Факултет за Исламски науки
Средно исламско училиште „ИСА БЕГ МЕДРЕСА"- Скопје
Средното Исламскоучилиште (СИУ) Исабег Медреса е достоен продолжувач на вековната традиција на некогашната медреса што датира од втората половина на 15-тиот век (1469) кога Гази Иса Бегјаосновамедресата со истото име, продолжувајќи ја традиција на неговиот татко, Исак Бег, кој ја изградил првата медреса на Балканот. Вистински блесок на Медресата Иса Бег повторно ќе и биде вратен во 1936 година, кога ќе се реакгивира и ќе се здобие со статус на средно училиште за подготвување имами, муал-лими, и други верски службеници. Во Медресата главно се изучувале верски предмети, како и арапскиот, турскиот, францускиот и бошњачкиот јазик, како и општа и национална историја, географија, математика, физика, хемија, логика, психологаја и педагогија.
Во учебната 1939/40 год. во оваа медреса се школувале 145 ученици, а во учебната 1940/41 вкупниот број ученици бил 180. Покрај следењето на редовната настава, учениците следеле и слободни акгивности. Во 1939/40 постоеле следните групи: лите-ратурна, драмска и групата на феријалците. Постоел и мевлудски хор кој уживал значаен углед во Скопје, а и пошироко. Сета оваа богата дејност згаснала со избувнувањето на Втората светска војна (1941).
МЕДРЕСАТА ДЕНЕС
Идејата за изградба на медреса во Маке-донија се роди во 1978 година. Во 1979-та за прв пат се дискутираше и на Собранието на Исламскатазаедница во Македонија, при што се донесе одлука ова барање да биде проследено до највисоките претставници на ИсламскатаЗаедница. Помногунапорибеше добиена согласност за изградба на медреса и на 17 рамазан (2 август) 1980 година, во Кондово, во близина на Сарај, беше поставен камен-темелник на денешната медреса, додека на 15 октомври 1984 година свечено беа отворени вратите на оваа верска инсти-туција во Македонија. Така 15 октомври претставува патронен празник научилиштето. Комлексот на медресата има зграда со осум училници, два кабинета за јазици, кабинет за информатика, месџид, библиотека, читал-ница, кафетерија, скриптарница и адми-нистративни канцеларии, додека зградата на интернатот и зградата на ресторанот се одвоени од училишната зграда. Интернатот има капацитет од 265 легла, а салата на ресторанот има капацитет за 150 ученици. Школувањето во медресата трае четири години и е бесплатно. Ученикот што ќе ги заврши успешно сите четири години и ќе го положи дипломскиот испит е способен да работи како имам, ваиз и муап-лим, секаде каде што има потреба. Но, повеќето ученици се одлучуваат за понатамошно школување на познатите универ-зитети од арапскиот свет, во зем-јите во регионот и на Факултетот за исламски науки во Скопје. Медресата има статус на про-фесионално средно училиште и подготвува кадар за потребите на Исламската заедница во Маке-донија. Право на запишување имаат сите ученици кои завршиле основно образование со одличен успех и кои го положиле при-емниот испит. За време на четирите години, колку што трае школувањето во медресата, се изучуваат 29 предмети, верски и општи. Освен редовната настава, учениците се обврзани да завршат и рамазанска пракса. Во текот на годината се организираат разни верски, културни и спортски активности. Најистакнати се хорот и мевлудот, како и литературната и драмската група кои со своите програми ги воодешуваат луѓето (џематот) секаде каде што настапиле. Особено треба да се истакне празничната програма за бајрамски денови, како и други значајни датуми од исламската историја. Зружението на учениците го објавува своето списание под наслов „ИКРЕ", на чии страници со оригинални написи и преводи на албански, македонски, турски и бошњачки јазик учениците ги демонстрираат своите способности за негувањето на убавиот поетски збор.
Ваква е медресата Иса Бег. И ако најмлада од нејзините посестрини, со максимална работа и посветеност на целиот колектив, таа е гордост на муслиманското население на овие простори и искрите на светлината што излегуваат од оваа медреса ги грејат душите и срцата на сите верници. Ваква нека биде секогаш!
ФАКУЖЕТ ЗА ИСЛАМСКИ НАУКИ - СКОПЈЕ
Факултетот за исламски науки (Ф1/1Н) во Скопје е највисока образовна институција во склоп на Исламската заедница во Маке-донија. Камен-темелникот на Факултетот за исламски науки е поставен во месец февруари 1995 година, а зградата на факултетот е комплетирана во декември 1997 година. 1/1 стата година факултетот почна со редовната настава. Во првата година на факултетот предаваа 12 професори, од кои петмина со докторска титула. Денес бројот на про-фесорите е многу поголем. Декан на Факул-тетот за исламски науки е проф. д-р Исмаил Бардхи. Во оваа институција во моментот студираат над 100 студенти. Студентите кои дипломираат на овој факултет се здобиваат со титула професор по исламски науки. Поголемиот број од дипломираните студенти од овој факултет ги продолжуваат постдип-ломските студии на разни насоки. Некои од нив работат како вероучители во основните училишта или како имами во нивните родни места.
Што се однесува до акгивностите на студен-тите од Ф И Н, тие за време на месецот рамазан најмногу се ангажирани во џамиите како предавачи. Ова за нив е еден вид подготовка за нивната понатамошна работа. 1/1 сто така, тие соработуваат и со своите врсници и од другите факултети објаснувајќи им ги прин-ципите на исламот.
Професорите одФакултетотза исламки науки во учебната година 2002/03 ја издадоа книгата со научни истражувања, на албански, македонски и англиски јазик. Истражувањата се од различни сфери на исламската вера. Тематиките во оваа книга и нивните автори се: „Светата војна во монотеистичките религии" од д-р Исмаил Бардхи, „ Почеток и развивање на науката за историјата на верите" од м-р Ќани Несими, „Психологија на верата како наука" од м-р Муса Мусаи, „Слободата и политичките права на немусли-манските малцинства во исламската држава" од Сулејман Реџепи, „Опишување на суфис-ко-бекташијанските вредности во поезијата на Наим" од м-р Метин Изети, „Another Approach Towards Certain 4 Exported' Myths on Albanian Historiography Between Occident and Islam" од Олси Јазеџи и др. Треба да се напомне и книгата на професорот доц. д-р Ахмет Шериф „Материјалната и социјална состојба на имамите во градот Скопје во 1844/45 година", која е издадена на турски и албански јазик. За првпат на македонски јазик е преведен Возвишениот куран. Ова е дело на м-р Хасан Џило кој во 1998 во Медина го испечати преводот на куранот под наслов „Куран со превод".
Подготвил: Ирсал Јакупи
|