|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Исламска заедница
Исламската заедница и нејзините институции
Исламската заедница во Република Македонија е независна органи-зација, која дејствува како правен субјект базиран според исламските норми и правила, како и според законите коишто се на сила. Таа е продолжување на институцијата Шејхул Ислам, од постотоманскиот период кој трае повеќе од 100 години. Во овие краишта работела и дејству-вала во различни форми, под раз-лични владеења и системи, бранејќи го продолжувањето на исламот како од историски, така и од културен и верски аспект.
Исламската заедница своите цели и обврски ги спроведува врз основа на нејзиниотустав којшто е највисокакт на оваа институција кој определува норми за организирање на верскиот живот и ги определува обврските кон верниците и обратно. Во склоп на овој највисок нормативен акт, донесени се некои деловници, како што се: Пра-вилникза работен однос; Правилник за организирање и систематизација на работите и обврските на вра-ботените и др. Таа максимално се залага за градење и одржување на исламските верски објекти, обра-зовните и едукативните центри, како и научните, културните и хума-нитарните институции. 1/1 сламската заедница има свои тела, органи, институции, ре-сори и сектори, како што се: 1/1 нституцијата на Реисул Улема, Меџлиси Шура, правно-финан-сиски Меџлис и муфтиниства. Во склоп на Меџлиси Шура дејствуваат шест сектори: вер-ско-образовен, научно-култу-рен, информативно-издавачки/ правно-административен, фи-нансиски и секторот за вакуф. 1/1 сто така дејствуваат и верски, културни и образовни инсти-туции, како што се: Средното исламско училиште „Медре-сата 1/1 са Бег"; Библиотеката „Иса Бег", Друштвото „Ил-мије", Хуманитарната орга-низација „Ел хилал" и Факултетот за исламски науки. Исламската заедница, со сите нејзини орга-низациски единици, видно придоне-сува во афирмирањето на исламските вредности, како од верски, така и од културен аспект. Исламската заедница е силна гаранција за чување и култивирање на верските, моралните и културните исламски вредности и се грижи за едукативниот, социјално-економскиот и научниот просперитет на своите членови на овие простори.
Подготвил: Ирсал Јакупи
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|