|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Вовед
Сепак се врти
Во време кога според сите наши проценки и според новиот пристап на Европската унија за комуникација со јавноста е потребно конкретизирано информирање на специфични целни групи Македонскиот центар за меѓународна соработка не израдува со токму таков прирачник за граѓански здруженија. Една од најдобрите практики во дисиминација на информации, идеи и воопшто вредности е да се делува правовремено.
А моментот е таков. Македонија за кусо време зачекори длабоко во матрицата за обединување на Европскиот континент. Иако станува за идеја за вредности таа не е ефемерна категорија туку се состои конкретизирани целини од принципи, норми и практики преточени во политики, регулативи и директиви кои земјата аспирант мора да ги познава. И не само да ги познава туку и применува и користи.
Значаен сегмент од корпусот активности кои го шират благородниот „вирус” на европската идеја е граѓанското општество реализирано преку граѓанските здруженија. Оваа општествена категорија е значаен двигател на процесите за интеграција не само во напредниот свет туку и за интеграција на прогресивните сили во државата. Не случајно Генералниот секретар на Обединетите нации и Нобеловец Кофи Анан вели – „бизнисот, трудот и граѓанските организации имаат вештина и ресурси кои се доволно витални да го помогнат градењето на поробусна глобална заедница”.
Европската унија исто така има добра практика на негување на културата на граѓанското општество. Владата на Република Македонија го препознава значењето на граѓанскиот сектор кој всушност е најдинамична структура на популацијата бидејќи е релевантен глас и истовремено пропонент на потребните промени и реформи преку корективната и алармирачка улога. Владата го помага овој сектор на повеќе начини и во соработка со ЕУ преку КАРДС Националниот стратешки документ и преку повеќегодишните индикативни програми во чии рамки е приоритетот за демократска стабилизација и владеење на правото. Сакам да нагласам дека Владата отвора нови перспективи за граѓанскиот сектор преку учеството во Програмите на заедницата, особено преку програмите како што се Млади или Ерасмус Мундус.
Конечно, се радувам што можам да констатирам дека граѓанските организации во Македонија во една експресна генеза, низ секојдневанта напорна работа во целото сложено општествено ткиво, успеаа да изградат респектибилно портфолио и атрибут - тим за иднината.
Можам да порачам – заедно да го забрзаме времето. Оттаму, работата нема да престане, ќе престанат само процесите на ретрогнадност и позицијата статус кво.
Сепак се врти.
Радмила Шекеринска, Заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија одговорна за водење на процесот на европска интеграција и координација на странска помош
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|