ОД ПОВЕЌЕ СТРАНИ Од срце за бегалците
Бегалците од Арачиново и од другите места зафатени од кризата, почувствуваа и нешто добро – многу граѓани од Скопје, во рамките на своите можности, самоиницијативно носеа помош во храна, облека или детски играчки во установите и домовите каде беа сместени. Помош бегалците добиваа и од хуманитарните организации, а Градот Скопје презеде акции, во координација со управите на домовите и институциите, за поправка на инфраструктирата, доградба на санитарните чворови и други потреби.
|