|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“
12 ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ПРОТИВ ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕТСКИОТ ТРУД
По повод Меѓународниот ден против злоупотреба на детскиот труд, „Меѓаши“ потсетува дека, и покрај тоа што Република Македонија пред 6 години ја ратификуваше Конвенцијата против злоупотреба на детскиот труд, состојбата и понатаму е повеќе од алармантна. Над 18.000 деца не се вклучени во системот на образование, а најмалку 1.000 деца го поминуваат своето детство на улица, живеејќи под ведро небо и без родителска грижа и надзор.
Во досегашните истражувања и анкети правени низ Македонија, децата кои се на улица, се поделени во неколку групи: деца без родители, деца со еден родител, деца на разведени родители, деца во нарушени семејни односи. Околу 30% од децата на улица, се деца без родители. Децата на улица во Република Македонија ги има од сите возрасти и националности, но најмногубројни - 58%, се Роми. Исто така, загрижува и сознанието дека: 15,5% од децата на улица се од , 64% на возраст од 7 до 14 години, 88, 5 % манифестираат социјално неприфатливо однесување, а 11, 5% имаат толерантно социјално однесување (според Заводот за социјални дејности во Скопје).
Злоупотребата на детски труд подразбира работа на деца кои се под возраста одредена со закон. Но напоменуваме дека, злоупотреба на детскиот труд не значи само физичка работа, туку и комерцијална сексуална злоупотреба (детска проституција и порнографија), трговија со деца, деца војници.
Во светот има приближно 246 милиони деца, на возраст од 5-17 години, чиј труд се злоупотребува. Тоа е речиси популацијата на САД (293,027,571)! Од таа бројка околу 186 милиони се деца под 15 години. Поразувачки е дека мнозинството, односно 110 милиони се деца под 12 години.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|