|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
ЕКОНЕТ
Промовирање на интернетот меѓу НВО кои работат на полето на животната средина
ЕКОНЕТ започна како неформална група за елекронска комуникација, во која партиципираа членови на 4 еколошки ЗГ (ФОМЕК-Скопје, Проактива-Скопје, Биосфера-Битола и Планетум- Струмица) во јануари 2002 година, со поддршка на Милиеуконтакт, канцеларијата во Македонија. Во ноември 2003 година ЕКОНЕТ се официјализира, добивајќи правен статус, во Центар за електронска комуникација-ЕКОНЕТ.
Мисијата и целта на ЕКОНЕТ е промовирање на интернетот како начин на брза и ефикасна комуникација меѓу ЗГ кои работат на полето на животната средина, институциите и заинтересираните граѓани, а со цел да се зголеми влијанието на еколошките ЗГ во нивната непосредна околина и на глобално ниво.
ЕКОНЕТ им овозможува на еколошките ЗГ нивните активности да бидат презентирани на пошироката јавност, размена на информации меѓу самите ЗГ, но и достапност на информациите од сферата на животната средина до сите заинтересирани.
Целите на ЕКОНЕТ се остваруваат преку следните активности:
?Одржување на веб-порталот www.eko.net.mk, кој содржи релевантни и временски ажурирни податоци за прашања поврзани со животната средина. Тој е кориснички ориентиран сајт, што значи дека секој заинтересиран може да се зачлени он-лајн и да стане дел од една интернет-заедница. Оваа опција овозможува не само пристап до содржините на порталот, како и користење на алатките и сервисите кои постојат на порталот, туку со зачленувањето на порталот се стекнува привилегија секој регистриран да поставува свои содржини и информации.
(Во моментов на порталот се регистрирани 335 администратори)
?Дистрибуција на еко-вести преку листа за дистрибуција, која во моментов има 965 членови (еколошки ЗГ, институции кои работат во сферата на екологијата, заинтересирани граѓани, како и бизнис-секторот, кој има допирни точки со заштитата и унапредувањето на животната средина. Бројката на членови на листатата за дистрибуција е во постојан подем, а што е посебно важно, во неа се вклучени сите ЗГ од РМ коишто работат на полето на екологијата и постојано постои проток на информации коишто се од интерес на нејзините корисници.
Издавање билтен (ова го правиме со цел достапност на информациите и до оние кои немаат постојан пристап до интернет (живееме во Македонија), а читатели на билтенот се членови на еколошки ЗГ, сите 123 единици на локалната самоуправа, надлежни институции, бизнис-сектор.
?Обуки на членови на еколошки ЗГ за користење интернет
Минатата година одржавме 16 обуки, во 15 града низ Македонија, на кои беа вклучени членови на еколошки ЗГ, кои добија не само обука за базично користење на интернетот, туку и како да се користи веб-порталот њњњ.еко.нет.мк, во смисла на зачленување, поставување информации и содржини, со кои обуки обучивме 200 членови на речиси сите активни еколошки ЗГ во Македонија.
Центарот за електронска комуникација ЕКОНЕТ во моментов има пет партнери, тоа се ЕД ФЛОРА-Крива Паланка, Грин пауер-Велес, Виножито-Штип, Ареал-Струга и Изгрев-Свети Николе (за кои ЕКОНЕТ обезбеди техничка поддршка од 5 компјутери и интернет-пакети (30 часа интернет со вклучен телефонски импулс), како и континуирана соработка со Новинарско-правниот центар ЕРИНА, значи на веб-порталот (во делот законодавство) постои дел за правни совети на он-лајн, коишто ги нуди ЕРИНА.
Центарот за електронска комуникација ЕКОНЕТ ги нуди и следните услуги:
Обуки за користење на интернет и компјутерски вештини, дизајнирани според потребите на нарачателите
?Веб-дизајн, изработка и одржување веб-сајтови и портали.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|