НАСТАНИ
РЕГУЛАТИВИ
СО НОВАТА РЕСТРИКТИВНА ПОЛИТИКА НА НАРОДНАТА БАНКА НА МАКЕДОНИЈА
Отежнато девизното работење на НВО
Во јуни се почувствуваа последиците на новата рестриктивна политика на Народната банка на Република Македонија (НБМ) со која се отежнува девизното работење на невладините организации (НВО).
НБМ со допис бр. 1442 од 07.05.2001 година ги потсети деловните банки на постојната позитивна законска регулатива и тоа од доменот на девизното работење и надворешно-трговското работење. Отежнувањата се следниве: - НВО немаат право да поседуваат девизно-депозитна сметка. Во праксата тоа значи дека девизните средства треба да се продадат во рок од три дена по приемот за разлика од претходната состојба кога истите можеле да се чуваат во депозит до 6 месеци. Последица на оваа ќе биде ризик од обезвреднување на денарските средства и продажба по неповолни курсеви. - НВО немаат овластувања за надворешно-трговско работење. Тоа ќе значи дека за секое плаќање во странство, на пример за конслутанти, ќе мора да се бара поединечно одобрение од Министерство за економија. МЦМС започна да го проучува и заедно со три други НВО започна одредени активности во врска со проблемот. Тоа што е нејасно е зошто се воведува една ваква рестриктивна одлука во овој момент. НВО, на пример МЦМС, работи на постојниот начин веќе осум години. Уште повеќе што толкувањето е врз основа на стариот закон, а веќе на 3 мај 2001 година е донесен новиот закон за девизно работење (ќе се применува од октомври 2001 година), со кој се либерализира девизното работење. С.К.
|