|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Кампања: Еден до друг – различни, а еднакви
Иницијатива на граѓански организации за недискриминација
Денес, 9 декември 2007 година, во 2007 година Европска година за еднакви можности на сите, пред 10 декември, Меѓународен ден на човековите права, повеќе граѓански организации одржаа прес конференција на која беше промовирана заедничката иницијатива за недискриминација „Еден до друг – различни, а еднакви“, чии цели се јакнење на свеста за недискриминација и концептот на еднакви можности, донесување на општ Закон за недискриминација и формирање на независна комисија/тело за заштита на човековите права.
На прес конференцијата говореа Емина Нурединовска, МЦМС, Звонко Шаврески, Полио плус, Мухамед Точи, Месечина и Мирјана Најчевска, експерт.
Граѓанските организации информираа зошто сметаат дека на Македонија и се потребни активности за антидискирминација, што досега е направено во врска со антидискриминацијата и кои ќе бидат следните чекори.
Во иницијативата меѓудругите се вклучени: Полио плус, Центарот за човекови права и решавање на конфликти, Месечина – Гостивар, Асоцијација за демократски иницијативи – Гостивар, Меѓаши, Македонски центар за права на жените, ХОПС, МЦМС.
Во прилог е заедничкото барање Општ закон за не-дискриминација, сега.
Поаѓајќи од стремежите на граѓаните на Македонија кон мир, хармонија и и просперитет, заснован на почитување на разноличноста и еднакви можности за сите,
Во 2007 година Европска година за еднакви можности на сите, пред 10 декември, Меѓународен ден на човековите права, со почетокот на иницијатива Еден до друг, различни, а еднакви,
Ние, претставниците на граѓанските организации, бараме
ОПШТ ЗАКОН ЗА НЕ-ДИСКРИМИНАЦИЈА, СЕГА
Граѓанските организации зе здружуваат во барањата да се донесе Национална стратегија и општо законодавство за анти-дискриминација во 2008 година и да се формира независна комисија за човекови права до 2009 година.
Македонија нема општ закон за анти-дискриминација. Ова прашање не е уредено или не е јасно уредено во законите за јавните услуги како: здравствена заштита, образование, социјална сигурност и други услуги, а има и одредби спротивни на меѓународните договори. Македонија со приближувањето кон ЕУ има обврска да донесе општ закон за анти-дискриминација.
Македонија има Закон за еднаквост на жените и мажите и иницијативи како Законот за правата на лицата со хендикеп, кој е во собраниска постапка.
Македонија има законодавство (Закон за работни односи) кое забранува дискриминација при вработување и на работното место, врз основа на: расата и бојата на кожата; полот; возраста; здравствената состојба и инвалидност; религиозно, политичко и друго убедување, членување во синдикати; националното (етничко) потекло; социјалното потекло, статусот на семејството и имотната состојба, половата насоченост или заради други лични состојби. Овие одредби се усогласени со законодавството на Европската унија (ЕУ).
Македонија нема независно тело за заштита од дискриминација. Жртвите на дискриминација во јавниот сектор може да се обратат до Народниот правобранител.
Жртвите на дискриминација може да побараат судска заштита (во редовните судови), или да поднесат иницијатива до Уставниот суд (во случаите на дискриминација врз основа на пол, раса, верска, национална, социјална или политичка припадност), а исто така може да им даде поддршка и граѓанска организација.
Дражавата се обврзала (со национална програма) да донесе општо законодавство за анти-дискриминација до 2009 година. Ние бараме да се донесе Национална стратегија и општо законодавство за анти-дискриминација во 2008 година и да се формира независна комисија за човекови права до 2009 година
Погледнете го видео записот од кампањата.
Во иницијативата се вклучени: Полио плус: www.polioplus.org.mk Центарот за човекови права и решавање на конфликти: www.chrcr.org.mk Месечина – Гостивар: www.mesecina.org.mk Асоцијација за демократски иницијативи – Гостивар: www.adi-macedonia.org Меѓаши: www.childrensembassy.org.mk Македонски центар за права на жените: www.mwrc.com.mk ХОПС: www.hops.org.mk МЦМС: www.mcms.org.mk |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|