ВО ПРИФАТИЛИШТЕТО НА „МЕЃАШИ”
Нов живот во раселеничката епопеја
Во Прифатилиштето на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши”, се роди бебе. Мајката на момченцето е раселено лице од Арачиново. Во раселеничката епопеја на арачиновци, ова беше протолкувано како добар знак и нишка на надеж. Инаку, ова бебе е прво кое е родено во прифатилиштето на „Меѓаши” и воедно прво родено дете од раселените лица. На истиот локалитет, се очекува наскоро уште едно доаѓање на свет на ново бебе, а и на двете новороденчиња, нивните родители и сите други раселени лица им посакуваме да жовеат во мир во нивните домови.
|