среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 3

   

Елена ТаШкова

БУДЕЊЕ НА СВЕСТА КАЈ РОМИТЕ ЗА МОЌТА НА ОБРАЗОВАНИЕТО

    
1. Улогата на образованието
                                                                                                                                                                                                      
Најзначајна дејност на човештвото е образованието. Тргнувајќи од овој факт, доаѓаме до заклучокот  дека образованието ни овозможува лични и заеднички дострели кои водат до осмислување и усовршување на нашиот живот. Стекнувајќи сеопфатни знаења, го оправдуваме своето постоење. Образованието ни помага да ги отвориме очите, да го разбереме светот, да стекнеме големи знаења Образованието е најсилно орудие на човекот и како такво ни ги покажува патиштата на прогресот, како правилно и добро да се живее, да се зацврсти разумот и моралната свест. Воспитната компонента што во себе ја содржи образованието овозможува нашите деца да се изградат во здрави, комплетни личности, стожери на демократското општество.

Новото демократско општество коешто сите заедно го градиме, меѓу другото, треба да понуди можност за подобрување на образованието на секој поединец, независно од неговата етничка припадност. Можноста за подобрување на образованието не треба да резултира со личен напредок на сметка на другиот, туку како обележје на демократијата треба да резултира со заедничко добро. Самоиницијативноста, решеноста на секого за промена , подобрување на своето образование, треба да биде долгорочна определба на секого, а истовремено, тоа е  долгорочна придобивка за себе и за другите.           

Во Република Македонија, како земја со хеторегена структура од етнички, верски, но и социјален аспект, егзистираат голем број училишта со мешана национална и верска структура. Додека пред сто години само 5 отсто од населението беше опфатено со образование, денес со основно образование задолжително со законот е опфатена речиси сета млада популација.
Во досегашната образовна практика, во Р. Македонија се прават огромни напори од страна на сите општествени и државни сегменти за целосно интегрирање на припадниците на етничките заедници во образовниот систем на Р. Македонија.

Образованието како примарна цел и генерирањето на подготвеноста и самоиницијативноста кај Ромите за постигнување на оваа цел треба да бидат едни од приоритетните интересни сфери на сите општествени и државни сегменти и невладиниот сектор. 

Целисходноста од поголемата опфатеност на децата Роми во образовниот систем е во севкупниот напредок на Р. Македонија на патот кон нејзината успешна демократизација и кон европската интерграција.


2. Слабите страни на образовниот систем

                                                                                   
Трансформацијата на нашето општество во отворено демократско општество секако дека се заснова и на неопходната коренита реформа во образовно-воспитниот систем, како суштествена форма на социјално дејствување. Овозможувањето клима и поучување на децата за реализирање трансфер на знаења на своите сооученици Роми, почитувајќи ја нивната личност и разликите, се едни од можностите за помош и мотивираност на учениците Роми да бидат истрајни и одговорни кон своите обврски и одговорни кон наставно-воспитниот процес. Секако дека осовременувањето на наставата бара современа технологија, соодветни просторни услови, а најмногу од сe потреби од човечки ресурси, кои се подготвени да ги прифатат и спроведат промените и да се приспособат кон нив. Вклучувањето на нашиот воспитно-образовен систем во современите европски образовни текови и неговата трансформација во ефикасен и ефективен систем којшто ќе даде еднаква можност за образование на секое дете е голема задача што стои пред сите инстанци од нашиот образовен систем. Проблемите со коишто се среќаваме во процесот на глобализација на современата модернизација на воспитно-образовниот  систем се многубројни. Промените не можат  да настанат  веднаш, но во истрајноста при имплементацијата на темелните промени во наставните планови и програми лежи клучот на успешната образовна реформа.  Според членот 28 од Конвенцијата за правата на детето, државите членки му го признаваат правото на детето на образование и поради постепено остварување на ова право врз основа на еднакви можности, посебно, и го прогласуваат основното образование за задолжително и бесплатно за сите.

И покрај тоа што нашата држава ја ратификува оваа конвенција, сведоци сме на малиот процент на децата Роми опфатени со образование, почнувајќи од предучилишното, преку основното и средното, каде што нивниот процент рапидно опаѓа. Особено нагласен проблем кај припадниците на оваа етничка заедница е нивниот несериозен пристап кон образованието. Сe уште неписменоста е присутна кај овој етнос, што е еден од отежнувачките околности за нивна интеграција во сферите на нивното општествено живеење. Истовремено, неписменоста ја стигматизира и нивната маргинализираност.


3.  Причини за слабата застапеност на Ромите во образованието

Припадниците на ромската заедница заедно со сите граѓани на Македонија се соочуваат со многубројните проблеми во нашето општество. Најевидетни проблеми со коишто се среќаваат најголем процент од Ромите се следните: сиромаштија, невработеност, супстандардни услови за живеење, ниско образовно ниво на родителите,  питање, ниска здравствена заштита и енормна разлика во соодносот „деца на улица“ и  деца Роми редовни во следењето на воспитно-образовниот процес.

Сите одговорни иституции во државата преземаат активности за разрешување на овој проблем. Но, сведоци сме дека и покрај добрата волја, образовните проблеми на Ромите и понатаму остануваат нерешени. Верувам дека многумина си го поставуваат прашањето за генезата на овој проблем. Правилната дијагноза скоро секогаш води кон загарантиран успех. Како можни причини би ги навела следните:

  • ниската образовна квалификација на родителите Роми;
  • лошите социо-културни одлики;
  • закоренетите предрасуди за овој етнос;
  • непостоењето меѓуетнички дијалог и самозапознавање;
  • стереотипен и конзервативен идентитетот на Ромите;
  • незаинтересираност и мотивираност за инвестирање во образованието за градење  или доградување на интелектуалните капацитети на детето  Ром;
  • економска немоќ за обезбедување на потребните наставни средства и помагала;
  • недоволна информираност и мотивираност за моќта на образованието кај овој етнос;
  • општествено исклучување или неадаптирање во изменетите пазарни односи.  

Овие неколку  причини се сметаат за клучни за проблемите на   Ромите во сферата на образованието и нивното општествено живеење.
Ако се тргне од ниското образовно ниво на родителите Роми како една од фундаменталните причини за слабите резултати на децата Роми  во образованието, како и нивната неистрајност во своето школување, ќе се дојде до констатацијата дека самите родители не можат да одговорат на својата основна родителска должност - грижа за воспитанието и образованието на своите деца.  

Секое дете, без разлика на својата етничка припадност, има желба да учи, да биде забележано, признаено, пофалено. Родителите кои   неуспешно ја остваруваат својата воспитна функција во семејството се карактеризираат со тоа што не соработуваат со училиштето и наставниците воопшто, не се заинтересирани за успехот и редовноста на своето дете.

Сето ова негативно се ефектуира врз децата и врз овие деца влијае средината со своите вредности и ставови. Голема е веројатноста  дека кај овие ученици влијанието на средината е неконтролирано и доминантно и едноставно ги повлекува овие деца од школските клупи, трансформирајќи ги во т.н. „деца на улица“.

Честото практикување на гетоизирањето во определен дел од градот, во супстандардни услови за живеење и катастрофална инфраструктура, изолираноста, маргинализираноста, слабата комуникација и чувството на инфериорност поради различноста, исто така негативно се ефектуираат врз успешноста на образовниот процес.


4. Можни предлог-решенија за надминување на проблемите со    образованието на Ромите                

Мултиетничката демографска карта на Македонија налага заложба за градење нов демократски концепт, кој ќе промовира меѓуетнички дијалог, разбирање, интеракција и поттикнување на интегративни општествени процеси коишто ќе резултираат со континуитет во подобрувањето на образованието на Ромите.  За да бидат овие придобивки очигледни за сите страни неопходно е да се стави фокус на следните организирани активности:

  • Интерактивна системска борба против стереотипите и предрасудите и взаемно запознавање и самопомош;
  • Едукација за стекнување на основните социо-културни и хумани вредности кај родителите Роми;
  • Организирање курсеви за квалификација или преквалификација од страна на Министерството за образование, или реанимирање на работничките универзитети, за докомплетирање на образованието на Ромите  и стекнување на потребните сертификати;
  • Формирање на ресурни центри за нудење на потребните предзнаења за подготовка на децата за вклучување во образовниот систем;
  • Обезбедување дополнителна помош и менторство во совладувањето на наставните содржини на децата што се вклучени во образовниот систем; 
  • Организирање предавања во училиштата од страна на служби и наставниот кадар за родителите Роми за да се сфати моќта на образованието;
  • Формирање мобилни екипи за работа на терен, домашни посети за мотивирање на Ромите за истрајност и редовност во училиштето;
  • Хуманитарна помош во учебници и училиштен прибор и хигиенски средства;
  • Поголем јавен настап и медиумско претставување на успешни претставници од ромската заедница, заради зголемување на мотивираноста и будењето на свеста за моќта на образованието;
  • Глобална стратегија за изградување претприемнички дух кај детето Македонец за да му помогне на детето Ром во трансферот на знаења за да биде и тоа во чекор со него, во следењето на образовниот процес;
  • Иницирање разни форми на неформално образование за Ромите од страна на невладиниот сектор, кои ќе имаат суштинско значење и индиректно ќе го подобрат квалитетот на формалното образование.

Во денешно време сведоци сме на тенденциите и напорите на невладиниот сектор  за разрешување или минимизирање на образовните проблеми на ромската етничка заедница. Нивните активности се лоцирани претежно на полето на развојот на неформалното образование на  Ромите. Имплементацијата на повеќе проекти од оваа област секако дека ја поместија состојбата од нултата  точка. Но, за жал, тоа се само ромски невладини  организации, така што се повторува  практиката на групирање  по етничка основа, изостанува мултикултурниот дијалог и комуникација и партнерскиот однос како идеален и прифатлив модел во кој е инкорпорирано постигнувањето на успешните резултати во сферата на образованието.

Организирањето форми на неформално обаразование станува јасна потреба којашто треба да се поттикнува и поддржува.

Сите граѓани на оваа држава треба да ја понесат одговорноста на новото време и да преземаат чекори за идентификување на проблемите и да даваат предлог-решенија коишто со интензивна и ефективна меѓусебна соработка и комуникација ќе донесат подобра иднина, пред сe во доменот на образованието.
Новите предизвици и иницијативи треба да бидат во насока на градење партнерски односи помеѓу невладиниот сектор и владиниот и приватниот бизнис-сектор. Потребата од едукација на ромската заедница  е реалност и треба да биде насочена, покрај стекнувањето на образовните основи, и на примарни знаења од информациската и компјутерската технологија. Воведот, стекнувањето и примената на овие знаења ќе им помогне на Ромите полесно да се снајдат во новите пазарни услови на стопанисување и периодот на транзиција, како и во сегашните текови на општествено-економскиот процес во државата.

Иницирање проекти коишто ќе придонесат за надминување и разрешување на образовните проблеми на Ромите треба да се интензивира и развива и да биде секојдневен предизвик на сите граѓани на Македонија.

Со креирањето нова организирана системска програма, ќе се помогне  во подигнувањето на нивото на образование на Ромите, подигнувањето на свеста кај Ромите дека моќта е во образованието и дека инвестирањето во едукацијата е најисплатлива инвестиција којашто ќе им го олесни нивното интегрирање во сите сфери на општественото живеење. Воспоставувањето позитивни етнички релации во македонското општество, градење и одржување на меѓусебната доверба, повисок степен на комуникација и запознавање и осознавање на различните културни обележја и вредности, ќе придонесе за градење на заедништво, единство на мулитиетнички и мултикултурен  план.

Ова треба да биде основна заложба на секој поединец кој својата иднина и иднината на своите деца ја гледа во интегрирана Македонија.

За крај, би завршила со мислата на Аристотел: „За секое постоење е потребна цел, идеја, дејствување и дејствувач кој ќе го реализира тоа“. 

Во колкава мера ќе успееме да го реализирама ова и да бидеме ефективни и ефикасни останува да видиме. 

 


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA