Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 18 Јули 2002  Форум

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ

ТЕМА ЗА ДЕБАТА

Зошто ни е потребен НВО саем?

Прашањето кое го поставуваме на ФОРУМ-от на „Граѓански свет” во овој број, се однесува на еден планиран настан - Саемот на НВО, кој се востанови минатата есен, со интенција да прерасне во традиција. НВО саемот минатата година ги надмина очекувањата на повеќемина - тој покажа извонредно богатство на невладини организации, проекти, активности, продукти. Тој исто така претставуваше и форум за дискусии на различни теми, а беше посетен не само од невладиниот сектор и од медиумите, туку голем интерес за него покажаа и државните органи.

Навраќајќи се на тој настан, а во очекување на идниот, овогодишниот НВО саем, Ви го поставуваме прашањето кое се однесува на потребата и значењето на оваа манифестација. Вашите одговори и размислувања на оваа тема можете да ги доставувате на ФОРУМ-от на веб-страниците на „Граѓански свет”: www.civicworld.org.mk  и www.graganskisvet.org.mk . За почеток, претставуваме неколку размислувања на оваа тема:

Даниела Стојановска, ДЕМ:
НВО саемот е многу важен за работата на невладините организации. Пред сe, заради нивното поврзување и запознавање на многубројните невладини организации во Македонија, како меѓусебно, така и со донаторите, со владините органи, со бизнос-секторот и се разбира, со граѓаните.

Иван Додовски:
Живееме во радикално партизирано општество. Има луѓе кои, за жал, мислат дека е тоа нормално и дека партијата треба да биде единствениот видик на граѓанинот. НВО саемот може да помогне да се урне таа заблуда, истакнувајќи ги можностите и предизвиците на граѓанското делување. Покрај тоа, НВО саемот е и средство за демистификација на сите клевети против невладиниот сектор, кои во последно време стануваат се пожестоки.

Грамос Шабани, МЦМС:
Саемот на НВО е вистинско место каде граѓаните на лице место можат да се запознаат со активностите на невладините организации од земјата. Исто така, тоа е место каде се разменуваат мислења и идеи меѓу самите невладини организации.

 


--------------------------------------------------------------------------------

ОД МИНАТОМЕСЕЧНАТА ДЕБАТА

Дали НВО треба да се вклучат во активности поврзани со изборите?

Минатиот месец начнавме едно прашање кое денеска претставува вистинска топ-тема: Дали НВО треба да се вклучат во активности поврзани со изборите? Ги претставуваме размислувањата на неколку лица активни во невладиното движење:

Билјана Бејкова, Евро Балкан:
Одговорот е дефинитивно – да. Невладините организации треба да бидат вклучени во изборниот процес, но во функција на граѓаните, а не на политичките партии. Граѓаните треба да бидат запознати за своите гласачки права, треба да бидат информирани и едуцирани, а ако правата им се прекршени, треба да знаат каде да се обратат – а тоа се функциите кои во изборниот процес ги преземаат невладините организации.


Пеце Талевски, ОХО:
Секако, инаку која е смислата на невладиното организирање? Не ни вреди залагањето за правата на кучињата-скитници, ако немаме демократски избори.


Нијази Асановски:
Мое мислење е дека НВО треба да земат учество во изборните активности, заради спречување на разните манипулации од страната на политичките партии и загрозување на граѓанското право на глас. Пред 4 години голем број граѓани беа изманипулирани - присилени или поткупувани да гласат.

 

©MCMS - designed by KOMA