Q&A
Прописи со кои се регулира патувањето во странство
1. Службените патувања во странство се регулираат со следните прописи: · Општ колективен договор за јавните служби, јавните претпријатија, државните органи, органите на локалната самоуправа и други правни лица кои вршат нестопанска дејност; · Грански колективни договори; · Решение за највисоките износи на дневници за службени патувања; · Закон за данокот на добивка; · Закон за персоналниот данок на доход.
Во општиот колективен договор не е пропишан начинот на пресметката и исплатата на дневниците за службените патувања во странство, туку оставена е слобода ова прашање да се регулира со гранските колективни договори.
Гранските колективни договори пропишуваат упатувачка норма, односно пресметувањето и исплатата на дневниците за службени патувања во странство, да се уреди согласно Уредбата за издатоците за службени патувања и селидби во странство што на органите на управата им се признаваат во тековни трошоци, а висината на дневниците да се утврдува во согласност со решението за највисоки износи на дневниците за службени патувања и селидби во странство што на органите на управата им се признаваат во тековни трошоци.
2. Решение и налог за службено патување
Решение и налог за службено патување во странство издава органот на раководното лице на органот на управата.
Решението за службено патување во странство треба да содржи: име и презиме на лицето кое патува, работи и задачи што ги врши, цел на патувањето, назив на државата и местото во кое се патува, датум на патувањето и враќањето, односно траењето на слу‚беното патување, видот на превозот што ќе се користи, како и сместување и исхрана, ако се натовар на друг орган или организација.
Налогот за службено патување содржи: име и презиме на лицето кое патува, работи и задачи што ги врши, цел на патувањето, назив на државата и местото во кое се патува, датум на поаѓањето и враќањето, односно траењето на слу‚беното патување и видот на превозот што ќе се користи на службено патување.
3. Издатоци за службени патувања
Издатоците за службено патување во странство ги опфаќаат издатоците за сместување, за исхрана и за превоз.
Издатокот за сместување при службеното патување во странство се пресметува врз основа на платена сметка за хотел со категорија до четири ѕвездички. Тоа значи дека на работникот му се признаваат трошоци за сместување според хотелската сметка. Под сместување не се подразбира сместување за дневен одмор.
Издатоци за исхрана – издатокот за исхрана за време на службено патување во странство се пресметува преку дневницата. Највисокиот износ на дневницата за службено патување во одделни држави се одредува со посебен акт на Владата на Република Македонија.
Во случај кога заради прекин на патувањето со авион трошоците за исхрана и сместување ги сноси авионската компанија, се исплатува 20% од утврдената дневница, односно 50% - ако ги сноси само трошоците за сместување.
Ако во цената на билетот за патување со брод се пресметани и трошоците за исхрана и ноќевање, се исплатува 20% од утврдената дневница.
Издатоците за користење кола за спиење за службено патување во странство се пресметуваат во износ од 50% од утврдената дневница ако:
- патувањето трае непрекинато најмалку 24 часа; - се патува ноќе од 22 часот до 6 часот; - се патува најмалку 6 (шест) часа ноќе по 20 часот.
Издатоците за превоз за службено патување во странство се пресметуваат во висина на цената од патничкта тарифа за превоз со средство од оној вид и класа што е одобрено да се користи на службено патување.
4. Дневници
Под службено патување во странство се подразбира службено патување од Република Македонија во друга држава, од една држава во друга држава и од едно место во друго на територија на друга држава.
Износот на дневницата за одделни странски земји е утврден со посебен акт на Владата на РМ, односно со решение за највисоките износи на дневници за службени патувања и селидби во странство што на органите на управата им се признаваат во тековни трошоци.
Износот на дневницата се исплатува, и тоа:
- 50% од утврдената дневница, ако се поднесе сметка за сместување, како и во случаи кога сместувањето не паѓа на товар на органот на управата; - 20% од утврдената дневница, ако издатоците за сместувањето и исхраната не паѓаат на товар на органот на управата. - 5% од утврдената дневница, ако издатоците за стручно оспособување и усовршување не паѓаат на товар на органот на др‚авната управа, а престојот е над 30 дена. Под стручно усовршување се подразбира посета на семинари, курсеви, симпозиуми и други видови средби организирани во странство на мултилатерална или билатерална основа.
5. Услови под кои се пресметува дневницата
Пресметка на издатоците за службени патувања во странство се одредува преку дневница, и тоа:
- една дневница за секои 24 часа помината на службено патување во странство и ако вкупното патување трае подолго од 12 часа; - половина дневница – за време од 12 часа поминати на слу‚бено патување во странство, како и во случај кога остатокот од времето во континуитет е подолго од 8 часа.
Дневницата определена за др‚ава во која се патува службено се пресметува од часот на преминување на границата на РМ.
Дневницата определена за држава од која се доаѓа – до часот на преминувањето на границата на Република Македонија.
Ако за службено патување се користи авион, дневницата се пресметува од часот на полетувањето на авионот од Р. Македонија, до часот на враќањето на авионот во Р. Македонија.
Ако службено се патува во повеќе земји, во заминувањето се пресметува дневницата утврдена за државата во која започнува службеното патување, а при враќање се пресметува дневницата утврдена за државата во која е завршено службеното патување.
Користен материјал: Општ колективен договор на правните лица кои вршат нестопанска дејност; Билтен ФВ, Уредба за издатоците за службени патувања.
Подготвила, Милка Божиновска-Миова
|