|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
живо на Интернет
Промоција на компаративната анализа „Интеграцијата на Ромите во Словачка и во Македонија”, од Ебен Фридман
Пренос може да го следите на следнава адреса http://broadcast.mt.net.mk Снимка од промоцијата ќе биде достапна на истата адреса.
|
Панел: Дали има потреба од специјални закони за заштита на посебни групи, во организација на МЦМС и СОЖМ Посебни закони за заштита на најранливите групи во општествотоВо законодавството на Република Македонија има потреба од донесување на закони кои би ја регулирале заштитата на посебните групи затоа што се покажа дека македонските државни институции немаат ефикасни механизми кои би ги обезбедиле човековите права на најранливите групи во општеството. | |
Панел: Завршна сесија-Можни стратегии за одржливост на граѓанскиот сектор во Македонија –следни чекори Организатор Центар за институционален развој (ЦИРа)На третиот ден од одржувањето на НВО Саемот, во организација на Центарот за институционален развој се одржa завршната сесија под наслов Можни стратегии за одржливост на граѓанскиот сектор во Македонија, на која беа сумирaн нацрт -заклучoците од конференцијата за одржливост на НВО секторот во Македонија, која низ седум сесии се одржуваше од 2 до 5 декември. При заокружувањето на конференцијата беа пресентирaни сумираните нацрт – заклучoци произлезени од материјалите презентирани и дускутирани од страна на учесниците од Република Чешка, Унгарија, Бугарија, Србија и Црна Гора и Косово кои своите практичи искуства ги изнесова на претходно одрaните сесии. | |
Презентација :Интегрирана заштита, културен предел-Примена на Европската конвенција од Фиренца; Организатори: Еколошкото друштво “Опстанок” и Урбис Интегрираната заштита кај нас е мисловна именкаЕколошкото друштво “Опстанок” и здружението Урбис од Скопје, беа организатори на презентацијата под наслов “Интегрирана заштита, културен предел-Примена на Европската конвенција од Фиренца”, на која говореа претставниците Јасмина Хаџиева, Живко Поповски и Ѓорѓи Хаџи Васков, насочувајќи го вниманието на присутните заинтересирани посетители на НВО саемот, на потребата во Македонија да се почитуваат и дополнително и да се регулираат обврските што произлегуваат од потпишната Европска конвенција за интегрирана заштита, културен предел | |
Социо-културен настан: Нашите празници-култура, религија и фолклор
Организатор :Детски парламент на Македонија за Штип и Карбинци Нашите празници-култура, религија и фолклорДетскиот парламент на Македонија за Штип и Карбинци со својот настап под наслов “Нашите празници-култура, религија и фолклор” во предвидениот тематски простор за социо-културен настан, на третиот ден од НВО саемот, побуди голем интерес кај бројната публика која дојде да ги види и чуе младите луѓе Македонци Роми, Власи и Турци од општините Штип, Злетово, Радовиш и од радовишкото село Тополница. | |
Панел за медиумите и хендикепот во организација на Полио плус Десет златни совети за медиумите од лицата со хендикепХендикепираните, односно лицата со посебни или специјални потреби не сакаат тие за медиумите само да бидат тажна приказна, сензација за еден ден или некој над чија судбина треба да се плаче. Затоа на панелот за медиумите и хендикепот во организација на Полио плус тие ги презентираа десетте совети за медиумите од лицата со хендикеп. | |
Социо-културен настан: Изведба на поемата “Незаборав” од Паскал Гилевски, Организатор: Сојуз на организации на жени на Македонија (СОЖМ) Впечатлива изведба на монодрама посветена на јазикотВо Салата Г, на вториот ден од одржувањето на Саемот на НВО, Видосава Грубач, актерка при Драмскиот тетар во Скопје, ја изведе монодрамата “Двајца црнци зборуваат македонски”- “Незаборав” по истоимената поема на Паскал Гилевски. | |
Презентација: Програмата на граѓанската платформа на Македонија за 2005-2006 АКТИВНОСТИ ВО СИТЕ СЕГМЕНТИ НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВОАмбициозната Програма на Граѓанската платформа на Македонија предвидува активности за сите значајни прашања во граѓанското општество во Македонија
| |
Панел на Младинскиот образовен форум (МОФ) Високото образование, корупцијата и студентските праваВо организација на Младинскиот образовен форум (МОФ), на вториот ден од 4 Саем на НВО, се одржа панел на темата “Високото образование, корупцијата и студентските права”. Претседавачот на панелот, пред да им препушти збор на воведничарите, ги истакна двата главни проблеми за кои ќе се разговара на дадената тема – корупцијата, и незаштитата на студентските права. | |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|