среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  2003

   

3 НВО САЕМ - ФОРУМ НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

Воведно излагање на панел дискусија:СТО ГОДИНИ ГРАЃАНСКИ АКТИВИЗАМ ВО МАКЕДОНИЈА



Маријана Иванова
Век на градење идентитет и државност


Во периодот пред и после Илинденското востание, како и во понатамошната, бурна историја на македонската државност, се до крајот на Втората светска војна, доминира граѓанскиот активизам. Многубројните организации, тајни друштва и кружоци, илегални групи и слични форми на здружување на граѓаните се форми на здружување на граѓани, иако во многу случаи не биле регистрирани, односно делувале вон системот.
Овие граѓанските здруженија, во периодот 1903-2003, кој го разгледуваме во оваа прилика, често и неминовно имале политичка обоеност, што било сосема природно и разбирливо во условите во кои делувале. Онака како што денес граѓанските здруженија се стремат кон општествени промени, клучни во овој миг за Македонија: демократизација на општеството, социјална правда, добро владеење, интеграција на маргинализираните групи, помирување и соработка, така и тогашните активности биле насочени кон клучни промени. Но, во услови на окупација, во тоа време таквите промени најчесто можеле да се изведат со политички методи, или пак по револуционерен пат.
Интелектуалните групи кои се формирале околу Даме Груев, Гоце Делчев, Петар Поп-Арсов и други, во периодот кој непосредно му претходеше на Илинденското востание, биле всушност неформални здруженија на граѓани, кои својата иницијативност, својот граѓански активизам го насочиле кон остварувањето на големиот  копнеж за македонска државност. Уште пред тоа, забележани се бунтовите против језуитскиот систем на воспитание, организирани од гимназијалците Ѓорче Петров, Пере Тошев, како и занаетчиските групи, кои им се придружиле на младинците во бунтовите против Егзархијата.
Овие форми на здружување, кои се јавиле во текот на 18-19 век, нужно биле ориентирани околу тогаш најсуштинското прашање - создавањето на држава на Македонците и ослободувањето од аспирациите нивната земја и самите тие да се претстават како Бугари, Срби или Грци.
Се јавувале и здруженија кои немале револуциски, туки еволуциски предзнак, и кои сепак биле мошне важен придонес кон градењето на македонската државност. На пример, Македонските студенти кои кон крајот на 19 век студирале во Софија, под духовно водство на Петар Поп-Арсов и Ѓорѓи Баласчев ја создале “Младата македонска книжевна дружина”, која го издавала весникот “Лоза”, денес познат како пропагатор на македонскиот јазик, употребувајќи ги неговите елементи и особености кои јасно го разликувале од бугарскиот јазик. Ако одиме уште подалеку во времето - историјата ја забележала таканаречената Словенско-македонска книжевна дружина на Ѓорѓи Пулевски, која си постави за цел да ја прероди народната македонска литература. Кузман Шапкарев самоиницијативно го собирал фолклорното наследство на Македонскиот народ. Истото го правел уште еден голем граѓанин - Марко Цепенков, а Галичанецот Ѓорѓи Пулевски, пак, се нафатил со тешка работа и издал речници, граматика и песнарки на македонски јазик. Со својата граѓанска иницијатива, тие, како и многумина други, придонеле во јакнењето на самодовербата и градењето на идентитетот на Македонскиот народ.
Значи, ако настаните и актерите кои имале клучно влијание во формирањето на македонската државност во изминатите 100 и нешто повеќе години ги посматраме вон тесната рамка која ја нудат архивите и историчарите, во нив  лесно можеме да препознаеме граѓански активизам.
Сите овие групи и кружоци, можеме да ги посматраме како своевиден пандан на сегашните граѓански здруженија, “Лозарите”, студентите, знаетчиите, интелектуалците биле граѓани активисти, собрани околу неколку граѓански лидери, кои спроведувале своја, јасно определена цел. Тие се стремеле да го реализираат својот проект кој бил чекор кон отварувањето на нивната визија.
Тие функционирале на сличен принцип како друштвата било каде и било кога - како форми на здружување на граѓанските идеи, енергија и желби да променат и подобрат нешто од, помалку или повеќе, широк општествен интерес. Клучните зборови - активисти, лидери, цел, проект, визија, методи, средства - се дел од препознатливата терминологија на граѓанските здруженија.
Во периодот по Илинденското востание, а пред Балканските војни, се јавиле социјалистичките групи на Васил Главинов, Димо Хаџи Димов и други, кои ги обединувале и мотивирале работниците преку штрајкови и други форми да  бараат социјална правда. Синдикати формирале чевларските, металските, трговските, шивачките и другите струки, застапувајќи ги правата на работниците. По Младотурската револуција и релативниот мир кој таа го донела, се јавило значајно културно-просветно движење, се формирале многу учителски друштва културни здруженија, се развила печатарската дејност. Периодот меѓу двете светски војни претставува ренесанса на младинскиот активизам. Младите работници и студентите формирале синдикални, културно-уметнички и спортски друштва, во кои се ширеле социјалистичките идеи. Овие здруженија биле извор на една силна струја, со напредни и авангардни млади интелектуалци. И тука, како црвена нишка се провлекува македонското национално прашање и прашањето на македонската државност. Една од најпознатите вакви организации е онаа составена од студенти и млади интелектуалци - познатата МАНАПО (Македонски народен покрет), каде се јавува силна антифашистичка активност.
При моето истражување за потребите на списанието “Граѓански свет” на МЦМС, пред околу три месеци, ги разгледував регистрите на фондовите и збирките на Државниот архив на Република Македонија, каде е запишана  богатата традиција на граѓанското здружување и граѓанскиот активизам на овие простори што постоел со векови наназад. Во регистрите на Архивот на Македонија се споменуваат две хуманитарни здруженија кои биле активни во Македонија пред Втората светска војна - Хуманитарното друштво “Тетовска јабука” од Скопје и Муслиманското добротворно друштво “Шефкат”. Во документацијата на Архивот се регистрирани и разни еснафски здруженија (Еснаф на бакалите од Битола, Здружение на градежните предузимачи од Скопје), културно-просветни и научни друштва (Географско-етнографско друштво “Јован


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA