|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Кампања на “Транспарентост Македонија”
Картички со провокативни прашања до власта
Преку бесплатни картички со провокативни прашања до власта, граѓанската организација “Транспаретност Македонија” се обиде да направи притисок власта да го донесе законот за пристап до информации. Граѓаните пополнија картички на коишто стоеја прашања од типот: “Колкава е платата на...”; “Кој го доби тендерот за...”; “Колку е загаден воздухот во...”; “Кој го доби работното место во...”; “Колку пари се потрошени за...” и сл. Во рамките на еднодневната промоција на овие картички, како дел од кампањата за промоција на законот, скопјани се потпишуваа и во книгата со потписи, каде им оставаа различни пораки на политичарите. Картичките ќе им бидат испратени на министрите во Владата и политичарите во Собранието. По 35 години поминати во Париз, Бранко Кодриќ се вратил во Македонија. Тој беше во толпата луѓе коишто ги пополнуваа картичките. “Би му порачал на Муратовски да поведе сметка за работникот, ако веќе се бориме за Европа треба да постои некој стандард, да се подобри вработувањето на секој граѓанин, а секој ученик да има пристап до книгите. Сега политичарите работат во завиена форма, а народот не знае за тоа” вели Кодриќ. “Мене ми е најинтересно прашањето за тоа колку пари се потрошени за... Тоа би ги прашал политичарите, бидејќи луѓето егзистенцијата ја гледаат преку пари. Ваква иницијатива со картички би требало да постои секаде, во сите градови за да можат луѓето да ги кажат своите маки”, рече пензионерот Милош Богоев. Слично размислува и Неџат Рахман, кој работи во Градежното претпријатие “Бетон”. “По медиумите слушаме што прави власта, додека народот трпи за леб. Политичарите само се менуваат еден по друг, а работите за нас, обичните смртници, стојат. Министрите сe што прават, работат за себе, а не за нас. Кој ќе ми помогне мене со мизерна плата од 6.000 денари”, нагласува Рахман. Меѓу другите работи, тој би го прашал градоначалникот на Гази Баба каде ги троши парите од народот и што прави за да ја подобри ситуацијата со воздухот.
Зоран Јачев од “Транспарентност Македонија” јавно ја праша Владата зошто доцни донесувањето на Законот за пристап до информации. “Ако за некој закон се вели дека дошол пет до дванаесет, тогаш за овој закон е дојдено дванаесет и дваесет”, оцени Јачев. Тој рече дека иако законот ги поминал сите филтри во процедурите, сепак тој сe уште не се разгледува во Собранието. Претставниците од “Транспареност” не се задоволни од потегот на Владата којашто претходно им го вратила законот на доработка поради тоа што не го прифатила делот во којшто се бара формирање посебна комисија што ќе го надгледува спроведувањето на законот. “Ако нема некој што ќе биде титулар на законот, тогаш која е причината за негово постоење”, додаде Јачев. Ж.Ѓ.
Преку бесплатни картички со провокативни прашања до власта, граѓанската организација “Транспаретност Македонија” се обиде да направи притисок власта да го донесе законот за пристап до информации. Граѓаните пополнија картички на коишто стоеја прашања од типот: “Колкава е платата на...”; “Кој го доби тендерот за...”; “Колку е загаден воздухот во...”; “Кој го доби работното место во...”; “Колку пари се потрошени за...” и сл. Во рамките на еднодневната промоција на овие картички, како дел од кампањата за промоција на законот, скопјани се потпишуваа и во книгата со потписи, каде им оставаа различни пораки на политичарите. Картичките ќе им бидат испратени на министрите во Владата и политичарите во Собранието. По 35 години поминати во Париз, Бранко Кодриќ се вратил во Македонија. Тој беше во толпата луѓе коишто ги пополнуваа картичките. “Би му порачал на Муратовски да поведе сметка за работникот, ако веќе се бориме за Европа треба да постои некој стандард, да се подобри вработувањето на секој граѓанин, а секој ученик да има пристап до книгите. Сега политичарите работат во завиена форма, а народот не знае за тоа” вели Кодриќ. “Мене ми е најинтересно прашањето за тоа колку пари се потрошени за... Тоа би ги прашал политичарите, бидејќи луѓето егзистенцијата ја гледаат преку пари. Ваква иницијатива со картички би требало да постои секаде, во сите градови за да можат луѓето да ги кажат своите маки”, рече пензионерот Милош Богоев. Слично размислува и Неџат Рахман, кој работи во Градежното претпријатие “Бетон”. “По медиумите слушаме што прави власта, додека народот трпи за леб. Политичарите само се менуваат еден по друг, а работите за нас, обичните смртници, стојат. Министрите сe што прават, работат за себе, а не за нас. Кој ќе ми помогне мене со мизерна плата од 6.000 денари”, нагласува Рахман. Меѓу другите работи, тој би го прашал градоначалникот на Гази Баба каде ги троши парите од народот и што прави за да ја подобри ситуацијата со воздухот.
Зоран Јачев од “Транспарентност Македонија” јавно ја праша Владата зошто доцни донесувањето на Законот за пристап до информации. “Ако за некој закон се вели дека дошол пет до дванаесет, тогаш за овој закон е дојдено дванаесет и дваесет”, оцени Јачев. Тој рече дека иако законот ги поминал сите филтри во процедурите, сепак тој сe уште не се разгледува во Собранието. Претставниците од “Транспареност” не се задоволни од потегот на Владата којашто претходно им го вратила законот на доработка поради тоа што не го прифатила делот во којшто се бара формирање посебна комисија што ќе го надгледува спроведувањето на законот. “Ако нема некој што ќе биде титулар на законот, тогаш која е причината за негово постоење”, додаде Јачев.
Ж.Ѓ.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|