|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Виолета Ефтимова
Светот е едно големо село, дајте ни да влеземе во него!!!!
Професионално искуство Наставник по практична настава во Медицинското училиште „Јане Сандански” Штип, кое одлично се вклопува со работата во граѓанскиот сектор и се надополнува.
Ангажирање во граѓански сектор Во граѓанскиот сектор главно работам на проблемите на заболените од рак и на неговото рано откривање. Во организацијата „Нов живот” во Штип сум координатор на повеќе проекти за откривање на ракот на дојката и грлото на матката кај жената. Активна сум во работата во Центарот за психичка поддршка на заболените веќе 5 години и работам на постигнување нова законска регулатива за скрининг-прегледи на раното откривање, за да ги достигнеме и вредностите на ЕУ.
Хоби и интереси Одгледувам цвеќе, што многу го сакам, а таа работа ме релаксира.
Најтешка одлука Како да се продолжи со животот и што да променам по мојата болест (изгледа го најдов вистинскиот пат).
Амбиции Отворање болница во нашиот град за заболените од рак
Во слободното време чита Најчесто читам стручна литература и, секако, дневниот печат.
Каде оди во слободното време Слободно време имам многу малку и се трудам да го надополнам изгубеното со пријателите.
За време на викендите Најчесто сум со своето семејство и со домашните обврски.
Кој национален/локален проблем го смета за особено важен и зошто? Нашата рамнодушност за решавање на многу проблеми, па и на проблемите на заболените од рак и нивниот третман.
Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто? Загадувањето на планетата Земја е причина за појава на повеќе заболувања, па и на ракот.
Што би променил/а во Македонија и во светот? Свет без граници, а на Македонија, среќен пат кон ЕУ.
Совет/порака Светот е едно големо село, дајте ни да влеземе во него!!!!
Никогаш не би можел/а Да не ги сакам луѓето и да не им помагам
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|