|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Белешки за авторите
Тања Хафнер е родена на 29 ноември, 1978 г. во Крањ, Словенија. Таа е магистер по меѓународни односи и европски студии на Централноевропскиот Универзитет во Будимпешта, Унгарија. Досега два пати е избрана за член на Извршниот одбор на Амнести интернационал Словенија (1999-2000, 2002-2003) и координатор за лобирање (2002-2003). Во моментов е раководител на Секретеријатот на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество, со седиште во МЦМС, Скопје.
Анифа Демирова е родена во 1962 година. Дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Активно е вклучена во граѓанскиот сектор од 1996 година. Таа е претседател на Женскиот актив на ромската граѓанска организација “Пхурт” (Мост) од Делчево. Учествувала на повеќе национални, регионални и меѓународни конференции како претставник на ромската граѓанска оганизација. Поминала повеќе обуки и семинари од различни области организирани на национално и на регионално ниво. Во моментов, Анифа Демирова работи во Управата за јавни приходи во Делчево каде што и живее.
Анета Мишеска е родена на 24 октомври 1977 година во Прилеп. Дипломирала на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, група за германски јазик. Од 2003 година таа е координатор и главен асистент во ромската граѓанска организација “Тернипе” од Прилеп. Другите ангажмани во граѓанскиот сектор се преку граѓанската организација “Палома” и Младинскиот совет од Прилеп. Анета Мишеска работи како хонорарен професор по англиски и по германски јазик во приватни и државни училишта и во Работничкиот универзитет во Прилеп. Во моментов таа е постдипломец на германски јазик.
Јован Ананиев е роден во 1978 година. Дипломирал на Правниот факултет, политички студии, во 2000 година каде што е прогласен за првенец на генерацијата. Од 2004 година е магистер по политички науки. Магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. Работи како научен истражувач во Центарот за бегалци и присилни миграции при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. Автор е на повеќе научни статии од областа на човековите права, етничките односи и евроинтеграцијата. Има работено на повеќе научно-истражувачки проекти од областа на политичките науки.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|