|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Активности на теолошките факултети
Посета на Факултетот за исламски науки
Во рамките на проектот Меѓурелигиска соработка во Македонија, на 22.03.2004 год. во 10 часот, група студенти, заедно со продеканот проф. д-р Јован Белчовски и управата на Богословскиот факултет, предводени од координаторот на проектот Дејан Димитријевски, ги посетија Факул-тетотза исламски науки и Средното ислам-ско училиште „Иса Бег Медреса,,. Прво го посетивме факултетот каде што наидовме на одличен пречек.
За сите нас ова беше убав момент надополнет со примеси на љубопитност кон нешто ново, желба да се запознаеме со луѓе кои имаат исти потреби и исти интереси како нас. Луѓето што не пречекаа зрачеа со позитивна енергија, која се надо-полни со доаѓањето на почи-туваниот декан г. Исмаил Бар-дхи.
На самиот почеток од средбата деканот Бардхи ја претстави историјата на Факултетот за ис-ламски науки и во отворен ди-јалог со студентите ја искажа радоста за нашата посета и мож-носта за отворена дискусија и соработка. Објаснувајќи за фа-култетот, деканот ги истакна радосните моменти, но за жал и проблемите со кои се соочуваат, а сето тоа беше пропратено со прашања од продеканот на Богословскиот факултет д-р Јован Белчовски и од нас студентите. Главнататеманадискусијата, предсе, беше науката, како и современиот начин на живеење и религијата. Домаќините најљубезно ни ги покажаа просториите на факултетот, од кои, за нас студентите, најинтересна беше библи-отеката. Во разгледувањето ни се при-дружија и студентите од Факултетот за исламски науки, кои со задоволство ни ја покажаа библиотеката и отворено диску-тиравме на многу теми. Во одлично среде-ната библиотека не изненади изборот на литература на повеќе јазици, а особено старите ракописи.
За поминатото време заедно, успеавме меѓусебно да се запознаеме, да размениме мислења околу понатамошната соработка и веќе ја испланиравме нашата идна средба.
Откако се разделивме со нашите пријатели од Факултетот за исламски науки, се упа-тивме кон Средното исламско училиште „1/1са Бег Медреса". Заклучивме дека начинот на живеење на учениците, смес-тувањето во интернат и дисциплината во многу нешта се слични со Средното бого-словско училиште. Овде, исто така се забележа потребата од взаемна кому-никација, којашто благодарејќи на проек-тот, нуди отворена можност за меѓусебна соработка во иднина. Исполнети со при-јатни чувства од средбата, се разделивме со нашите пријатели, со надеж за повторна средба, се упативме назад кон факултетот, разговарајќи за стекнатите познанства и искуства.
Подготвил: Дејан Димитријевски
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|