ИНТРАК
Оценка на влијанијата на градењето капацитети на организациите
Меѓународниот центар за обука и истражувања (ИНТРАК), хуманитарна организација со седиште во Велика Британија, ја издаде публикацијата “Кревајќи се кон предизвиците: Оценка на влијанијата на градењето капацитети на организациите”. Публикацијата е дело на авторите Џон Хејли, Рик Џејмс и Ребека Ригли, а нуди краток преглед на модерното размислување и практики во врска со оценката на влијанието на интервенциите во градењето капацитети на организациите, а наедно ги идентификува и идните предизвици. Публикацијата зборува за потребата од подобро разбирање на одредени карактеристики на оценката на влијанието на градењето капацитети на организациите, како и за потребата од генерирање и документирање иновативни, прилагодливи и достапни пристапи. Публикацијата е достапна na http://www.intrac.org/intrac/prahispapers_en.html.
Т.Х.
УНИЦЕФ
Пораст на сиромаштијата кај децата во богатите земји
На 1 март 2005 година УНИЦЕФ издаде извештај во кој се вели дека процентот на децата кои живеат во сиромаштија се зголемил во 17 од 24-те испитани индустриски земји. Изненадувачки, САД, со 21,9% сиромаштија кај децата, се најдоа на дното на листата, заедно со Мексико (27,2%). Помеѓу земјите од Европската Унија, намалувањето на сиромаштијата кај децата е забележано само во Францција, во Грција и во Велика Британија. Италија (16,6%), Ирска (15,7%) и Португалија (15,6%) се земји со највисока стапка на сиромаштија кај децата во Европа. Од друга страна, на скалата на сиромаштија се наоѓаат нордиските земји. Данска е на врвот со само 2,4%, а по неа следува Финска со 2,8% стапка на сиромаштија кај децата, како резултат на капацитетот на владата да инвестира во социјалните трошоци на одржлив начин.
Движење за човекови права
Почина Питер Бененсон, основач на Амнести интернационал
Питер Бененсон, основачот на светската организација за човекови права Амнести интернационал (Амнестѕ Интернатионал), почина на 25 февруари 2005 година. Бененсон ја основа и инспирира Амнести интернационал во 1961 година како едногодиша кампања за ослободување на шест затвореници на совеста. Од таа кампања произлезе светското движење за човекови права, а во неговите рамки и меѓународната организација - Амнести интернационал, којашто ги презеде случаите на илјадници жртви на нарушување на човековите права, а исто така инспирира и милиони бранители на човековите права во целиот свет. Во текот на својот живот, Бененсон посвои сираци од Шпанската граѓанска војна, врати многу Евреи кои пребегале во Британија од нацистичка Германија, набљудуваше судења како член на Друштвото на трудови адвокати, го помогна основањето на организацијата “Правда” и ја основа Организацијата на луѓето со абдоминална болест. Денес, во 44-тата година од постоењето, Амнести интернационал стана најголемата независна организација за човекови права во светот, со повеќе од 1,8 милиони членови и приврзаници во целиот свет. Т.Х.
|