иЗБОР
МНОЗИНСТВОТО ИСКЛУЧЕНО ОД ГЛОБАЛНИОТ ПРОЦЕС НА ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ
Екуменски консултации за глобализацијата на економијата во централна и источна Европа
Тешко е да се видат позитивните конотации за глобализацијата кога поголемиот дел од земјите се исклучени од глобалниот процес на донесување одлуки, се вели во изјавата од консултацијата на тема „Глобализацијата во централна и источна Европа - одговори на еколошките, економските и општествените последици”. Консултацијата, спонзорирана од Светскиот совет на црквите (СЦС), Конференцијата на европските цркви (КЕЦ), Светската алијанса на реформирани цркви (САРЦ) и Европскиот областен комитет (ЕОК), собра стотина учесници и набљудувачи во Будимпешта, Унгарија, од 24 до 28 јуни.
Трансформацијата по падот на комунистичкото владеење, европската интеграција и глобализацијата се трите моментални карактеристики на централниот и источниот европски регион. Изнесувајќи ги своите ставови на конференцијата, професорот Игор Кис од Словачка рече дека глобализацијата може да биде или мечот не Демокле над човештвото или пак мечот со кој човештвото ќе го пресече гордиевиот јазол на светските економски проблеми. Светот се наоѓа на крстопат. И токму затоа консултацијата испрати порака за глобализацијата до црквите во и надвор од регионот, како и до владите и пошироката јавност во самиот регион. ”Комунизмот се потпираше на нерестриктивното државно планирање. Како последица на тоа, незадржаниот пазарен механизам беше добредојден од многу политичари и општествени водачи како еден пат до подобра иднина. Тие не сакаа да сфатат дека општествената, културната и институционалната рамка се предодредени на неуспех и се предодредени да го уништат социјалното ткиво на општеството”, се подвлече во пораката. Владите, се вели во неа, не треба да дозволат глобалното финансирање да игра решавачка улога во националните економии, бидејќи глобализацијата на економијата во нејзиниот сегашен облик им се заканува на традиционалните вредности во регионот. Во пораката се бара од западните цркви да ги убедат „донесувачите на одлуки” да престанат со експлоатацијата и исклучувањето на мнозинството земји од процесот на донесување одлуки. На консултацијата, еден постар истражувач од Московскиот институт за меѓународна економија и политички студии, д-р Роберт Мекинтаер, ја карактеризираше посткомунистичката ситуација како ”повеќестрана морална катастрофа”. Постои лажен оптимизам во овие земји поврзан со влезот во Европската унија (ЕУ), рече тој. „Земјите како Полска, каде 60 проценти од децата страдаат од неисхранетост, не се искрено добредојдени во ЕУ”, заклучува Мекинтаер, додавајќи дека „можниот исход на процесот е второкласен статус за новите членови”. Во 1989 година, околу 14 милиони луѓе од поранешниот комунистички блок живееја со помалку од 4 долари на ден; кон средината на деведесеттите, таа цифра се покачи до 147 милиони. Како и да е, според д-р Злински Јанош, биологист од Унгарија, тешко е ситуацијата точно да се процени бидејќи не може да се потпреме безрезервно на сите податоци. Сепак, едно е сигурно: како сведоци на сиромаштијата во селата, во поголемиот број источноевропски земји, нема да претераме ако речеме дека тие неколку десетици милиони сиромашни Европејци, на долгорочен план, би ја чинеле ЕУ повеќе од која било војна. Реагирајќи на овие проценки, консултацијата предупреди дека црквите треба да ги едуцираат своите членови за да знаат како функционира економијата и да им овозможат да промовираат праведна економија. Учесниците на консултацијата забележаа дека многу често жените се исклучени од добрата на општеството. Светската тенденција на државна „налудничавост” не им оди во прилог на жените; рестрикциите во здравството и образованието, на пример, им претставуваат дополнителен товар. Така, тоа што некогаш беше карактеристика на јужните земји, сега стана глобален проблем. Дискусиите открија различни културни традиции, историски искуства и економски развој во различни земји од централна и источна Европа. Меѓутоа, учесниците на консултацијата се согласија дека и покрај разликите, владите треба да промовираат единствена соработка меѓу нациите и можности за комуникација и заедничко дејствување, т.е. уште еден лик на глобализацијата. (Преземено од европското биро на Светски совет на црквите 29 јуни 2001)
МЕМОРИЈАЛЕН ФОНД ЗА ДИЈАНА, ПРИНЦЕЗАТА ОД ВЕЛС
Работата продолжува
Меморијалниот фонд за Дијана, принцезата од Велс, е грант-програма за организации кои работат на меѓународно ниво и се отвара на 1 февруари, 2001 година. Оваа година фокусот ќе биде насочен кон давање средства на организации кои ги помагаат општествата загрозени од мини, касетни бомби и останати неексплодирани тела, односно ја помагаат рехабилитацијата и реинтеграцијата на луѓето со последици од војните, а особено оние кои се соочуваат со предрасудите во нивната заедница. Сите апликации за практични проекти и залагање за подигање на нивото на свеста на оваа тема се добредојдени во Фондот. Исто така, би се спонзорирало и застапување за проблемот со трговијата со лесно/мало оружје. Може да аплицираат само организации кои се регистрирани како добротворни во Британија. Краен рок за аплицирање е 21 мај, 2001. За детални информации околу критериумите, ве молиме контактирајте со: The Grants Department The Diana, Princes of Wales Memorial, Fund Westminster Bridge Road, London se 1 7 bp, Tel. +442079025500 (Alliance, mart 2001)
|