Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Календар

   

Интервју: Ибрахим Мехмети - директор на медиумските програми во “Потрага по заедниЧка основа”

И медиумите ја создаваат основата за идниот Балкан

Катерина Богоева

Г.С. Граѓанската орга­низација “Потрага по заедничка основа”, кадешто припаѓате од нејзините поче­тоци, годинава одбе­лежа 10 години по­сто­ење. На почетокот на февруари офи­цијално заврши три­годишниот регио­на­лен  медиумски про­ект “Мостови за нов Балкан”, кој го водите вие. Каква е неговата содржина, но и специфика?

И.М. Во изминативе три години, проектот “Мостови за нов Балкан” работеше на продукција на печатени, радио и телевизиски изданија од  целиот балкански регион, преку заедничка продукција и разновидни ак­тивности коишто клучуваат меѓусебна соработка. Многубројните партнери кои беа дел од проектот произведоа и дистрибуираа над 3 милиони копии магазини, коишто беа дистрибуирани на повеќе јазици, како и илјадници минути радио и телевизиски емисии, емитувани  на повеќе јазици  низ целиот регион. “Мостови за нов Балкан”, што е наш најголем проект досега,  јас го разбирам како соодветна круна на досега релизираните наши, помали проекти. Во него спаѓаат регионалниот магазин “Карван”, локалниот магазин “Мултиетнички форум”, “Балкански калеидоскоп” (регионална ТВ размена) како и “Потрага по заедничка Македонија”, создадени и дистрибуирани материјали по локалната радио и теле­визиска размена.


Г.С. Колкав процент зазема работата со и на медиумите при планирањето на годиш­ните активности на “Потрага по заедничка основа”?

И.М.
Не можам да зборувам за другите аспекти, но за мене работата на медиумите има исклучително значење. Бидејќи сме особено голема организација, поделени сме по одредени сектори за работа, но не постои ограничување колку еден проект ќе заземе простор во рамките на севкупните  ак­тивности. Тие зависат од потребите коишто се јавуваат во одреден период. Сметаме дека во овој период е многу значајно да се работи на медиумите, бидејќи тие можат да го трансформираат општеството од позицијата во којашто е, во позиција кадешто сака да биде.


Г.С. Вашите изданија “Карван” и “Мулти­етнички форум” се дистибуираа до гра­ѓаните во Македонија преку дневните тиражни весници на македонски и албански јазик. Какви се повратни реакции од читателската публика кај нас и во регионот?

И.М.
Имавме доста добра комуникација со публиката, иако, се разбира на почетокот, освен позитивните реакции, од читателите и од гледачите на емисиите постоеше и доза на скепса. Позитивните  реакции што ги добивме  беа подобри од она што реално го очекувавме. Реакциите покажуваат дека проблемите што ги третиравме ние и им дадовме гласност и видливост им се блиски на граѓаните, дека го привлекуваат нивното внимание. Затвореноста на државите на Балканот којашто граѓаните во сите земји ја чувствуваат ја наметнува потребата од поголема транспарентност, меѓусебна кому­никација, размена на согледувања, на евидентни проблеми, на позитивни и не­гативни тенденции во овој период на развојот на секоја земја поединечно, но и на Балканот во целина.


Г.С. Реализирањето медиумски проект во кој земаат учество новинари и интелектуалци, публицисти политичари од различни ентитети, денес несомено бара посебна умешност. Вие сте први кои успеавте идејата за постоење медиумски мулти­етнички  изданија во регионот, на овој степен на развој на граѓанското општество, да ја завршите во предвидениот рок.

И.М.
Мислам дека дел од одговорот може да се најде во фактот што овој пристап што ние го остваривме во нашите медиумски проекти, се имитира понекогаш со надеж  дека на тој начин ќе се оствари една цел којашто за другите не е автентична. Мислам дека публиката знае да разликува кога некој навистина сака да промовира и да направи нешто ново во сферата на мултиетничката и меѓу државната комуникација, од она што значи искористување на некаков актуелен тренд. Тоа за жал, го има, се појавуваат одредени имитации, но тие не можат да конкурираат на чисто поставена идеја. Мислам дека ние успеавме во тоа, иако не беше лесно, бидејќи работиме постепено на идејата уште од 1994 година, од кога јас и сум дел од “Потрага по заедничка основа”.  Проектот “Мостови за нов Балкан” не може да се преслика, бидејќи тој има своја специфика. Нашите медиумски проекти се дел од од процесот на создавање цврста основа за идниот Балкан. Во овој процес мора да се биде внимателен, трпелив и флексибилен на условите коишто постојат. Немавме особени проблеми во воспос­тавувањето на комуникацијата со нови­нарите, интелектуалците кои учествуваа со свои текстови, ниту во Македонија, ниту надвор од неа. Сите сакаа да соработуваат, да се отворат да се интегрираат, но потребно е да се најде потребната формула која сепак се заснова на меѓусебна доверба.


Г.С. Проектите привлекуваат со пишаните и визуелните содржини коишто даваат реална слика на состојбите во државава и регионот.  Изгледаат вистинито, живот, за разлика од погледот на стварноста спакуван во различни  дневно -политички пакувања што ни го нудат масмедиумите.

И.М.
Имав среќа да соработувам со одлични новинари кои во своите земји се признати и познати, но најважно е што имаат желба да променат нешто на Балканот, да дадат свој придонес. Што се однесува пак до темите, ги предлагаме заеднички, произлегуваат од меѓусебните договарања. Мислам дека читателите имаа можност да прочитаат квалитетни текстови, авторски видувања на стварноста коишто “Мостови за нов Балкан” како проект го прават поразличен од другите. Ние се обидуваме да ја отсликаме стварноста, но и да ги покажеме и позитивите тенденции за убавите работи кои се случуваат околу нас.


Г.С. Обработувате теми од областа на политиката, економијата, здравството, социјалата, културата, а во фокусот на вниманието ви е “малиот човек”, како што сакаат многумина да речат “обичниот граѓанин”. Создадовте соодветен капитал на сознанија којашто може да се користи и од страна на државата. Покажува ли државата Македонија интерес да ги прими презен­тираните сознанија и да ја вопспостави потребната меѓусебна кому­никација? 

И.М.
Токму тој “малиот, обичен човек” кој сте го забележале во нашите изданија, беше во фокусот на мојот личен интерес, но и во фокусот на интерес на  редакцијата во сите наши изданија, бидејќи тој е максимално запоставен. Сите дневни, па и неделни изданија во медиумите, се тркаат меѓусебно за да ги грабнат најинтересните настани за публиката. Најлесно се доаѓа до дневно-политичките теми кои се и најзастапени во медиумите, додека обичните луѓе, гледајќи низ таа призма на интерес, се с$ помалку битни, помалку застапени. Темите поврзани со нив, освен што се запоставени, се и потешки за обработка. Затоа се оставаат настрана и ретко се среќаваат. Нашите изданија граѓаните ги добиваа бесплатно, своето постоење го оправдуваме токму преку сериозната обработка на темите кои се запоставуваат и на кои им дадовме вид­ливост. Тоа и беше целта на проектот и мислам дека е многу битно граѓаните да добијат поширока слика што се случува околу нив, надвор од дневно-политичките слу­чувања.

Што се однесува до соработката со властите, не сме воспоствиле сериозна комуникација. Јас се обидувам да им укажам дека може да има нешто корисно во земањето во обзир на согледувањата од нашиот проект. Има неколку поединци кои покажуваат интерес, но сметам дека државата во целост е с$уште далеку од потребното ниво на неопходно и сериозно прифаќање на сознанијата кои се нудат на ваков начин. Се надевам дека постепено надлежните министерства, орга­ните на Владата, парламентарците, и Парла­ментот ќе ги земаат сериозно во обзир добиените и јавно презентирани сознанија за нашата стварност,  сознанијата од Бал­канот. 


Г.С. Собраното искуство Ви дава можност да размислувате за местото на Македонија денес, во рамките на сферата на  развој на граѓанското општество, на граѓанскиот сектор.

И.М.
Мислам дека во оваа фаза на оп­штествен развој, поимот “граѓанско оп­штество” секој го сфаќа на свој начин и различно, но сепак во него граѓанинот има централна улога. Така погледнато, ние сме многу далеку од вистинското поимање на тоа што е граѓанско општество. Македонија во оваа смисла е во поспецифична ситуација, бидејќи е мултиетничка држава во која развојот на граѓанското општество значи и почитување на мултиетничноста. Ако збо­руваме за граѓанинот, нему државата мора да му даде можност  да го развива своето општество, да му понуди шанса, да се почуствува како градител, како создавач. Ние сега имаме можности, во еден долгорочен процес, да градиме нови позиции за гра­ѓаните и нови меѓусебни релации со др­жавата. Со проектот на којшто работевме три години се обидуваме да им помогнеме на граѓаните да ја согледаат својата позиција, улогата, но и можноста да влијаат на креирањето на општеството и општествените процеси на еден отворен и транспарентен начин. Поради тоа е потребно државата во овој стадиум на развој  да им обрне поголемо внимание на граѓанските организации да воспостават поголема и поцврста кому­никација за да ги имплеметира сознанијата во своите програми и стратегии.


Г.С. Значи ли тоа дека се поочигледна станува потребата од интензивирање на соработката, преку поголеми заеднички  проекти меѓу државните органи и со Вас, како една од неколкуте етаблирани орга­низации што ги поминаа најдраматичните десет години од создавањето на граѓанскиот сектор во земјава?

И.М.
Постојат такви обиди, но тие се сепак ограничени. Понекогаш соработката не мора  да оди директно, со одредени министерства. Може да се соработува низ неформални облици, како што се меѓусебни договори,  учество во акциски и други планови, постојат различни алатки и инструменти, но најважно е да се воспостави меѓусебна комуникација.

Ние во овој момент треба да говориме често и да работиме на тоа како да се воспостави потребната комуникација. Граѓанските организации комуницираат и добиваат финансиска поддршка од странските влади, донатори, организации, а ја немаме потре­б­ната комуникација и финансиската подршка од нашата влада. Нашата Влада мора преку подобра комуникација да се запознава и да им помага на граѓанските организации. Тоа е дел од нејзината обврска, да им помага на граѓаните да го поправат својот живот.


Г.С. Како го коментирате создавањето на првиот Невладин парламент во земјава?

И.М.
Не сум многу запознаен  со Невладиниот парламент, но не ја сфаќам поентата зошто е потребно неговото формирање и зошто има токму 120 парламентарци. Мислам дека идејата малку се банализира со копирање на бројот на пратениците во Парламентот на Република Македонија. Ние  не треба да го имитираме парламентот, туку да сора­ботуваме со него.  Треба да работиме темелно на воспоставување комуникација со Владата и со Парламентот и да влијаеме на нив,  да ги согледаат аргументите, сознанијата до кои доаѓа граѓанскиот сектор, а не да ја копираме формата на нивното постоење и да се бориме во покажување кој е подобар.   


Г.С. Како ќе продолжите да работите во 2004 година?

И.М.
Моментално привршуваат сите ак­тивности од тригодишниот медиумски проект и според добиените резултати се надеваме дека ќе продолжиме. Можеби нема да продолжиме со истата медиумска форма, можеби ќе имаме почести изданија, ќе видиме. 

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA