ИЗБОР РАЗВИВАЊЕ ЕЛЕКТРОНСКИ МРЕЖИ ВО РЕГИОНОТ НА ЈУГОИСТИЧНА ЕВРОПА
Вилем Тјебе Остенбринк (Willem Tjebbe Oostenbrink) (Раководител на програма во Милиеуконтакт Источна Европа)
Електронската комуникација има повеќе зачетоци. Додека приватниот сектор се соочува со ограниченост на информации и комуникациска технологија (ICT/ИКТ) како алатка за создавање профит, секторот на НВО почна да открива нови можности. Предноста на ИКТ не е само во размената на информации и создавањето платформа за дискусија, особено кога се работи за невладините организации. НВО се способни да се пронајдат меѓу себе и да развијат поефикасна соработка. Електронската листа, на пример, која овозможува честа комуникација и вклучување на членовите, помага во надминување на бариерите кои ја кочат комуникацијата. Малите групи може да создадат заедница во која секој ќе се чувствува безбеден, отворен еден кон друг и луѓето ќе научат да ги искажуваат своите мислења. Тоа ќе им помогне на луѓето да имаат исто ниво на информираност и знаење. Во таа смисла, ИКТ е моќна алатка не само за ефективна соработка, туку исто така и за развој на демократијата и примена на демократските принципи во пракса. Ефективниот тим е како соединување на петте поединечни прсти во една рака. Пристапот на работни групи и проектен тим е доста привилегиран. Преку него, можно е да се соединат расфрлените иницијативи и поединечните идеи во моќен извор на ресурси, искуства и вештини. Прстите често се употребуваат да покажат на другите. Проектниот тим може да им подаде рака на невладините организации и потенцијалните партнери и да поттикне нови форми на соработка. За време на моите први посети на Бугарија во 1997, НВО ми кажуваа за нивните идеи за електронска мрежа за комуникација. Неколку пати имаше обиди за заеднички проект. Еднаш, предлог-проектот беше поднесен до финансиерот и беше прифатен. За жал, бродот потона, пред самото доближување до брегот. Поради недостаток на разбирање и заеднички пристап, НВО не се согласија на поделба на задачите и одговорностите. Проектот никогаш не се спроведе. “Milieukontakt” се обидува да ги предвиди ситуациите каде недоволното искуство ги спречуваат невладините организации да соработуваат ефективно. Во Бугарија, информативната мрежа “Блуе линк” беше поддржана како тим од различни НВО кои работат на заеднички проект. Тие научија како да пораснат и да се развијат до независна мрежа на НВО за управување со информациите служејќи им на невладините организации. Како тим од различни НВО да стане успешен? Начинот на кој тим или работна група од НВОи може да стане значаен фактор во граѓанското општество е со следење бројни принципи. Демократските принципи вклучуваат отвореност, транспарентност, учество и вклученост на членовите. Привилегија е да се биде отворен и да се поканат други НВО да учествуваат во работата. Гледајќи ги мрежите на ИКТ во регионот на Централна и Источна Европа, важно е што тие имаат јасна мисија за секторот на НВО. Тие треба да сфатат дека единствениот начин да имаат важна улога е да му служат на секторот на НВО и на членовите. Како што претседателот Кенеди во шеесеттите рече: “Не треба да прашувате: што може мојата земја да стори за мене? Треба да се запрашате себе си: што можам јас да направам за мојата земја?”. Ова се однесува и на електронските мрежи. Запрашајте се себе си: што и како можам да придонесам за мрежата? Како што зборот мрежа (network) веќе кажува: тоа е работа. Само со работа, може да се постигне добро функционална мрежа. Секако, тимската работа има карактеристични предности. За невладините организации е полесно да работат заедно и да соработуваат и во иднина. Поради вашата интерна соработка, полесно е да се убедат другите чинители да соработуваат со вас. Вие си ја создавате вашата сопствена слика дека сте добри во соработката. Дали е неопходно мрежата да се бори за да биде единствена? Секој може да гледа на ова прашање на различни начини. Да се биде единствен, во смисла на монопол и спречување на други организации да го направат истото, би рекол не, не е потребно. Има покреативни работи во животот на кои треба да се концентрираме. Има феномен во Централна и Источна Европа, кој јас го нарекувам синдром на “црвена чанта”. Група луѓе регистрираа нова НВО под името НВО “Црвена чанта”. Следниот ден еден член здогледа човек по улица шетајќи се со црвена чанта. Членот на “Црвена чанта” го праша човекот “што правиш со таа чанта? Ти не си претпоставен да имаш црвена чанта, ние сме организацијата ‘црвена чанта’”. Треба ли некоја НВО да се бори да биде најдобра? По мое мислење, дефинитивно да. Како? Со подобрување на квалитетот, одговарање на потребите, препознавање на новите барања, како и со креативност во пронаоѓањето решенија за проблемите што другите не можат да ги надминат. Да се биде најдобар е квалификација која вие треба да ја заслужите заедно со вашите членови. Ако си ја вршите работата и им служите на членовите, тие ќе ја подобрат мрежата. Како тогаш ќе станете моќна мрежа? Правејќи го тоа што вие им го кажувате на другите. Има НВО кои се жалат на недостаток на информации, транспарентност и отвореност кон власта. Но кога ќе ги прашате нив да направат преглед на донаторите кои ја поддржале нивната работа минатата година, ќе ви речат дека тоа не е ваша работа. И тие грешат, затоа што обврска е на НВО да ја информираат јавноста за нивната работа и за постигнувањата. Нивната работа е овозможена со поддршка од јавноста. Вашите надворешни активности и презентација треба да бидат одраз на вашата внатрешна организација, вредности и верувања. Затоа, вежбајте го она што го зборувате, правете го она на што вие ги учите другите. Билтен SEEENN јули 2002
|