Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Граѓанско општество

   

Кампања за повеќе избрани жени на парламентарните избори 2006

Потребна е едукација на жените од политичките партии

Сојузот на организациите на жените на Македонија, во партнер­ство со Одделението за промоција на еднаквоста меѓу половите, при Министерството за труд и социјална политика, со под­др­шка од мисијата ОБСЕ во Скопје, ја започна кампањата за по­ве­ќе избрани жени на парламентарните избори идната година во Ма­кедонија, во рамките на којашто на 23 септември ја одржа и на­ционалната конференција “За еднак­ви можности - Повеќе избрани же­­ни на парламентарните избори 2006 “оди­на”. На неа присуствуваа член­­ки од сите политички партии, пра­­те­нич­ки­те во Парламентот на Република Ма­ке­донија, претставници од раководствата на политичките пар­­тии, меѓу­на­род­ни и домашни орга­ни­зации, како и медиумите.

Во предлог-заклучоците е содржана пот­­ребата од активно залагање на   си­те засегнати субјекти за присуство на повеќе избрани жени на парламен­тар­ните избори следната година, за кон­тинуирана политичка едукација на жените од политичките пар­тии, јакнење на соработката меѓу политичките партии, ГО и син­ди­катите, донесување закон за еднакви можности и негова имплементација, потреба од  доследно почитување на изборните законски прописи и неприфаќање кандидатските листи за пратеници, во кои не е почитувана родовата квота од Законот за избор на пратеници на првата и втората половина на кандидатската листа од страна на Државната изборна комисија. Во заклучоците е забележана и потребата од вградување од­редба во Законот за избор на пратеници на секоја кандидат­ска листа за воведување 30% родовна квота за најмалку застапениот пол на листата и на првата и на втората половина на кан­дидатската листа, а застапеноста на жените во изборните те­ла да биде најмалку 30%. СОЖМ ка­ко иницијатор и носител на овие ак­тив­ности, од своето дол­го­го­диш­но ис­кус­тво и работење на полето на поли­тич­кото јакнење на жените, во оваа при­лика пред­ложи, а предлогот е под­држан од стра­на на мисијата на ОБСЕ, секое трето место на кандидат­ски­те лис­ти за пратеници да биде за кан­дидатите од најмалку застапениот пол. 

Со преставничките од политичката пар­тиј­а ВМРО - Народна, во Скопје,  на 15 и 16 октомври е одржан првиот од предвидениот циклус семинари, во рамките на програмата “Жените го мо­жат тоа ИИ - Парламентарни избори 2006”. Семинарот е реализиран од страна на СОЖМ во партнерство со Одделението за унапредување на рамноправноста меѓу половите, при Министерството
за труд и социјална политика (МТСП) и на­бљу­ду­вачката мисија на ОБСЕ во Скопје.

К.Б.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA