|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Европска агенција за реконструкција и развој
Донатор во сите сфери
Еден од најголемите донатори во Република Македонија сигурно е Европската агенција за реконструкција и развој. Оваа агенција на Европската Унија речиси да нема сфера во којашто не донирала. Од милион евра помош за ветеринарните служби, преку финансирање проекти за меѓуетничко помирување во земјава, како и повеќе стотици милиони евра за обнова на разорените куќи при воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Еден од најважните проекти на оваа агенција сигурно е и донацијата со којашто беа опремени повеќе специјализирани средни училишта во цела Македонија.
Неколку илјади ученици, студенти и читатели на дневни весници беа во фокусот на пет проекти, финансирани од Европската Унија преку Европската агенција за реконструкција и развој, со цел промовирање на меѓуетничкото помирување во земјава. Проектите за коишто беа издвоени три милиони евра многу придонесоа за зајакнување на граѓанското општество во Македонија.
Со помош на Европската агенција беа поправени 800 куќи во Арачиново, во Тетово и во Куманово, а за обнова на овие региони коишто беа зафатени од конфликтот во 2001 година Европската агенција издвои 25 милиони евра.
Во сферата на образованието Европската агенција за реконструкција исто така даде свој огромен придонес за унапредување на македонското образование. Така, во соработка со Министерството за образование, оваа агенција ги опреми специјализираните училишта на коишто им недостасуваше соодветна опрема. Во Свети Николе беше донирана земјоделска механизација за Средното земјоделско училиште, во Скопје поголем број училишта добија големи донации, беа опремени училиштата и во Кочани, во Кумановско и во многу други региони.
Европската агенција за реконструкција & даде неповратни 1,4 милиони евра на Управата за ветеринарство за да се зајакнат ветеринарните служби во земјава. Со парите добиени од Европската Унија, Управата купила 20 возила за ветеринарни инспекциски служби на терен и компјутери на речиси сите гранични премини.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|