Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 45 Јануари 2005  Тема

Институтот за трајни заедници заминува од Македонија

Девет години посветени на граѓанскиот сектор во Македонија

Заштитата на животната средина, фокус за првата фаза

Првата поддршка што ИТЗ му ја даде на македонското граѓанско општество им беше наменета на еколошките организации или на оние што спроведуваа проекти за заштита на животната средина. Причината за изборот на екологијата како единствен фокус беше претпоставката дека оваа тема може да побуди граѓански интерес. Почнувајќи од 1995 година па с$ до завршувањето на првата фаза во 1998 година, беа поддржани 66 организации, а спроведени 70 проекти чија вред­ност изнесуваше 326.000 американски долари. Организациите можеа да конкурираат на чети­ри кон­курси, а мак­си­малниот буџет на проектите беше 5.000 за самостојните, односно 7.000 УСД за коали­цис­ките проекти.

Во овој период ИТЗ фор­мира пул на локални обучу­вачи. Тие самите беа обу­чувани, а потоа спро­ведуваа обуки кај орга­ни­зациите што ги под­држа ИТЗ со грантови.

По завршувањето на првата фаза од Програмата, погле­дот назад укажа дека бројот на вклучени организации е многу голем поради што нема­ло можност да се по­свети доволно внимание и значајно да се влијае на градењето на капацитетот на организациите. Заради тоа, препораката за следната фа­за беше Програмата да се фокусира на одреден број организации кои ќе бидат развивани. Освен тоа, пре­порачано е да се про­шири тематскиот фокус, освен еко­логијата да бидат вклу­чени и други те­ми.


Јакнење на капацитетот на 27 организации

Спроведувајќи ги препораките на дело, ИТЗ во втората фаза на Програмата за демократска соработка избра 27 организации чиј капацитет требаше да го развива. Немаше ограничување во врска со темите на кои работат организациите.

Шест од вклучените организации требаше да подготват локални еколошки акциски планови (ЛЕАП), па нивната програма беше поспецифична. Еден од критериумите кај овие организации беше и соработката со локалната самоуправа заради тоа што документот што требаше да биде подготвен на крајот требаше да го усвои Советот на општината.

“Во втората фаза развивме и испорачавме повеќе обуки”, вели Жарко Конески, ракводител за обука и комуникација. “Орга­низациите вклучени во Програмата можеа да ги проследат обуките за организациско јакнење, за лобирање и за застапување, за менаџмент на ГО, за медиуми, за мобилизација на фондови и за партнерства”, додава Конески.

Во текот на спроведувањето на ДемНет во втората фаза се случи и косовската криза. “Во текот на кризата, голем дел од организациите ги прекинаа своите редовни активности”, вели Зоран Стојковски, раководител на проекти и координатор на програмата за млади. “ИТЗ им излезе во пресрет на новите потреби на организациите произлезени од промената на контекстот и ги поддржа со финансиска помош организациите во Дебар, во Гостивар и во Струга. Поддршката беше наменета за хуманитарна помош”, рече Стојковски.


Уште поголем интерес

Интересот на граѓанските организации да ја добијат под­дршката на ДемНет уште повеќе се зголеми во третата фаза која започна во 2000 и траеше до 2002 година. На конкурсот се пријавија повеќе од 200 организации од кои беа избрани 28 нови кои ќе станат дел од ДемНет.

“Дел од организациите од претходната фаза останаа и во следната фаза”, вели Стојковски. “Основниот критериум беше партнерство со локалната самоуправа, бизнис-секторот, националните власти или другите актери.”

Карактеристика на третата фаза беше продолжувањето на ЛЕАП-ите. Организациите сега беа поддржани за да ги импле­ментираат подготвените и одобрени планови. Под­дрш­ката беше до 15.000 УСД.

Дел од новите организации беа поддржани да направат акциски планови на заедниците. Тие требаше да вклучат ком­плетен развој на заедницата, почнувајќи од економијата, преку образованието, па с$ до културата.

Во текот на третата фаза на ДемНет беа распишани и шест конкурси за мали грантови кои беа достапни и за организациите надвор од селектираните.

Во третата фаза бројот на поддржани организации беше нај­голем и изнесуваше 146. Вкупната сума инвестирана во третата фаза изнесуваше 650.254 УСД.


Повторно фокус

На крајот од третата фаза беше утврдено дека бројот на опфатени организации е голем и дека е потребно Програмата да се фокусира за да се постигнат резултати и тие бидат видливи.

Во четвртата фаза која траеше од 2002 до 2004 година беа селектирани 41 организација кои работеа на повеќе различни теми како родовите прашања и маргинализираните групи, младинските прашања, развојот на заедницата, превенцијата на конфликти и трговијата со луѓе. Финансиската поддршка во оваа фаза изнесува 858.650 УСД.

Центар за институционален развој – ЦИРа

Една од целите во четвртата фаза од спроведувањето на ДемНет беше формирањето локална организација – наследник која ќе продолжи да работи на развојот на граѓанското општество во Македонија. “Основањето на ЦИРа го сметаме за директна придобивка од јакнењето на нашиот капацитет”, вели Зоран Стојковски, прет­седател на организацијата. Организацијата ќе работи на градење на капацитетот на граѓанските организации и локалните заедници, на зајакнувањето на соработката и координацијата меѓу водечките ГО и организациите поддржувачи на граѓанското општество, на подобру­вање на јавниот имиџ на ГО, ќе се залага и ќе лобира за теми кои се поврзани со граѓанскиот сектор и ќе работи на развојот на локалната филантропија и одржливоста на секторот.


Цели на ДемНет

Подобрување на способностите на граѓанските организации за залагање и градење коалиции;
Пошироко граѓанско учество преку граѓанските организации во одлуките за јавните политики;
Создавање модели на успешно граѓанско учество во донесување одлуки;
Подобрување на одржливоста на граѓанските организации;
Градење неформални мрежи и партнерства помеѓу граѓанските организации;
Поттикнување на развојот на организациите за поддршка.

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA