|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Белешки за авторите
Марија Стамболиева е родена на 29.03.1980 година. Таа е дипломиран правник на Правниот факултет “Јустинина Први” во Скопје. Досега учествувала на разни семинари, конференции и трибини. Марија Стамболиева работела како волонтер во британската организација Саве тхе Цхилдрен оф Мацедониа. Како претставник на ССУКМ во Комисијата за правни прашања при универзитетот Свети Кирил и Методиј зема активно учетсво во креирањето на Статутот и други документи на Универзитетот. Има двегодишно искуство како претседател на Сојузот на студентите при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” – Скопје, особено ангажирана околу спроведувањето на Болоњнскиот процес во РМ. Во моментот е советник во проектот “Интернатионал Њинтер Университѕ Мацедониа 2005”, член на Извршниот одбор на ЕСИБ (Европската студентска асоцијација) и член на советот на МЦМС.
Мишо Докмановиќ е роден 05.07.1979 година во Загреб. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје, на групата за меѓународно право, како најдобар студент на генерацијата. Во моментот работи на магистерската теза на темата “Осамостојувањето на Република Македонија”, во рамките на постидпломските студии од областа на Државно-правната историја на Македонија на Правниот факултет во Скопје, каде што е професионално ангажиран како демонстратор на предметите Историја на правото и Современа европска и македонска историја. Паралелно со тоа, ги завршува и специјалистичките студии од областа на дипломатијата на Универзитетот во Малта. Престојувал на студиски престои, конференции и семинари во повеќе од 20 земји, а работел и на поголем број проекти организирани од УСАИД, Ворлд универзити сервис (Њорлд Университѕ Сервице) – Австрија, Институтот отворено општество и др.
Жанета Ќосе родена на 21.05.1966 во Прилеп. Дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство на Правниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје. Таа е магистер по европски студии за интеграција и комуникации на последиполмските студии за европска интеграција и комуникации на Филозофскиот факултет во Скопје. Десет години работела во редакцијата „Нова Македонија”, а две во редакцијата „Вечер”. Учествувала на семинари за новинари во земјата и надвор. Жанета Ќосе ја добила годишната награда на „Нова Македонија” за особени постигнувања во новинарството за 1999 година. Член е на Здружението на новинари на Македонија и член на Извршниот одбор на Европското движење во Република Македонија.
Киро Козаров е роден во Струмица. Дипломира на Факултетот за политички науки Белград. Е еден од оснивачите на Унисоно Струмица и Унисоно Европа. Потпрестедател на Унисоно Европа.Три мандати бил директор на Дом на култура Струмица. Добитник е на меѓународни и домашни награди. Основна преукупација е презентирање на вистинските културни вредности на Македонија.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|