среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 3

   

м-р Благоја Трајковски

Ромите, односот на официјалните организации, игноранството, незаинтересираноста

Редица процеси што ги поттикнуваат општествата денес условуваат нивно приближување и наметнуваат потреба од форми на образование што ќе го олеснат взаемното разбирање. Интензивните миграции, кризите и слично, го поттикнуваат културното приспособување и изградба на копмлекс на модели на однесување кои во себе ги вградуваат барањата за взаемно прифаќање и почитување на разликите.

Животно прашање на денешната  епоха се негативните тенденции на опфатот во образованието (предучилишно, основно и средно образование). Предизвикот на соочување на современите промени го носи името на заложбите на Министертството за образование.

Оттаму, прашањето на согледбата на овие сосотојби и на суштината и нештата на нашето ангажирање на умствените и образовните потенцијали за подобрување на опфатот на децата Роми во воспитните групи пред поаѓање во училиштето спаѓа меѓу најзначајните (антрополшки, социолошки, политички и етички) проблеми. Работата е во рацете на оние кои ќе го спроведат проектот - наставници, советници, директори, министерства, родители, УНИЦЕФ и др.

Оваа цел, во својата комплексност, претпоставува посветување внимание на повеќе аспекти на непосредната средина на учениците; понатаму, разрешување на проблемите на опкружувањето и насочувањето на вниманието кон зголемување на опфатот, пред с‘е на ромската популација.

Создавањето услови за опфатот на децата бара многу повеќе од прикажувањето на некои статистички податоци, со што следува нужноста од соодветна животна и морална совест, висока, секојдневна и општа одговорност и облагодарувањето на ставовите и чувствата на дејноста на сите нас. Зошто толку многу деца-Роми на улица? Во недостиг на посериозни информации и официјални податоци, ќе илустрираме едно истражување реализирано во Скопје; по пат на случаен избор биле анкетирани 120 деца на улица на возраст од 15 год. Заклучоците од ова истражување ја покажуваат крајната дезинтегрираност на овие деца од пошироката социјална средина; живеат во апсолутна сиромаштија ,а голем дел од нив се без име и државјанство; минимално се застапени во образовниот систем, не поседуваат основно образование кое е предуслов за нивна социјална интеграција. Ромите во Република Македонија партиципираат со 2,2 отсто (43.707).

Процесот на опфатот на ромските деца најнепосредно се одразува на мрежата на воспитно-образовните организации. Тоа особено се изразува во мрежата на основните училишта, каде што се реформските зафати што ќе следуваат; забрзано се редуцираат училиштата, а има постојано дефицит на училиштен простор во новите урбани агломерации. Последните промени вршат некои позитивни корекции, со нужни понатамошни зафати. Прашањето на интеграцијата на Ромите во општеството може да се опише како еден „магичен круг“. Нискиот степен на образование, невработеноста, супстандардите се вистински проблем со кој се соочува оваа заедница, а кој се вика неинтегрираност. За да се случи интегрираноста на оваа популација, треба да се има добра волја од сите институции и структури, а се разбира и многу труд и работа во градење стратегија за решавање на проблемот на ромските деца.

Во последниве години, како резултат на многу проекти иницирани од граѓански организации, бројот на основците и средношколците добива нагорна линија. Мрежата на соработка - и формална и неформална ќе се развива како корисна поддршка на работата на инволвираните субјекти во проектите. Оваа мрежа треба да се развива меѓу (субјектите) училиштата, како и меѓу учесниците на проектите, со взаемно помагање и размена на искуства. Значајно е да се поттикнува проектот и понатаму да се потпира на добрите аспекти кон пристапот кон предметната и одделенската настава.

Во последно време, без исклучок, постои општо мислење дека образованието  во интензивна научно-техничка и технолошка развиеност станува неодминливо пресуден фактор за развитокот и непосредна движечка сила во општествениот и економскиот живот, проблеми на интеграцијата на „овие различности“, во поглед на културата, обичаите, јазикот, начинот на живеење.

Сите промени што настанаа или с‘е уште се во тек бараат поефикасно образование и едукативен процес кој ќе ги воведе во новите достигнувања на науката, техниката, технологијата и системот на управување на процесите.

Значајно е да се поттикнуваат проекти коишто понатаму ќе се потпираат на добрите аспекти во пристапот кон основното и средното образование. Во основното образование коешто сега трае осум години, понудата ја формираат основните училишта. Овој степен на образование е од јавен интерес, а оттаму не е предвидена можност за вклучување на приватниот сектор.

Во моментов образовната понуда во Република Македонија ја формираат 1.193 училишта со опфат на 337.711 ученици.

Затоа, во центарот на образованието треба да биде силниот поттик за опфат на Ромчињата, а за несигурноста на родителите во врска со реализација на проекти би можело да се побара начин за осознавање на практичните искуства и определените предности коишто треба да го зачуваат и надградуваат секој од проектите. Има една универзална практично-последична форма: Секој ежртва, но и причина за пропаѓањето!

Тоа условува и бара многу начини на однесување на луѓето што работат во образованието, свесност за условите и потенцијалите што ги имаме, изградба на висок етички став на одговорност кон овие млади луѓе; кон сите деца (со свест за единство на добрите намери и избегнување на лошите уништувачки постапки).

Пред с‘е, и во индивидуална и во институционална смисла, тоа значи дека длабока и незаобиколна е одговорноста за сите наши постапки со јасна слика и цел за проблемот и дејствувањето на секој од нас на овој дел од задачите. Суштината е дека индивидуалното и социјалното се условуваат и поттикнуваат меѓу себе. Мрежата на поддршка треба да одигра корисна и голема улога во натамошното развивање на проектите од овој вид. Овие млади луѓе во својот живот треба да имаат перспективно однесување и свест за иднината и одговорност за иднината.

Периодот што настапува е иновирање на образованието, како во доменот на управувањето и раководењето, така и во доменот на самиот воспитно–образовен и научно–истражувачки процес.

Свесни сме за фактот дека проблемите на Ромите во образованието, односно за нивното вклучување се и проблеми на македонското општество. Решавањето на овој проблем ќе зависи од генералните општествени трендови, а пред с‘е во делот на образованието.

 Предлагаме планови за натамошно реализирање и проширување со предложени активности, и тоа:

I.

  1. Изработка на инструменти за опфатот на ученици во основно образование (пол, место, националност);
  2. Изработка на инструменти за опфат на посетителите во основното образование на возрасните (пол, место, националност);
  3. Изработка на инструменти за опфатот на учениците во основното образовните училишта со посебни потреби) пол, место, националност;
  4. Изработка на инструменти за опфатот на ученици во ученичките домови за основно и средно образование (пол, место, националност).

II.

  1. Обработка на податоци за опфат на учениците во основното образование (пол, место, националност);
  2. Обработка на податоците за опфат на посетителите во основното образование на возрасните (пол, место, националност);
  3. Обработка на податоците за опфат на учениците во основните училишта и паралелки за деца со посебни потреби (пол, место, националност);
  4. Обработка на податоците за опфат на учениците во ученичките домови (за основно и средно образование по пол, место, националност, струка, образовен профил).

III.

  1. Анализа на опфатот на учениците во основното образование (пол, место, националност);
  2. Анализа на посетителите на основното образование на возрасните (пол, место, националност);
  3. Анализа на опфатот на учениците во основните училишта и паралелките за деца со посебни потреби (пол, место, националност);
  4. Анализа за опфатот на учениците во ученичките домови (за основно и средно образование, пол, место, националност).

IV.
Предлог-мерки и активности кои ќе произлезат од секоја анализа:

  • советување со директорите од основните училишта, ученички домови;
  • избор на координатори од основните училишта и нивна обука;
  • обука на стручните соработници од училиштата и ученичките домови;
  • обука на родителите со цел подигнување на свеста за потребите од образование на нивните деца.

Кажуваме за едно просечно ниво во рамките на државата, коешто ќе овозможи еден поправеден пристап до можностите и ресурсите за развој. За реализација на еден ваков проект не се потребни којзнае колку пари, оттаму тој елемент не може да се зема како оправдување за неспроведувањето на еден таков проект. Ова го доживуваме како одговорност на целото општество, политиката и роковите што ќе ги преземеме на подолга патека, а за ова најголем удел можат да дадат позитивните мислења на образованието и оние што се наоѓаат во кругот на сиромаштијата.

Со оглед на тоа што локалната самоуправа, по дефиниција , е место каде што би требало примарно да се манифестираат голем број од потребите и интересите на граѓаните, се претпоставува дека таа треба да биде и место каде што треба и може во најголема мера да се доживува и етничкиот идентитет и каде што би требало да започне и разрешувањето на проблемите по овој основ.

Појдовна претпоставка во изнаоѓњето на „спојката’’ меѓу локалното управување и поставувањето и разрешувањето на образовните потреби е во наоѓање решенија коишто се потпираат на образовниот процес. Токму институциите на локална самоуправа им овозможуваат на луѓето да размислуваат за нивна етничка припадност. Целите на територијалната поделба можат да бидат различни и не мора нужно да водат кон акомодирање на различни етнички, јазична или други групи. Доколку децентрализацијата е проследена со вистинско демократско плуралистичко владеење во секоја територијална единка со еднакво респектирање на човековите и малцинските права, како и национално ниво, и доколку таа создава услови под кои малцинставата можат подобро да го зачуваат својот идентитет, но и да обучуваат на плуралистичка демократија, во тој случај локалната самоуправа придонесува во олеснувањето на организацијата и едукацијата на малцинствата.

На ниво на локални заедници (посебно во примарното и секундарното образование) е потребно едукативно дејствување преку неформални работни структури (семинари) во пределите каде што живеат малцинства во значаен број, за разгледување, размена на искуства и предлози по прашањата од малцинските права, како што е образованието.

И, на крајот, принципот на заштита на малцинствата (посебно на локално ниво), мора секогаш да се базира на премисата за лојалноста на нивните припадници кон државата чиј дел се тие. Оваа премиса не е дадена еднаш засекогаш, така, и уште повеќе во моменти на потреба од масовно изразување на прифаќањето на системот, односно на структурно-институционалното конципирање на државата.

Во тој контекст, с‘е повеќе се истакнува потребата од сеопфатно гледање на образованието чиј квалитет започна да се мери и вреднува врз основа на јасно утврдени параметри: целосен опфат на генерациите за задолжително средно образование на наставните програми.

Сепак, обврската на државата за обезбедување образование за сите деца не е исполнета докрај кај определени вулнерабилни (ранливи ) групи, за што е потребно посебно истражување за нивно целосно опфаќање во образовниот систем на Република Македонија.


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA