МЦМС
К О Н К У Р С за здруженијата на граѓани
Македонскиот центар за меѓународна соработка организира обука за РАКОВОДЕЊЕ СО ПРОГРАМА наменета за здруженијата на граѓани. Обуката ќе трае 6 дена, а преку неа учесниците ќе се запознаат со: планирање насочено кон целите, вклучувајќи ја и логичката рамка, алатки за анализа на организацијата и нејзината институционална поставеност, финансиски менаџмент и кадровски менаџмент.
Обуката ќе се одржи во периодот од 25 до 30 ноември 2002, во х. Молика, Битола.
Право на пријавување имаат раководителите или координаторите на проекти/програми во здруженијата на граѓани и фондации, регистрирани согласно законот, чии приоритетни целни групи се: жените, етничките малцинства, хендикепираните и младите.
На обуката можат да учествуваат најмногу 2 учесника од иста организација, а учесниците ги предлага организацијата. Трошоците на обуката ги покрива Македонскиот центар за меѓународна соработка, а учесниците партиципираат со 2200,00 денари по учесник и сами ги сносат патните трошоци.
За обуката може да се пријават и учесници од организации чии целни групи не спаѓаат во приоритетните, но со целосно покривање на трошоците за котизација, сместување и патните трошоци. Котизација за обуката изнесува 11.700,00 денари.
Обрасците за пријавување можат да се подигнат во просториите на Македонскиот центар за меѓународна соработка секој работен ден од 8 до 16 часот, од веб сраната www.graganskisvet.org.mk, или да се добијат по електронска пошта,
Пополнетите пријави треба да бидат доставени до МЦМС најдоцна до 15.11.2002 година. Избраните учесници ќе бидат известени по телефон.
Македонски центар за меѓународна соработка "Никола Парапунов" бб Скопје тел: 091/ 365-381; е-маил: laj@mcms.org.mk Лице за контакт: Лилјана Алчева Јовановска
|