|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Електрична енергија за граѓаните кои користат социјална помош
И електричната енергија е производ кој се плаќа
Здружението на граѓани „Мектеб” од Скопје и коалицијата на граѓанските организации на општината Чаир, организираа Форум на темата „Електричната енергија и социјалните случаи”. На Форумот, кој се одржа во Детскиот театарски центар во Старата чаршија во Скопје, присуствуваа претставници на општините Чаир и Арачиново, Карл Хајнц Грасман го претставуваше ЕВН-ЕСМ, а беа присутни и претставници на Министерството за труд и социјална политика и на Институтот за социјална работа и социјална политика. Музафер Бислими, градоначалник на општината Арачиново, истакна дека електричната енергија е производ кој треба да се плати, но дека во неговата општина има голем број социјални случаи кои не можат ниту сега да ги плаќаат сметките за струја и решението на проблемот го гледа во договор меѓу Владата на РМ и ЕВН да се најде начин да им се помогне на граѓаните кои не се во состојба да ги платат сметките. Муса Зуха, претседател на Советот на општината Чаир, истакна дека на ниво на општината веќе се подмирени сите долгови кон ЕВН и дека кон граѓаните кои живеат во општината имаат едукативен приод за овој проблем, со цел да се ублажи состојбата кај семејствата кои се во тешка социјална состојба.
„Иницијативата датира од 2003 година кога Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) започна регионална студија за електроенергетскиот сектор во Југоисточна Европа”, истакна Слаѓана Икономова од Министерството за труд и социјална политика. „Студијата потврди дека енергетската сиромаштија е проблем во регионот, што значи и во РМ. Заради тоа, со финансиска помош од ЕБОР е создаден проект за социјална заштита од енергетска сиромаштија во земјава, во кој учествуваа ЕБОР, Министерството за труд и социјална политика, Организацијата на потрошувачите на РМ, акционерските друштва ЕСМ, МЕПСО и ЕЛЕМ, Регулаторната комисија за енергетика, Министерството за финансии, Топлификација и Државниот завод за статистика. Проектот е завршен во март 2007 година и во него се содржани предлозите за намалување на енергетската сиромаштија” - посочи таа.
Претставникот на ЕВН, Карл Хајнц Грасман, истакна дека иако електричната енергија е производ за чие користење се плаќа, сепак с уште е рано за либерализација на пазарот на електричната енергија во Македонија. Од друга страна, тој нагласи дека како што ЕВН чувствува социјална одговорност кон потрошувачите, исто така треба Владата на РМ да преземе економски и политички мерки за помош на социјално загрозените категории потрошувачи на електричната енергија.
Т.Д.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|