ЕЦХО И УНИЦЕФ
Децата се Исти и Кога се Различни
Канцеларијата за хуманитарна помош на Европската комисија ЕЦХО ја финансира "Кампањата за општествено вклучување на децата со посебни потреби", под мотото "Децата се исти и кога се различни", која беше промовирана на 21 март, годинава. Кампањата ќе ја спроведува УНИЦЕФ во соработка со Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија.
Целта на кампањата е да се деинституционализира престојот на децата со посебни потреби од досегашните класични прифатилишта и тие активно да се вклучат во заедницата. Со кампањата се предвидува да се отворат дневни центри во Тетово, во Велес, во Прилеп, во Делечево и во Манастирец кај Македонски Брод. Дневните центри не се планирани како затворени простории. На промоцијата беше претставен и анимираниот лик Бате, кој ќе биде дел од карневалите и од куклените претстави што ќе се организираат во овие градови. Во Република Македонија се регистрирани 3.300 деца со посебни потреби. Европската комисија за оваа намена додели 2,6 милиони евра, а проектот, покрај отварањето дневни центри, опфаќа и јакнење на јавната свест за потребите и за заштитата на овие деца.
Г. Ш.
|