|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Сузан Амет
Сите деца во училиште
Хуманитарната организација МИР, преку грант-програмата за филантропија во Македонија, финансирана од УСАИД преку Институтот за трајни заедници - ИТЗ, а спроведувана од Центарот за институционален развој – ЦИРа, од месец јули 2007 г. започна со реализација на активности за прибирање средства за создавање фонд за набавка на учебници и училиштен прибор за децата Роми кои не се опфатени во основното образование и чии родители поради недостиг на финансиски средства не се во состојба да им обезбедат учебници и училиштен прибор и да ги испратат во училиште.
Од изминатиот период досега, со средствата кои ги собравме од локалните бизниси и од индивидуалците од локалната заедница, набавивме учебници и училиштен прибор за 32 деца и нив ги вклучивме во образованието. Пред тоа, овие деца можевме да ги видиме низ градските улици како заработуваат за живот, а нивниот детски труд честопати беше искористуван од страна на нивните родители. Но, со акцијата на МИР, овие деца добија можност да станат редовни ученици во ОУ „Васил Главинов” - Скопје и тие постигнуваат солидни резултати во своето учење на предвидениот наставен материјал.
Покрај учебниците и училишниот прибор, на овие деца во повеќе наврати им доделивме и помош во облека и обувки.
Сепак, со нашата акција не бевме во можност да им помогнеме и на другите деца кои не се запишани на училиште или не ја посетуваат наставата поради немањето можност да ги обезбедат потребните учебници и училишниот прибор. Во основните училишта каде учат Роми постои голема потреба од набавка на дополнителен број учебници и училиштен прибор и за децата ученици кои потекнуваат од семејства кои се корисници на социјална помош. Како пример би го посочила ОУ „Васил Главинов” во Скопје, каде што според информациите од училиштето, 247 деца одат на училиште без учебници и без училиштен прибор.
Гледајќи го позитивниот ефект од спроведените активности и реалната потреба за придонес кон подобра иднина за овие деца, Центарот за институционален развој - ЦИРа нe повика на заедничка акција за прибирање средства за помош на сите ромски деца во РМ во духот на годинешната носечка тема на Форумот на граѓанските организации: Еднакви можности за сите. Партнерството беше структурирано во вид на голем настан за прибирање средства (добротворна лотарија) за креирање фонд за набавка на учебници и школски прибор за децата Роми во РМ. Настанот се одржа на НВО-саемот пред штандот на ЦИРа, на 16 и 17 ноември 2007 г.
Во текот на двата саемски дена од донаторите на лотаријата беа собрани околу 75.000 МКД, но и различни видови предмети и услуги, кои ќе им се доделат на основните училишта во РМ каде што учат деца од ромска националност. При целата акција, секој донатор имаше можност на својот талон за донација да посочи училиште каде би сакал да отиде неговата донација. Според собраните гласови на талоните, најголем дел од донаторите го посочија ОУ „Ѓорѓи Сугарев” од Битола, со што ова училиште станува и најголем примател на собраните средства, а по него следуваат ОУ „Васил Главинов” и ОУ „Браќа Рамиз и Хамид” од Скопје.
Целиот настан беше поддржан со 10 волонтери на организацијата МИР, 15 волонтери од Здружението на граѓаните Баирска светлина – Битола, 5 волонтери од Здружението на граѓаните Романи шукарипа - Прилеп и персоналот на ЦИРа, од каде имаат претходни искуства во организирање и реализирање специјални настани за прибирање средства.
Поради успехот на акцијата и заради постоењето реална потреба сите деца да се обезбедат со потребниот училиштен материјал и со учебници, МИР планира и понатаму да организира вакви или слични настани за прибирање средства кои би им помогнале на децата да ја почувствуваат среќата и еден ден да станат образовани и корисни граѓани на нашата држава. Нашата цел е да вклучиме што поголем број деца во воспитно-образовниот процес, кои сe уште се низ улиците на градот Скопје и обезбедуваат средства за живот преку питање, деца кои работат со своите родители во време кога треба да бидат во училиште.
Со големата поддршка која ја добиваме од професионалниот тим на ЦИРа, нашите идни иницијативи ќе бидат насочени и кон преземање активности за подигнување на свеста кај бизнис-секторот и кај индивидуалците, за донирање финансиски и материјални средства за побрзо решавање на проблемите во локалната заедница.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|