својот став

Граѓанското образование во македонскиот образовен систем не ги исполни очекувањата. Предметот како содржина е интересен, но обидот да се вметне во наставните програми се изведе многу несмасно и нестручно. Ваков е коментарот на поголемиот дел од наставниот кадар во училиштата, кои добија задача да се вклучат во реализацијата на проектот “Граѓанско образование”. Забелешките се повеќе на тоа дека материјалот не е прилагоден на нашата средина, туку само преведен од постоечките странски учебници.

Наставниците велат дека учениците го доживуваат како уште еден предмет за меморирање.

Наставниците во одделенска настава кажуваат дека предметот дава можности учениците да ги научат основните концепти како што се правда, авторитет, правичност и одговорност. Предметот граѓанско образование се предава во склоп на другите предмети, каде може да се најдат допирни точки со материјалот, како на пример македонски јазик, природа и општество, но и физичко воспитување.

“Имаме учебник, дадени се темите, но проблемот е како да се вметнат во другите предмети. Мислам дека недостаток е што не е дефиниран како посебен предмет, зашто материјалот бара посебен простор и време”, велат наставниците од неколку основни училишта во Скопје.

“Ми се допаѓа како предмет. Тој нуди можност кај децата да се разрешат некои проблеми врзани со одделението, училиштето, семејството. Децата умеат да дефинираат. Приказните што се во учебникот се интересни и децата сакаат да ги читаме. Но, кога треба тие да искажат свое мислење, свој став, тогаш тоа нешто потешко им оди”, објаснуваат наставниците.

Во учебникот за четврто одделение децата учат што значи поимот авторитет и низ конкретни примери тие дознаваат колкав авторитет треба да има водачот во нивното одделение. Децата понатаму учат за одговорност и како да донесат одлука кој е одговорен за нешто. Учениците исто така дознаваат како да донесат одлука за проблем врзан со приватноста, но и кои се праведните начини на донесување одлука.

Во петто и шесто одделение предметот се изучува по слободен избор, а го предаваат класните раководители на одделенскиот час.

 

Учениците учат за проамериканска “Граѓанска култура”

Во седмо и осмо одделение предметот има поинакво име: граѓанска култура. Децата учат што е демократија, човекови права, но и што значат граѓанските права и одговорности. Во оптек се два учебника од две различни издавачки куќи.

Забелешката на наставниците кои го предаваат овој предмет е дека учебникот и целата програма е проамерикански ориентирани.

“Поимот демократија се поистоветува со САД. Како модел на целокупната демократија е земен американскиот устав. Се учи целокупниот модел на американското владеење. Како да сме сите Американци. Имаме чувство дека предметот е протуркан проект од САД, без соодветна подготовка и адаптација за нашето општество”, децидни се наставниците.

Другите забелешки на наставниците се однесуваат на самата изработка на учебникот. Во него има слики и илустрации, но ниту една од нив не е обележана. Нема објаснување што се наоѓа на сликата, ниту со која цел е поставена на страната, велат наставниците кои предаваат “граѓанска култура”.

Во учебникот се поместени содржини, како што се мир и толеранција, светското и европското културно наследство, потоа граѓанските иницијативи, како и граѓанската лојалност.

На крајот од учебникот има речник на помалку познати зборови. Таму поимот власт е дефиниран како појава во политиката која означува право на управување, поседување клучна политика, право или економска моќ.

 

Наставниците не добија подготовка

Наставниците објаснуваат дека за предавање на новиот предмет “граѓанско образование” од Министерството за образование добиле минимална подготовка, само еден семинар од три дена. Семинарот бил организиран за наставниците кои предаваат во одделенска настава. Оние што предметот го предаваат од 5 до 8 одделение, не добија ништо. “Чувствуваме дека тоа не е доволно. Фрлени се големи пари, ама луѓето што треба да ја предаваат таа материја поминаа само со едно предавање. Целосно неподготвени влеговме во наставниот процес”, коментира наставниот кадар.

Министерството за образование за предметните наставници буквално не направи ништо. Без никаква стручна подготовка наставниот кадар кој досега предавал историја на повисоките одделенија доби обврска да предава и граѓанска култура, како задолжителен предмет, еднаш неделно.

“Предметот зафаќа делови од историјата и затоа веројатно им е доделен на наставниците по историја. Но освен промоциите за двете книги, кои се одобрени за предметот “граѓанска култура”,  Министерството не одржа никаков тренинг, ниту семинар за наставниот кадар. Во неколку наврати беа најавени семинари, но пропаднаа во вода. Ништо не направија”, велат наставниците, кои предаваат “граѓанска култура” во осмолетките.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA