|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Еколошки прес-центар
ОБЈАВЕНИ ПРЕДЛОЗИТЕ ЗА БЕЛАТА И ЦРНАТА ЕКО ЛИСТА
Скопје, 27 февруари
Еколошкиот прес-центар традиционално по петти пат ги објави предлозите за Белата и Црната еко листа за 2002 година.
Како прв предлог на Белата е Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ од Скопје, кое максимално ја почитуваше девизата „Заедно за почисто Скопје“. За разлика од 2001 година, лани битно беше подобрена состојбата со отпадот и спроведено генерално чистење на сите простори и диви депонии. Набавени се и 1.200 нови контејнери и шест специјални возила.
Друштвото на родители за грижа за здраво поколение од Велес се втор предлог. Тие континуирано се грижат за здравјето на младото население на физички и ментален план и со финансиска поддршка на Фондот за животна средина обезбедија лекување и климатска летна рехабилитација во Охрид за девет деца. Ова Друштво иницираше средби со претседателот Борис Трајковски и со министрите за животна средина, што резултираше со климатска рехабилитација за 30 деца од Велес.
Во текот на своето четирииполгодишно постоење, Друштвото успеа да даде огромен придонес во подигнувањето на еколошката свест не само на локално, туку и на национално ниво.
Трет предлог е Граѓанската асоцијација за рекреативно движење - ГАРД, која стана синоним за рекреативните дружења, масовните спортувања и многуте културолошки активности. Во нивните активности се чувствува еколошка и хуманитарна нота. Минатата година беа реализирани триесеттина масовни манифестации, меѓу кои и пошумувањето.
Регионалниот центар за животна средина на Југоисточна Европа (РЕЦ) - Канцеларијата во Македонија е ставен како предлог поради успешната реализацијата на голем број активности во процесот на креирање на Законот за квалитет на воздухот заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Освен тоа, успешно е спроведена програмата за реконструкција на животната средина за Југоисточна Европа - РЕРЕП и финансиски беа поддржани голем број невладини организации.
Последен предлог на оваа листа е „Еко нет“, неформална група за електронска комуникација што го промовираше Интернетот како начин на брза и ефикасна комуникација меѓу еколошките НВО и заинтересираните граѓани и институции. Особено важна е онаа што се однесува на дистрибуцијата на еко вестите, кои е состојат од неделен преглед на дневните весници до 310 корисници.
Прв предлог на Црната еко листа е одредбата за увоз на половни возила, со која во текот на 2002 година во Република Македонија беа увезени околу 22.000 возила со старост до 10 години, што Македонија ја претвори во депонија за европскиот автомобилски крш. И покрај тоа што нема сигурни податоци, повеќе од веројатно е дека старата технологија на автомобилите има значаен придонес за зголеменото аерозагадување во поголемите градови во земјава.
Негрижата за опстанокот на 800 овци во селото Моклиште, Кавадаречко, е втор предлог. Животните беа оставени без храна, а сопственикот два месеца воопшто не се појави на бачилата. На локалната ТВ од Кавадарци беа прикажани снимки на кои се гледа како 500 изнемоштени јагниња умираат од глад, како се газат меѓу себе и ја јадат сопствената волна за да преживеат. Сопственикот на трлото изјавил дека овците не биле нахранети поради тоа што храната била украдена.
Дивата депонија за комунален отпад во Кичево е една од причините поради кои овој град го заработи епитетот „еден од најзагадените простори во Македонија“. Лоцирана во непосредна близина на самиот град, поточно на едвај еден километар од центарот на градот, додека болницата и некои населби се на самиот нејзин раб. Тука секојдневно се складираат по 20-ина тони комунален отпад.
На Црната листа се најде и системот за полнење на Дојранското Езеро, кој беше пуштен во употреба без да биде комплетно завршен. Официјалното пуштање на системот Ѓавачко Поле беше пропратено со проблеми, па место планираните 1.000 литри вода во секунда, низ цевководот потече едвај една десетина од тоа. Сегашната состојба покажува дека и по шест месеци откако беше извршено предавањето на системот, тој не е во функција.
Негрижата за речните корита е последен предлог на оваа негативна листа. Локалната самоуправа покажа тотална негрижа околу чистењето на речните корита, па поради тоа во периодот на обилните дождови дојде до излевање на реките, особено во деловите што минуваат низ градовите.
Конечниот редослед на листите ќе биде објавен по гласањето што ќе трае седум дена, а граѓаните ќе можат да гласат во Еколошкиот прес центар на електронската пошта ecopress@ecopresscenter.org и во „Утрински весник“.
Г.Ш.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|