Јавното застапување - акција на граѓански организации насочена кон промени
Анифа Демирова
Историја на лобирањето и застапувањето
Демократијата претпоставува активно учество на граѓанките и граѓаните, свесни за својата важност и одговорни за своите одлуки, па поради тоа образованието за демократија на овие простори се наметнува како нешто неопходно. Гласот на народот секогаш бил важен во (политичкиот) процес на донесувањето на одлуките, а слободата на говорот е една од основите на демократското општество. Можностите за изразување на сопствениот став околу некое прашање се неограничени, доколку при тоа се уважуваат ставовите на другите. Употребата на физичка сила во овој контекст е сосема исклучена.
Со векови граѓанството наоѓаше различни начини за изразување на сопствените ставови. Во Холандија, на пример, уште од 11-тиот век има закони кои предвидуваат директно учество на јавноста при одлучувањето. Во поново време, под влијание на општествените случувања во целиот свет (студенскиот бунт во 60-тите во Париз, во Амстердам, протестите против војната во Виетнам во САД), дојде до големи општествени промени. Прашањето за исправноста на одлуките и процесот на одлучувањата се претставуваа во с$ поширока јавност. Во текот на протесните движења се развија различни општествени движења: студентски, мировни, феминистички, за подобро здравство, за заштита на потрошувачите, еколошки движења итн. Доброволните здруженија за граѓан(к)ите во непрофитни, граѓански асоцијаци и организации, приватни установи, во фондации, претставуваа значен фактор за модерната социјална инфраструктура.
Добри практики и искуства од регионот
Тема: Поттикнување на ангажирањето на граѓаните за креирање на политиката на урбаната средина и уредување на градскиот пазар - “Да ги спасиме чемпресите” Подрачје на дејствување: Пула, Хрватска Време: 1995 г. Носители на стратегијата за јавно застапување: Ад хок-коалицијата на групи и граѓани на ГО. Случајот го има анализирано: Миријам Керватин Општи податоци: Пула, 62.000 жители, сместена во северозападниот хрватски регион Истра. Особености: од воспоставувањето на демократијата во Хрватска, на изборите победува регионалната партија, што & дава апсолутна превласт на локално и на регионално ниво.
Политичкото опкружување може да се препознае и по неучествувањето на “малите” луѓе при донесување на одлуките кои навлегуваат во просторот на јавното и општо добро. Не постои политичка волја, ниту пак знаење за такво дејствување. Бирократите ја застапуваат елитата и разните интересни лобиа, па поради тоа исклучително е важно да се развие свеста во “обичниот граѓанин” за потребата да влијае врз донесувачите на одлуки преку јакнењето на важноста на јавното мислење. Треба да се направат ВИДЛИВИ оние теми кои се поврзани со ЈАВНОТО ДОБРО.
Следејќи ги постојано темите кои ја разбрануваа јавноста, конечно ја препознав едната која ми се стори актуелна, но доволно “невина” за спроведување на стратегијата на јавното застапување и влијание. Невина зашто граѓаните ја поднесуваат како политички “незгодна”, што е битно доколку го земеме предвид времето во кое живееме. Мене ме мотивира моето “зелено” срце, но бев и доволно социјално освестена за да ја сфатам потребата за демистификација на работата на градските власти, која се претставува потполно недостапна за обичниот човек.
За де ве воведам во темата, ќе го цитирам написот кој е објавен во независниот дневен “Глас Истре” со наслов “ШЕТАМ И ПОМИСЛУВАМ НА ПУЛА”. Го напиша писателката Татјана Арамабашин-Слишковиќ.
...Сретнувам познаници и повеќемината веднаш почнуваат со сторијата дека се подготвува голема работа на пазарот, дека ќе се градат некакви “кули”, дека ќе се исечат дрвјата и сл. Луѓето се нервираат, се лутат (беспомошно) и ме молат да напишам нешто за тоа. Одговарам дека мислам дека тоа нема ништо да помогне и штета е да губам време, зашто оние кои одлучуваат ниту тогаш (кога се градеа павилјоните) не ги трогна она што го мислеше обичниот народ. Главно сите се грижат за стогодишните дрвја... убавите имиња за идните деловни објекти “кули”, кедеар, костен и акација кои ќе бидат изградени на местото на дрвјата и пазарот... Не можам да поверувам дека овие убави имиња се смислени во спомен на дрвјата кои веќе ги нема... И морам да се прашам дали би можело во тоа преуредување да се прашаат различни компетентни луѓе од други европски градови, или пак да се види како тие работат, кога сме веќе дел од Хрватска кој е најблизу до Европа... Зошто не би можеле да се соберат сите ликовни уметници на Пула, па и поети, сите што имаат чувство за убаво, па да се слушне нивното мислење? И, НАЈПОСЛЕ ЗОШТО САМИТЕ ГРАЃАНИ ЗА ПУЛА?
Значи, се работеше за следново: на главниот покриен пазар се планираше да се исечат стогодишните дрвја за да се вметнат некои деловни простории. По многу години минати во градот, бевме сведоци на многу ад хок-одлуки кои со ништо не придонесоа да се поправи квалитетот на животот. Така одлучив да ги спроведам во пракса знаењата што ги здобив тоа лето со интензивната обука за јавно застапување во САД.
Ја идентификував темата и ги поставив темелите на стратегијата која ќе ја користам. Ги одредив целните групи и приматели на пораката кои треба да ме слушаат:
а) носители на власта, оние кои ги носат одлуките; б) Сите задолжени за јавното мислење.
Користејќи ги сите дозволени можности, па и личните познанства, се изборив за состанок на Градското собрание со заменикот на градоначалникот.
Ме интересираше односот на власта кон проблемот и ставот кон граѓаните кои не се задоволни со планираната изградба. Се изненадија што некој сака да разговара на таа тема, не им беше јасна мојата улога. Јас себеси се гледав како посредничка и се надевав дека ќе се изнајде добра волја и ќе се донесе правилна одлука - спречување на сечењето на дрвјата и изградба на објектот на друго место.
Влегов во структурите, се заинтересирав за процедурите за донесување на одлуките и ги открив неправилностите - постоеја регулативи (барем процедура) кои го заштитуваат градското заленило при планирањето на сечата, а тие во овој случај не беа почитувани.
Ги сложував добиените податоци, потслушнував, го читев печатот, ги забележував имињата на личностите и институциите вклучени во оваа жешка тема на пулската сцена, ги собирав луѓето, телефонирав, лобирав. Конечно, го изнесов предлогот за организирање јавна трибина, тркалезна маса, со заинтерисираните страни, на темата за заштита на градското заленило. Иницијативата, во принцип, ја доби поддршката на градските раководители.
Ги посетив Зелените кои беа токму во фазата на основање на здружението. Од нивната координаторка ги добив податоците и нормативите на Конференцијата на градовите, според кои секој град е должен да го намали загадувањето на воздухот за околу 50,80 %. Треба да се истакне дека едно старо, убаво формирано дрво годишно за себе врзува околу 68 кг прашина, односно апсорбира количество на испуштени гасови од едно возило кое минало пат 26.000 км.
Пулскиот пазар сочинува една архитектонско-урбана целина и секое насилно вметнување нови објекти би предизвикало непоправлива штета.
Ја презедов организацијата на тркалезна маса, неформален отворен состанок на кој ги поканив градоначалникот, директорот на канцеларијата за урбанизам, граѓаните кои живеат во таа зона, граѓаните кои реагираа преку дневниот печат, сите градски советници, Зелените, новинарите и претставниците на сите граѓански организации кои дејствуваат во градот (младите, жените, пензионерите...).
На состанокот ја презедов координацијата и водењето на акцијата, што сите присутни го потврдија со гласање. Темата е интересна, расте мотивација на присутните. Се разбира, на состанокот не се појави никој од градските раководители, муѓутоа се појави некој градски советник, претставник на Комисијата за зелени површини на градот...
Се шират вести дека дрвјата ќе се исечат во рок од неколку дена зашто во спротивно застарува постоечката градежна докуменција. Се договоривме околу составот кој ќе работи на акцијата – с$ ни е ново. Не се одлучивме да бараме посебни средства зашто екипата која е со мене нема искуство. Помош, на пр. за печатење плакати, бараме по пат на познанства. Секогаш некој познава некого. Луѓето сакаат да помогнат.
Стратегијата се планира по следниот ред:
1. Да се дознае што мисли јавноста за проблемот, да се ореганизира потпишување петиција “Да ги спасиме чемпресите” за да се добијат податоци од граѓаните чие мислење го претставуваме; 2. Да се контактира со медиумите - радиостаниците, весниците, да се најави акцијата и да се одржува постојан контакт со новинарите, да им се достават нови свежи податоци; 3. Да се организира тркалезна маса и да се повикаат стручњаци од разни профиле - архитекти, слободни уметници, Завод за заштита на јавното здравје, Зелените, граѓанските здруженија кои дејствуваат во градот, надлежните градски канцеларии, новинарите, градските татковци...; 4. Да се испрати службена информација за одржување тркалезна маса; 5. Да се одржи протестен собир, да се вклучат децата и младите кои дејствуваат во групи, од најмлада возраст преку градинките (Малите зелени), па се до дебатни групи на средношколци...; 6. Акција “Да ги спасиме чемпресите” да се претстави на седницата на Градскиот совет.
А требаше веднаш да се дејствува. Ако задоцниме, дрвјата ќе бидат исечени.
Се се одигра брзо, акцијата доби залет, телефоните ѕвонеа... Од Градската управа се добиваа одговори кои ветуваа разумна соработка. Покажаа интерес и рекоа дека ќе ги чекаат резултатите од петицијата. Следниот ден, и тоа благодарејќи & на добрата волја на новинарката, неколку претставнички на акцијата беа примени во една радиоемисија (во живо) во ударно време – 14:00 часот.
Разговороот беше во врска со темата на уредување на градскиот простор, сечењето на стогодишните дрвја и прашањето дали граѓаните имаат право да си го искажат своето мислење. Бидејќи емисијата одеше директно, граѓаните се јавуваа и сите до еден го застапуваа ставот дека дрвјата не смеат да се исечат. Во текот на емисијата се јави еден слушател кој рече: “Само вие зборувајте. На пазарот стигнаа багери. Работниците почнаа да се подготвуваат за рушење на стеблата”.
Мојата реакција беше силна и емотивна. Не се сеќавам што с$ реков, меѓутоа знам дека на пазарот се собрааа многу луѓе. Ги мотивира моето зборување на радиото.
Требаше веднаш да се дејствува. Ги напуштивме просториите на радиото и трчајќи стигнавме на пазарот. Чемпресите (4 дрвја) и еден величествен висок кедар беа врзани за багерите со челични сајли. Работниците се подготвуваа да ги исечат. Ја побарав личноста која беше надлежна и одговорна за ова...
Барав, ама никој не се огласи. Сите ја работеа својата работа, не обрнувајќи внимание на нашите зборови.
Во мене се зацврсти вербата дека чемпресите мора да останат - застанав пред првото дрво во низата и на сите им стана јасно дека нема да мрднам. Напнатоста и тишината се зголемуваа за кратко време - јас пред дрвјата, работниците кои застанаа за да не ме повредат со багерот, луѓето кои го гледаат сето тоа. Тоа е, си помислив, граѓанска непослушност.
За момент с$ се измени - луѓето почнаа да се собираат, доаѓаа зашто претходно слушале радио. Потоа многумина кажуваа дека ги запреле своите возила за да слушнат што се случува. Го слушнав гласот на еден човек кој стоеше со детето: “Зарем ќе им допуштиме на овие жени сами да стојат таму и да ги бранат дрвјата?”
И луѓето почнаа да приоѓаат - жени, деца, мажи, набргу околу дрвјата не имаше триесетина.
Работниците добија упатства да го напуштат пазарот. Кога багерите се повлекоа, сите почнаа спонтано да ракоплескаат. Блескаа од задоволство, беше тоа важен момент. Кулминација, потполно спонтана. Не се памети во поблиско минато таква акција на човечката солидарност, и тоа поради дрвја.
Чемпресите беа живи и претставуваа симбол на поинакви можности. Да, и “обичните” луѓе можат, мораат да го искажат својот став. И може да се успее!
Акцјата продолжи со потпишување на петицијата. Само на едно место, покрај бурата и судот, за само од 4 часа повеќе од 400 луѓе ја потпишаа петицијата. Сите доаѓаа на пазарот за да го стават својот потпис, а и усмената поддршка беше голема.
Никогаш нема да го заборавам едно младо момче без нога, инвалид од татковинската војна. И нему чемпресите му беа поважни, иако Пула стана негов град од неодамна.
Следниот ден на истото место се одржа мал протест. Организацијата ја презедоа Младите зелени и воспитувачките од градинките, носејќи транспаренти заедно со децата: “Јас го сакам мојот зелен град”.
Местото со чемпресите стана популарно. За тоа се зборуваше на пазарот, кај лекарот, кај фризерката, насекаде. На местото на “злосторството” се организираа вистински аџилаци. Коментари - секакви. Не беа сите позитивни.
Соработката помеѓу граѓанскито лоби и градските власти стануваше с$ појасна. Околу парцелата со чемпреси беше поставена висока ограда од жица со платени чувари (членови на една агенција за обезбедување). Таа ограда и тие чувари не беа јасни - од кого ги чуваа чемпресите? Во прашање беше голема сума пари, се зборуваше за веќе поделените провизии и во кулоарите можеше да се чуе сешто.
Медиумите и понатаму интензивно ја следеа сцената - секојдневно добивавме простор каде и да го побараме и сите информации беа добредојдени...
Постојано се нагласуваше улогата на јавноста во овој случај.
Градската власт с$ повеќе беше на удар поради својата нетранспарентност и арогантност. Градската власт и градскиот совет беа информирани за резултатите од петицијата. Преку сите канали се лобираше кај градските советници.
Целта беше: ПРОМЕНА НА ОДЛУКАТА (на Градскиот совет) ЗА ИЗГРАДБА НА ДЕЛОВНИ ОБЈЕКТИ НА ПАЗАРОТ И ПОЧИТУВАЊЕ НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ.
Бев делегирана да ги застапувам нашите ставови, во име на ад хок-коалицијата, на седниците на Градскиот совет. Беше мошне напорно.
Еден од чуварите физички нападна една од нашите членки, претседателка на Зелените од Пула. Ни се закануваа и ни велеа да се откажеме од чемпресите.
И со тоа излегов во јавноста зашто тоа дотогаш беше единствената одбрана: не покажувајки страв, с$ да се даде во јавност.
Во Градскиот совет почна сериозно да се расправа за потребата на уважување на ставот на јавноста, за потребата на менување на просторниот план на градот Пула. Градските челници никогаш не биле подготвени за соработка, седниците на Градскиот совет станаа с$ поквалитетни. Одлуката (со гласање) ДА ОСТАНАТ чемпресите беше донесена по две седници. УСПЕХ!
Чемпресите и денес стојат, растат, живеат.
Подоцна тука се појавија и други игри. Се матеше со мотивите на двигателите на целата акција, кружеа разни приказни. Мина уште некое време, имаше уште акции во кои се вклучувавме во с$ поголем број. Една неформална група, т.н. “НЕРВОЗНИ ГРАЃАНИ”, почна со работа и собирање и се здоби со публицитет благодарејќи им на медиумите во Хрватска. Тука немаше многу млади и постари, алтернативци и уметници, туку малкумина од оние кои имаат некои деловни амбиции во овој град. Дојде и политичка криза, сигурно условена и од други причини и други играчи, меѓутоа сите се согласуваа во едно: чемпресите први сериозно ја разнишаа дотогаш недопирливата градска власт.
По неколку месеци, во јануари, градската власт падна, но и мнозинството од оние кои ги заменија се членови на истите интересни лобиа. Тие сега се помудри, повеќе се свртуваат кон јавноста, барем формално.
За да биде парадоксот уште поголем, пред да се смени првата екипа, беше изгласан правилник за зелените површини и комуналниот ред.
По старата навика, градските советници, без да ги прочитаат материјалите, едногласно го изгласаа правилникот со кој во Пула “ВРЗУВАЊАТА ЗА ДРВЈАТА Е ЗАБРАНЕТО И КАЗНИВО”.
Правилникот е с$ уште на сила. На глупоста и на бирократијата & нема крај!
Чемпресите, меѓутоа, с$ уште живеат. Тие се симбол, гледајте ги и тоа не го заборавајте.
Тема: Предлог за измена на Законот за работни односи Подрачје: Република Македонија Време: 1997 г. Носителка на акцијата: Организација на жените на Куманово Случајот го анализира: Јагода Глигороска
Светска банка & понуди на Република Македонија финансиска помош во вид на кредит за комплетна реформа во здраствената сфера и сферата на работните односи, по што Министерството за труд и социјална политика изработи предлог за измена на Законот за работни односи. Но, понудениот предлог беше исклучително неповолен за работниците зашто драстично ги скратуваше нивните права. Сите предложени промени се однесуваа за правата на жените - предложено е породилното отсуство да се скрати од 9 на 3 до 6 месеци, на крводарителите да им се укине правото на два слободни дена, требаше да се скрати годишниот одмор и сл.
Сфативме дека треба да почнеме кампања и да го спречиме прифаќањето на неповолните предлози.
Целта ни беше да го оневозможиме донесувањето на законот (односно измената на Законот за работни односи) кои значително би ги скратиле тешко стекнатите права на работниците.
Целна група: Владата, Парламентот, Законодавната комисија, Министерството за труд и социјална политика.
Порака: “СТОП... ЗА СКРАТУВАЊЕТО”
Стратегија:
1. Започнување на кампањата; 2. Одржување конференција за печат; 3. Мобилизирање на локалните медиуми за информорање за кампањата и со тоа мобилизирање на јавноста; 4. Пишување писма - барање поддршка, вршење притисоци; 5. Разговори со претставници на власта (парламентарци и луѓе од Министерството) и лобирање против измените; 6. Издавање сопствен весник - 5-тиот број на “Везилка” се занимаваше само со овој проблем.
Во тримесечното списание “Везилка” во прилог на кампањата насловена како Кампања 97 - стоп за...
Скратувањето на породилното породување, боледувањето на работниците, бенифициите на крводалителите и на годишниот одмор беа тема на прес-конференцијата што ја одржа ОЖ “Куманово”. Во октомври 1997 година е отпечатен прилог со следната соддржина:
“Жените од целиот свет се еднакви, се раѓаат, живеат, растат, да нараснат да родат, да донесат на свет нов живот, да го подигнат новото поколение и повторно истата репродукција. ОЖ смета на потребата да реагира по најновите најавени предлози на Владата, поточно од Министерството за труд и социјална политика, зашто се рестриктивни и ултимативни во однос на досегашните права кои ги остваруваше граѓанинот од ЗРО. Претседателката Јагода Глигорова, образложувајќи ја иницијативата на оваа конференција, истакна дека набрзина и неаргументирано се донесени олдлуки. Не се направени анкети и анализи преку кои ќе може да се согледа каде и како да се направат промени, а она што се предлага најмалку му треба на граѓанинот. Во ваква состојба, кога државата е во транзиција која во себе носи несакани последици, како што се исклучително тешката состојба, зголемениот број невработени и др., секако дека овие предлози на МТСП нема да дадат позитивен ефект. Нашето залагање ќе биде одлагање и повторно разгледување на предложените мерки пред Парламентот за кое имаме бројна поддршка од други ГО.
На прес-конференцијата зеде збор и д-р Даница Митевска - специјалист по школска медицина и даде детално образложение од стручен аспект какви несакани последици ќе има врз раниот раст на детето - скратувањето на породилното отсуство. Овој нехуман чин ќе се одрази во првите месеци од животот на бебето преку доењето. Од друга страна, ќе повлече зачестени инфекции преку раното прихранување, дополнително обезбедени згрижување на бебињата во јасли. На овој начин со ново оптоварување жената ќе биде ставена во ситуација да избира помеѓу мајчинството и работното место, намалување на наталитетот, што од друга страна ќе ја наруши демографската карта, а пак таа води кон губење на македонскиотг народ. За таа цел и ние направивме мала анкета и замоливме една мајка да го каже своето мислење по предложените мерки од страна на Министерствота за труд и социјална политика.
Постигнат успех:
4 Породилното остана 9 месеци; 4 Крводарителите сепак добија 1 ден отсуство од работа; 4 Наместо укинување на платеното отсуство од 7 дена за приватни потреби, тоа само се скрати на 5 дена; 4 Годишниот одмор не беше скратен од 18 на 12 туку на 15 дена.
Се на се, нашата кампања се покажа дека е добро осмислена и водена. Средствата за убедување и притисокот беа ефикасни и претставниците на власта мораа да го уважат гласот на јавноста.
Тема: Предлог за новиот закон за абортус Подрачје на дејствувањето: Хрватска Време: 1995 г. Носители на акцијата: Б.а.Б.е. (Биди активна, биди еманципирана) Случајот го анализира: Весна Кесиќ
Б.аБ.е. неколку пати ја свикаа и координираа коалицијата на женските групи на Хрватска. Поводите за тоа беа разнообразни: од потпишување различни јавни изјави, преку заеднички дејствувања пред изборите за Претставничкиот дом на Парламентот на РХ во 1995 г. и локалните избори за Жупанскиот дом во 1997 г., па с$ до пишувањето на “Извештајот во сенка”1 до СЕДАВ (ЦЕДАЊ)2 во јануари 1998 година.
Анализа на случаите кои најмногу личат на вистински коалиции даваат многу добар увид во тоа што можат коалициите, која им е силата и предноста, но и какви проблеми има при нивното градење/создавање во средина која нема силна традиција со таков вид јавно дејствување (застапување и влијаење) на граѓанската сцена.
Најпрвин треба да се напомене дека коалициите се свикувани и создавани врз база на интуиција и акумулираните искуства на работа во женските групи. Во времето на нивното започнување низ регионот с$ уште не беа дошле групи, ниту пак поединки обучувачки за лобирање и јавно застапување, ниту пак постоеја прирачници за опис на процедурата, стратегиите и вештините, потребни за такво дејствување. Само неколку активистки имаа можност да учествуваат на студиски престој во САД или да стекнат делумен и несистемски увид во искуствата на групациите на граѓански општества во светот. Тие сознанија влегоа и во нашите примери, но главно несистематски. Дотолку повеќе, тоа беа искуства на женските ад хок-коалиции што можат да бидат исклучително поучни сега кога се дополнително вреднувани од перспектива на подоцнастекнатите систематизирани знаења, како што се вклучени и во овој прирачник.
Коалиција околу петицијата за право на сигурен и легален абортус, упатена до Владата и Парламентот на РХ во мај 1995 година
Во текот на 1995 година во јавноста се интензивира расправата околу нацрт-предлогот на новиот закон за абортус што го беше подготвил Министерството за здравство за да го испрати во парламентарна процедура. Информациите за содржината на новиот закон и измената на оној кој веќе постоеше повремено доаѓаа во јавноста, главно во изјавите и интервјута што ги даваше министерот за здраство, а се се случуваше под поголем притисок на конзервативните, црквени и други “пролајферски” групи. Тие уште од 1990 година, со поддршка на владејачката партија, создаваа атмосфера погодна за забрана на абортусот, за етничка и пронатална политика и општо редуцирање на женските репродуктивни права, кои дотогаш беа мошне добро регулирани со Законот за абортус од 1978 година.
Во јавноста речиси потполно, со исклучок на одделни гласови на некои прокламирани феминистки, изостануваше гласот на жените и женските групи, застапувачки на слободата на избор и промовирање на репродуктивните права. Небаре преовладуваа две убедувања: прво, раширено помеѓу обичните жени, дека правото на избор на легалниот абортус претставува веќе еднаш стекнато право кое никој не може да ни го одземе или пак дека тука и онака не може ништо да се стори. Од друга страна, активистките на женските групи знаеја дека би требало да се преземе нешто, дека нашето право е загрозено со новата политичка и социјална клима, но како да не гледаа како треба да постапат (освен со веќе споменатите повремени настапи во јавноста, главно дочекувани со многу отпор и непријателство).
Идејата да се тргне во подготвување петиција се роди на работилницата за женски права која Б.а.Б.е. ја организира за првата генерација слушателки на женски студии во февруари 1995 година во Трокошќан. Работилницата, која создаде многу позитивна активистичка енергија, заврши со заклучок дека веднаш треба да се тргне во акција. Петицијата за легален абортус се чинеше добар пат за дејствување. Б.а.Б.е. во мај, кога стана очигледно дека Законот е пред поднесување на усвојување во парламентот и во секоја своја варијанта ќе ги скрати правата кои постојат, а можеби ќе го укине и правото на абортус, решија да ги повикаат женските групи и почнаа да дејствуваат. На иницијативниот состанок беа повикани претставничките на загрепските женски групи, а беа известени и групите надвор од Загреб.
Основа за создавање на коалицијата беше веќе активната, добро поврзана мрежа на женските групи на Хрватска, која меѓутоа дотогаш с$ уште не беше настапила во вид на сојуз со толку голем обем. Беше одлучено петицијата, т.е. собирањето потписи за правото на сигурен и легален абортус, да биде средство за акција. Целта на акцијата не беше дефинирана со изрека, но таа потполно се подразбираше - здружување на легален и достапен абортус во Хрватска и посредно промовирање на женските репродуктивни права и женските човекови права, воопшто. На иницијативниот состанок беше одлучено дека во акцијата може да учествуваат граѓанските женски групи, мешаните ГО и кои сакаат да ја поддржаат акцијата, но и женските групи внатре во политичките партии кои сакаат да се солидилизираат со акцијата. Беа одредени и деновите за собирање потписи - сабота, 27 мај 1995 година, а потоа и недела, 28 мај.
Содржината и изгледот на петицијата беа скицирани во Б.а.Б.е. и им беше даден групен увид на сугестии и можни измени. Тогаш беше креиран и визуелниот знак (логото) - три поврзани женски знака во малку искривена перспектива, кој подоцна ќе станат и заштитен знак на ад хок-коалицијата за декорирањето на штандовите, изложувањето на додатни визуелни и пишани материјали (групни, заеднички). Начинот на анимирањето на публиката и другите детали им беа препуштени на самите групи. Во тоа време с$ уште не можевме да сметаме на одобрубање, дури ниту на минимална коректност, а особено не на бесплатната најава во водечките медиуми. Поради тоа, акцијата беше огласена вон локалните радиостаници (во Загреб на Радио 101) и по пат на платени огласи во сите дневни весници - полн текст на петицијата со оригиналниот дизајн. Така, платениот оглас наедно стана и нов, многу успешен промотор за собирање потписи, на кои исечоци со денови по викенд-акцијата продолжија да ни пристигнуваат потписи од цела Хрватска. Максимално ја искористивме пресретливоста на т.н. нам поврзани медиуми за најава на настанот (Аркзин, Запослена, Ферал трибјун), а подоцна и за опширно и мотивирано известување на акцијата (Аркзин и Запослена).
Акцијата на собирање потписи беше спроведена во наведените датуми, целодневно, на шест пункта: Загреб, Пореч, Сплит, Риека, Мали Лошињ, Карловац и Осиек. Иако тоа не беше предвидено, некои групи ја продолжија акцијата за собирање по работни организации и други јавни места, а особено женските организации во политичките партии кои ни се придружија - Форумот на жените СДП и Форумот на жените ХСЛС. Успехот на акцијата ги надмина сите наши очекувања. По првите два дена по штандовите се собраа околу 13.000 потписи (ги очекувавме резултатите и ги собиравме во “штабот”, небаре се работеше за евровизискиот натпревар: Пула - 478, Загреб – 7.600 итн.). Одѕивот (приказот на акцијата во дневниот печат) беше исто така добар, иако понекогаш контроверзен. Вечерњи лист повеќе простор им даде на десничарските собири со написите “Геноцидни вештерки” отколку содржината на нашата акција. По околу 10 дена, додека пристигнуваа резултатите од исечоците од весниците и од претпријатијата, почна навивањето дали ќе ја надминеме бројката од 20.000 потписи. Ја надминавме!
Тогаш организиравме конференција за печат (во наши услови, за повеќето “зихерашки” медиуми во тоа време тоа с$ уште беше најсигурниот начин да се излезе во јавноста, зашто пораките главно не беа толкувани, ниту пак фалсификувани). Нашата презентација беше забележана во сите поважни медиуми, а во Нови лист податокот за 20.000 потписи ЗА легален абортус беше објавен на насловната страница.
Следната акција (фоллњ уп) беше договорена со брзи советувања без регуларно вклучување на сите учесници во граѓанската коалиција. Б.а.Б.е., како иницијаторки на акцијата, сами ја изведоа акцијата. Резултатите на петицијата со придружно писмо им ги испративме на сите водечки државни институции, голем број парламентарни одбори и политички партии. Во меѓувреме воспоставивме врска со Министерството за здравство, со д-р Хебранг, кој се согласи да ја прими нашата делегација со резултатите од петицијата (ги донесовме сите листови поврзани со виолетова лента) како знак за верификацијата на акцијата и баравме да се информира јавноста за тоа. При средбата во Министерството не заборавивме да лобираме - баравме резултатите од петицијта да се земат предвид при понатамошната работа врз нацрт-законот за абортус, баравме да ни го предаде нацртот на другите закони кои се однесуваат на репродуктивните права (Законот за усвојување деца, вештачко оплодување и стерилизација) и да вклучи претставнички на граѓанските женски организации, во “стручната комисија” којашто ги подготвувала законите, каде што имаше претставници од сите можни институции, вклучувајки голем број луѓе од црквата, а во доминантен број мажи. Министерот прифати добар дел од барањата, со исклучок на вклучување на жените во комисијата.
Резултати од акцијата
Иако организирањето на женските групи во коалиција и акцијата на поднесување петиција беа изведени без да се води сметка за основните правила на создавање коалиции (дефинирана цел, стратегии, траење и цел на коалицијата, нијзиниот мандат и основните правила на функционирање), акцијата беше повеќе од успешна на две нивоа - прво, поврзување на женските групи и нивното собирање околу заедничка краткорочна и долгорочна цел, големиот одѕив во јавносста и зголемената видливост на женските групи и нивните ставови.
Основната цел на акцијата и коалицијата би можело да се рече дека исто така беше постигната, барем како што стојат работите сега. Абортусот во Хрватска с$ уште е дозволен со закон, односно Министерството за здравство с$ до март 1998 г. не го дал нацрт-законот во собраниска процедура. Тоа меѓутоа не значи дека нема да го стори уште утре, што н$ наведува да го запомнеме основното сознание за женските права: никогаш не сме ги обезбедиле во толкава мера за да не треба постојано да бидеме подготвени за нови акции.
Ова се само едни од многуте и безброј примери како се успеало преку подигање на свеста, информирање и едукација, да се развијат движења кои предизвикале позитивни промени.
Преку процесите на лобирање и застапување, граѓаните учат да зборуваат и да дејствуваат за заштита на своите права и интереси, креирајќи слободен простор во кој владее атмосфера на почитување, независност и градење визија за подобар свет.
Потреба
За да се надмине немоќта, потребно е развивање нови мрежи и организации, здруженија на поединци од различни сектори кои можат да работат заедно и да се стремат кон исти цели.
Препораки
- Граѓанското движење да ги развие способностите и вештините за влијание врз донесувачите на одлуките; - Изградба на политичка успешност и вештина за јавно застапување; - Организирање и концентрирање поширок круг на граѓански здруженија во лобирањето и застапувањето; - Зајакнување на граѓанските здруженија да се занимаваат со суштински прашања, а основна стратегија за тоа е политичка едукација; Развивање мрежи и едукација, здруженија и поединци од различни сектори, коишто можат да работат и да соработуваат заедно и да се стремат кон исти цели; - Поддршка и изградба на структура од професиноални активисти или алтернативни експерти во функција на јавното застапување, кои ќе имааат компетентност успешно да изнаоѓаат средства, да мобилизираат луѓе и да придобиваат стручњаци во лобирањето и застапувањето.
Потврда на ставот на Миријам Керватин (главен уредник на книгата “Жените за општествени промени во земјите-наследнички на бивша Југославија) е досегашното искуство на граѓанското движење. Граѓанскиот сектор се затвора во свои гета. Треба да се излезе надвор, да им се понудат програми на луѓето кои се надвор од сопствениот круг на истомисленици. Чекорот кон промените мора да дојде и доаѓа од базата, од оние кои станале свесни од својата позиција и сакаат да ја променат.
Соработката на сите нивоа, локална, регионална, национална и меѓународна е нужна и безусловна.
|