Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Вовед

   

ВОВЕД


Враќање на „нормалноста”

Во месецот што измина Македонија заплива во помирни води. Сме виделе и подобро, сепак, во споредба со претходните шест-седум месеци ова е вистински обид за нормализирање на работите. „Нормалното”, колку скромно и да ни звучеше тоа пред околу една година, сега е вистинска амбиција. За среќа амбициозни во оваа држава сеуште има. На пример, граѓанските организации. Еден од најголемите настани во претходниот месец, без конкуренција, беше НВО Саемот.

Првиот по ред НВО Саем собра 144 здруженија на граѓани и фондации на нешто повеќе од 1.500 м2 простор во хотелот Александар палас. Уште 44 здруженија пријавија свои претставници за учество на трибините и едукативните сесии. Бројката од 188 граѓански организации навистина им дава за право на организаторите да го сместат настанот во еден од најголемите и најмасовните настани можеби и на годината. Секако, за ова придонесоа и големиот број посетители. Организирано или индивидуално, како процениле дека ќе им биде најкорисно, најпријатно или најлесно да дојдат до местото на случување тие се појавуваа таму постојано. Една пријателка која успеа да дојде на свеченото отворање на НВО Саемот праша: „Што сте направиле овде, цела река луѓе се движи кон местово?” За среќа реката луѓе не престана да се движи во текот на трите дена колку што траеше НВО Саемот. Си на си, луѓе кои тежнеат кон „нормалното”.
Уште нешто ќе кажам за НВО Саемот. Во времето кога на овој или оној начин се пробуткаа идеите „целото да се подели на повеќе делови” небаре некој видел аир од тоа, НВО Саемот покажа дека тие идеи не вредат ништо. Соработката, добрата координација, желбата оваа манифестација да биде „цело” ја направија успешна и корисна како за обичниот посетител така и за оние кои активно учествуваа во сите нејзини сегменти.
Во овој број на Граѓански свет ве информираме за уште едно спојување, многу поформално. Двата студентски сојуза, на Универзитетите во Скопје и Битола го формираа Националниот сојуз на студентите на Македонија. 
Ве информираме и за две регионални активности од областа на животната средина, формирањето мрежа за еколошките НВО од Југоисточна Европа и Регионалниот еколошки совет формиран на триаголникот
Ниш-Скопје-Софија. 
Посебно задоволство ни е да ви презентираме една ученичка иницијатива која е покрената на еден од часовите за граѓанско образование. Таквите ќе се обидеме редовно да ви ги презентираме како ефекти на она што младите граѓани на Македонија го учат за граѓанското организирање. 
На страниците на овој број на Граѓански свет ќе дознаете нешто повеќе и за новата програма за применето образование на младите Роми што ќе ја спроведува МЦМС во соработка со локалните НВО. Одвоивме простор и за една убава иницијатива на Македонскиот институт за медиуми, отворање на конкурс за истражувачка сторија на годината. 
Во Форумот, остануваме на истата линија како и во претходниот број. Се обидуваме да дознаеме какви се вашите размислувања за застапеноста на граѓанските здруженија во медиумите. Ова беше темата на првата отворена трибина на НВО Саемот, се надеваме дека преку Форумот ќе ја продолжиме дискусијата. Се надеваме дека ќе одвоите време и ќе дадете придонес на познатата адреса
www.graganskisvet.org.mk/forum.
На крајот на оваа краток вовед во она што ќе имате можност да го прочитата на страниците на новиот Граѓански свет, зарем не ви се чини дека граѓанските организации се вистински лидери во обидот да се врати „нормалното” во Македонија. Ако целата таа маса организации со нивното членство тежнее кон тоа, зарем не мислите дека е време да ни се остварат амбициите и повторно си да биде „нормално”?
Би сакала да завршам со дел од изјавата на еден претставник на организација учесник на НВО Саемот. Беше кажана во врска со НВО Саемот но може да се примени и генерално за граѓанското организирање. „Нема потреба од никакви иронии. Невладиниот сектор е реалност. Навистина, има уште многу да се работи но ваквите настани се шанса за промоција на  секторот, шанса за контакти и шанса за развој на граѓанското општество”.
Сакам „нормалноста” да трае. Во таков амбиент да ги спроведуваме нашите активностите, идните соработки, заеднички проекти, заеднички манифестации ... Ние, граѓанските организации, сме доволно амбициозни да ја одржиме. Веќе започнавме да го правиме тоа.
Гонце Јаковлеска

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 09 Октомври 2001
Број 09 Октомври 2001
Вовед
Настани
Публикации
Календар
Форум
Погледи
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA