|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
По повод 9 Мај – Денот на Европа
Европска куќа го промовира проектот Европа во школо 2004

Преку овој проект младите не само што добиваат можност да ги покажат своите идеи и мислења во однос на европскиот сон, туку тие преку семинарите што се одржуваат низ Европа и преку системот на награди добиваат можност да се дружат со нивните врсници од цела Европа и да ги споделат своите знаења и искуства
По повод Денот на Европа - 9 Мај, ден порано, во Гимназијата „Јосип Броз-Тито”, Европска куќа Скопје го промовира проектот Европа во школо, меѓународен проект кој се занимава со спроведување на натпревари по европско знаење во средните училишта во РМ.
Европа во школо е интернационален проект на годишна основа, наменет за професорите и учениците од сите училишта и старосни групи и може лесно да биде интегриран во секојдневната практика на европското образование. Европа во школо е педагошка активност која е нашироко и официјално призната и споменувана во различни одлуки и препораки на европските институти, како и во официјалните документи објавени од национални образовни авторитети. Европа во школо е под заедничка патронажа на Советот на Европа, Европската комисија и Парламенотот, како и Европската културна фондација во Амстердам. Европскиот натпревар се одржува на постојана основа веќе педесет години и е организиран во 34 европски земји. Преку овој проект младите не само што добиваат можност да ги покажат своите идеи и мислења во однос на европскиот сон, туку тие преку семинарите што се одржуваат низ Европа и преку системот на награди добиваат можност да се дружат со нивните врсници од цела Европа и да ги споделат своите знаења и искуства.

Во промоцијата на проектот, којшто првпат се спроведува во Македонија, со излагање на тема „Обединета Европа - од идеја до реалност”, учество зеде амбасадорот Јован Теговски – советник за односи со ЕУ во Министерство за надворешни работи, како и амбасадорот на Делегација на Европска комисија во РМ, г. Донато Кијарини. За проектот „Европа во школо” и неговото имплементирање во Р. Македонија зборуваше генералниот секретар на Европска куќа Скопје, Тони Масевски.
Во рамките на промоцијата се одржа и церемонија за доделување награди на учениците од 10 средни училишта од Скопје во ликовна и литературна конкуренција на тема “Разбирање на Европа преку културата и спортот”. Наградите на победниците им беа врачени од страна на популарната пејачка Каролина Гочева.
Проектот „Европа во школо” во иднина треба да прерасне во годишен натпревар кој ќе се одржува во сите основни и средни школи во Македонија.
Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Агенцијата за млади и спорт на, Балканската фондација за деца и млади, Секторот за европска интеграција на влада на Македонија, Македонскиот комитет на Европскиот младински парламент и Сојузот на ликовните педагози на Македонија, здружени во едно тело – Македонски национален комитет на Европа во школо.
Д. Медароски
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|