|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Одржани годинешните “Денови на Собранието”
Децата се обратија од собраниската говорница
Во рамките на манифестацијата “Денови на Собранието”, Детскиот парламент на Македонија - ДПМ во македонскиот законодавен дом одржа своја симулација на работењето на Парламентот. На симулацијата учествуваа 120-мина делегати од претставништвата на ДПМ во целата држава. На седницата децата - парламентарци ги потенцираа темите на кои тие мислат дека треба возрасните парламентарци да дебатираат: сексуалната злоупотреба на малолетните деца, малолетничката проституција како и педофилијата. Децата покажаа интересирање и за корупцијата во образовниот систем, оценувањето во училиштата, лошата комуникација меѓу учениците, наставниците и родителите, насилството во училиштата, уписната политика за средното и високото образование, заштитата на малолетните од полициска агресија, преоптовареност со наставните програми, точење алкохол на малолетници на јавни места, заштита од дрога и други. По исцрпувањето на главната тема на работниот дел, кршењето на детските права, на крајот од симулативната седница беше донесена Декларација против злоупотребата на децата. Во свечениот дел на симулативната седница им беа доделени плакети со амблемот на ДПМ на претседателот Бранко Црвенковски и на претседателот на Собранието Љупчо Јордановски.
По завршувањето на парламентарната седница младите парламентарци одржаа и митинг против злоупотребата на децата пред Собранието, и дефиле од Собранието до плоштадот “Македонија”. Дефилето заврши во Летната сцена на Градскиот парк во Скопје со екопарадата на тема “Децата сакаат да живеат во чиста еколошка средина”.
Детскиот парламент има 50 канцеларии низ Македонија, од кои осум се во Скопје, во чиј состав функционираат повеќе клубови на млади парламентарци, млади дипломати и млади мисионери. За почетокот на јули годинава е најавено традиционалното одржување на меѓународниот камп “Мир и љубов за децата и младите” во Охрид, и одржување на Балканскиот детски конгрес во Скопје кон крајот на октомври, кога ќе се формира и балкански детски парламент.
С.Н.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|