|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Биографии
Елена Ташкова е родена на 28.05.1971 година во Штип, Македонија.
Дипломира на Белградскиот универзитет на Дефектолошкиот факултет, смер логопедија. Седум години работи во ОУ „Ванчо Прке“, а сега во ОУ „Гоце Делчев“ - Штип како дефектолог-логопед.
Врши тријажа, корекција на децата со пречки во оралната вербална комуникација за општина Штип.
Учествува во обука во организација на Медија артес во склоп на програмата на ФИООМ „Уметноста во општествените промени“ и во реализација на проектите „Психосоцијална реинтеграција на децата без родители“, „Запознај ме - помогни ми“ и „Предлог-програма за бесплатна правна помош“.
Моментно е на постдипломски студии на Педагошкиот факултет во Штип.
Течно зборува англиски , српски и влашки јазик.
Во Здружението за хуманитарни активности „Синергија“ - Штип е претседател на Извршниот одбор.
Каранфилов Тихомир е роден во 1954 година во Битола. Таму го завршува средното училиште. Своето образование го продолжува на скопскиот универзитет каде што апсолвира на Медицинскиот факултет. Од 1999 година работи во ТВ БТР како уредник во македонската редакција. Истовремено пишува и за дневниот весник на ромски јазик Рома тајмс. Како сценарист има реализирано повеќе тв-проекти и документарни филмови:„Ромски кралеви на музиката“, „Ромски политички партии“, „Ромски населби“, „Првата ромска граматика - Шаип Јусуф“, „Ромски цивилен свет“ и тв-проектот „Стоп на насилството врз жената со посебен акцент врз ромската жена“.
Активно евклучен и во невладиниот сектор од 1999 година. Како генерален секретар на РМЦМ учествува во припремата и реализацијата на проектите: „Косовскиот конфликт и последиците врз косовските роми“, „Мир и пријателство“, „РЕФ“ и др.
Анифа Демировска е родена во 1962 година. Живее и работи во Делчево, во Управата за јавни приходи. Дипломира на Правниот факултет во Скопје, со положен правосуден испит. Активно е вклучена во невладионото движење во Р. Македонија од 1996 година. Претседател е на Женскиот актив на Ромската невладината организација „Пхурт“ (Мост) Делчево.
Учествува на повеќе национални, регионални и меѓународни конференции како претставник од ромска граѓанска организација, има поминато повеќе обуки и семинари од различни области организирани на национално и на регионално ниво.
Славко Саздовски е роден во 1970 година во Скопје. Дипломира на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје во 1993 година. Во периодот 2002-2003 работи како професор по физичко образование во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“ – Шуто Оризари, Скопје. Во моментов студира социјални науки на „Jonkoping University“ – Шведска. Автор е на повеќе есеи од областа на работа со млади, адолесценција, работа со поединци и групи, помирување и решавање конфликти.
Во текот на 2003 година со поддршка од Институтот Прони за социјална едукација го спроведува проектот „Социјална едукација на младите Роми во општина Шуто Оризари“, чија основна цел е да им даде поддршка и поттик на младите Роми да продолжат со образованието во средно училиште. М-р Благоја Трајкоски е роден во Секирци, Прилепско, во 1946 година.
Основно образование завршува во родното место, а гимназија во Велес. Дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје (1971 г.) на групата историја на книжевностите на народите на СФРЈ со макeдонски јазик.
Во 1976/77 година се запишува на постдипломски студии од
областа на социолошките и политиколошките науки, а магистерскиот труд го одбраниува во 1994 година. Има објавено над 80 библиографски единици
До 1978 р. работи како професор по македонски јазик во Средното хемиско училиште „Димитрија Чуповски“.
Во 1978 година е назначен за директор во Заводот за унапредување на предучулишното и основното воспитание и образование во Велес. Од 1991 г., како советник, работи во Бирото за развој на образованието на Република Македонија, подрачна единица, Велес.
Дел од неговите трудови се „Некои сознанија и искуства во остварувањето на дејноста на заводите, со иницирање можни организациски правци и модели за натамошна работа“, „Социолингвистички аспекти во изучувањето на македонскиот јазик на иселеништвото од Македонија во Шведска, во Норвешка и во Германија“ итн.
Учествува во изработката на наставни програми по македонскијазик V-VIII одделение, раководител и учесник е во изработка на програмите за гимназиското реформирано образование (I-IV година), член е на Државната матурска комисија по предметот македонски јазик и литература.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|