|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Организатор: Информативен центар за граѓанско општество
Улогата на меѓународните судови во зачувувањето на човековите права
Категорија: Х Секторска работилница Датум: 31.10.2002 Час: 09.00-10.30 Сала: В Капацитет: 60 седишта Работен јазик: македонски јазик
Краток опис на темата Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (Хашкиот трибунал) и Меѓународниот кривичен суд (универзален) с# досега најексплицитните меѓународни институции за заштита на човековите права. Контроверзноста на оваа тема не ја заобиколи ниту Република Македонија, заради минатогодишните случувања, како и поради настаните во регионот во последнава декада. Надлежноста на меѓународните судови во Македонија е недвосмислена, заради фактот што таа со ратификација се прифаќа од страна на државите. Во таква ситуација тие мора да се почитуваат како дел од националното законодавство. Функционирањето на овие институции во голема мерка влијаат врз промените во однесувањето на институциите во земјава (администрација, министерства, судство), како и на невладиниот сектор во насока на зголемување на свеста за човековите права. Кои се меѓународни институции за заштита на човековите права? Каква е нивната улога, посебно во македонски контекст? Како тие можат да ги подобрат човековите права? Каква е и може да биде улогата на НВО?
Фацилитатор / Модератор Суад Мисини, извршен директор на Истражувачкиот центар за граѓанско општество Воведничари 1. Зоран Гавриловски, правен консултант при Истражувачкиот центар за граѓанско општество 2. Лори Галавеј, координатор за Косово при Хашкиот трибунал 3. Лилјана Цимовска, правен асистент при мисијата на ОБСЕ во Македонија
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|