Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 34 Јануари 2004  Луѓе

луѓе: Игор Тасевски

Со враќање на довербата, проблемите побрзо ќе се решаваат

Професионално ис­­­кус­тво: Дипло­ми­ран книжевник, уред­­­­ник во вес­никот „Де­ни­ца“ и дописник на ТВ Те­ра. 

Ангажирање во гра­ѓанскиот сек­тор: Активно анга­жиран од 1998 го­дина во Центарот за гра­ѓан­ска иницијатива - Прилеп. Моментално асис­тент на програмскиот координатор во ЦГИ,  член на Извршниот одбор и тренер за човекови права.

Хоби и интереси: Читање книги и гледање филмови.

Најтешка одлука: Одлуките не ги делам на тешки и лесни, туку на навремени и правилни и задоцнети и неправилни. Имам неколку задоцнети и неправилни кои направија некои промени во мојот живот, но сепак и од нив научив нешто, односно што и како не треба да се прави. Генерално, никогаш не се каам за ниедна одлука бидејќи верувам дека според времето и условите сум ги донел вистинските одлуки.

Амбиции: Моите амбиции се поврзани со успешна и плодна работа и една убава прошетка низ светот.

Во слободно време чита: Книгата ми е навистина добар другар. Уживам читајќи белетристика. На убавите книги, како на убавите нешта им се навраќам повеќе пати. Моментно препрочитувам некои книги како „Сто години самотија“ од Маркес и „Сидарта“ од Хесе бидејќи уживам во нив, а со секое препрочитување откривам нови нешта во старата книга.

Каде оди во слободно време: На театар, на прошетки со пријателите. Обврзно барем двапати неделно, на средба со другарите на една партија табла или пикадо.

За време на викенди: Викендите ми се резервирани за семејството. Им се посветувам на сопругата и ќерката и се обидувам да надоместам дел од моето отсуство преку неделата. Викендите често ги користиме и за прошетки надвор од градот.

Кој национален/локален проблем го смета за особено важен и зошто:
Тешко е да се направи приоритет на нашите македонски проблеми, бидејќи сите се итни. На листата се проблемите со финансиите, законите, границите (национални и локални), црквата, враќањето на изгубената доверба во институциите на системот, но и меѓу себе, невработеноста и многу други. Ако морам од многуте проблеми да изберам еден, тоа е изгубената доверба. Кога на народот ќе му се врати довербата во институциите на системот, а секако и меѓусебната доверба, тогаш и проблемите брзо ќе се решаваат.

Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто:
Тероризмот, трговијата со луѓе, дрога и оружје, корупцијата и огромниот прилив на некон­тролиран профит од криминални деј­ствија, перењето пари, финансискиот криминал или криминалот во високата техно­логија, се закана за мирот и стабилноста во светот. Во секој случај, тероризмот е моментно посебно важен проблем, бидејќи истиот зазема се поголем замав и секојдневно носи голем број невини цивилни жртви. Застанувањето зад некоја и некаква идеја која подразбира убивање невини луѓе е најголемиот проблем на денешницата. Едноставно светот треба да се запраша зошто ни се случува ова и да посвети доволно внимание и за негово сузбивање, а не да се концентрира во пронаоѓање и изработување поново и посовремено оружје.

Што би променил во Македонија и во светот:
„Светот го разбирам како поле за културен натпревар меѓу народите“ е мислата на Гоце Делчев, која доколку би ја прифатил светот, секојдневно би уживале во нови книги, филмови, театарски претстави... Не би се згрозувале од вестите за војни, жртви и несреќи. Тоа е мојот свет.

Совет/порака:
Никогаш не правете го она што не сакате да ви го прават вам. Не се подгот­вувајте за посебни настани и денови, зашто секој ден и миг е посебен и заслужува ваше целосно внимание. Насмевнувајте им се на луѓето - нека ве паметат по ведрината и насмевката.

Никогаш не би можел да:
Ги разберам луѓето кои се полни со злоба и завист. Оние кои својата среќа се обидуваат да ја градат на туѓа несреќа.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA